Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата - Канал 5

Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата

Следува најкрупната реформа во Железницата. Градиме нови пруги, набавуваме нови локомотиви, патнички возови и создаваме функционални железнички претпријатија. Потпишан грант Договор со Светска банка за реформи во Желеницата.

Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на МЖ Транспорт со цел созадавање на функционално претпријатие.

Николоски истакна дека со изборот на оваа Влада, приоритет е МЖ Транспорт да се надградува и да се модернизира.

​“ Најпрво направивме законски измени со коишто практично го зачувавме претпријатието, имајќи предвид дека последните одлуки на претходната Влада значеа затворање на Железница Транспорт. Потоа влеговме во сериозна реформа внатре во Железница Транспорт и веќе првите резултати се гледаат. Оваа година имаме позитивни бројки во првите четири месеци. Имаме раст и во бројот на превезени патници и она што е особено значајно и што мене многу ме радува, сериозен раст на карго сообраќајот”-истакна Николоски.

​Тој додаде дека со ЕУ се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија како дел од Планот за раст на ЕУ.

“ Tокму овој проект којшто го започнуваме денеска со потпишување на овој грант од страна на Светска банка, за што сакам да се заблагодарам, е почеток на реализација на овој проект кој што ќе значи една темелна и суштинска реформа. Паралелно ќе одиме и со набавка на возови, да се обнови флотата, нешто што е особено значајно. Паралелно со една друга финансиска институција веќе потпишавме договор за набавка на електрични локомотиви, коишто многу значат во делот на развој на карго сообраќајот. Треба да се купат најмалку пет електрични локомотиви”- истана заменик претседателот Николоски.

Во однос на крупните инвестици во железницата, тој додаде дека во финална фаза е изградбата на првата линија од Градски воз, а очекува оваа година да се распише и тенедерот за изградба на втората линија од Илинден до Новата железничка станица како и третата линија од Ѓорче Петров до Новата железничка станица и истите да бидат завршени до крајот на 2027 година или првата половина на 2028 година.

​“Ако на тоа се додадат исклучително сериозните инвестиции кои што ги правиме заедно со ЈП Железница Инфраструктура, тогаш е јасна визијата на Владата дека сакаме комплетна промена на железничкиот сообраќај во државата. Првата делница од пругата, односно железничкото поврзување со Бугарија беше готова минатиот јануари и заеднички ја ставивме во функција. На втората активно се работи и се надевам дека по потпишувањето на анексот за продолжување на рокот, тоа ќе биде финалниот рок со којшто ќе се заврши втората фаза. Исто така, во постапка на избор сме на изведувач за третата фаза – имено, тендерот за надзор е веќе објавен и претквалификацијата тече, а очекуваме за многу скоро време да биде објавен и тендерот за изградба”- рече Николоски.

Тој додаде дека во рамки на Планот за раст се работи и на западното крило на Коридорот 8.

"Првично тоа би било Скопје -Јегуновце – Тетово – Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза од Кичево до Охрид, Струга и поврзување со Албанија. Ако на тоа се додаде и брзата пруга на Коридорот 10, за која што веќе ги финализираме документите, тогаш е јасно дека имаме една визија за целосна трансформација на Железницатa”- се обрати заменик пртеседателот Николоски.

​Тој се заблагодари на Светска банка за грант средствата и за континуираната подршка за Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“

Погрдни зборови го одбележаа мечот во Лос Анџелес. Дончиќ брутално го прозва дебитантот, а потоа му покажа кој е главен! Камерите снимија сè!

Видео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“

Вербалната пресметка меѓу големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ и младиот Џаксел Ландеборг го одбележа дуелот меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, а она што започна како вербална конверзација на паркетот, прерасна во вистинска војна со зборови која продолжи и по натпреварот.

Сè започна кон крајот на втората четвртина, кога Ландеборг, кој беше задолжен да го чува Дончиќ, влезе во расправија со една од најголемите ѕвезди во лигата.

Лука изнуди фаул, а потоа, според снимките и извештаите од натпреварот, му рече на својот млад ривал:

– Не можеш ти, (пи..ко) копиле едно, да ме чуеш! Потоа, Дончиќ почна да плеска со рацете, ставајќи до знаење дека провокациите воопшто не го вознемируваат. Ландеборг набргу заврши на клупата, но тоа не беше крајот на нивната пресметка.

Откако постигна кош преку противнички играч, Дончиќ се сврте кон клупата на „Вориорс“ и продолжи да го провоцира Ландеборг, повикувајќи го да се врати на теренот.

– Врати се, кучко(пи..о) Тренерот Стив Кер се обиде да ја смири ситуацијата, но тензиите не стивнаа.

Ситуацијата кулминираше кон крајот на полувремето, кога на Ландеборг му беше досудена техничка грешка поради фрлање кон словенечкиот ас. Сепак, по натпреварот, Дончиќ нагласи дека овој пат не возвратил вербално и дека сакал да избегне непотребни технички грешки.

YouTube video

– Тој многу зборуваше. Но, јас не одговорив ништо и сакам така да биде во текот на целата сезона. Не сакам да добивам технички грешки. Ова е првпат да нема обострана техничка грешка, бидејќи јас не кажав ништо – објасни Лука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат.

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП

Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра.

Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија

Се најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. 

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава.

Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари.

Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат.

До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови.

Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000.

Ова е смислена политика, ова е одлука.

И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците.

Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер