Мицкоски го поднесе предлог составот на Владата до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го поднесе предлог составот на Владата и имињата, биографиите на идните функционери во извршната власт. 

Тој очекува да биде оваа точка да биде ставена на дневен ред 22 23 јуни, колку што би требало максимално да трае. Во Собранието е Андријана Лазова.

Кои се останатите пораки?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во САД намалена продажбата на нови домови

Продажбата на нови домови во САД во мај се намалила за 11,3 отсто на месечно ниво, на 619.000 домови пресметано годишно.

Во претходниот месец, продажбата на нови домови наменети за едно семејство се зголемила за два отсто на 698.000 на годишно ниво.

Аналитичарите предвидуваа стапките на продажба на нови домови во мај да биде на ниво од 640.000 годишно.

Во меѓувреме, главните берзански индекси на Волстрит денешната сесија ја започнаа со намалување - секторот на микрочипови и акциите на гигантите се со намален раст. Инвеститорите очекуваат објава на клучната инфлациска статистика што се очекува најдоцна утре. /МИА

Леао ги одби саудиските милиони

Португалецот Рафаел Леао одбил примамлива понуда од саудиски Ал Хилал и останува на ставот да продолжи во Милан, пишува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Дваесет и пет-годишниот фудбалер минатата сезона со миланскиот гигант постигна 15 гола и 14 асистенции на 47 натпревари.

Во последните недели, зголемен интерес за Леао беше забележан од неколку клубови во Саудиска Арабија, кои се подготвени да платат околу 100 милиони евра за неговиот потпис и му нудат плата од 20 милиони евра по сезона.

Сепак, Португалецот не планира да го напушти Милан ова лето.

Италијанскиот клуб би се разделил со Рафаел Леао само по активирање на неговата ослободителна клаузула, која е во вредност од 175 милиони евра.

Белгија, Словачка и Романија се пласираа во осминафиналето на ЕП 2024

Словачка и Романија ремизираа 1:1 во последниот дуел од групата Е на Евро 2024, а со тој резултат и двете репрезентации се квалификуваа во осминафиналето.

Во првото полувреме, двете селекции разменија по еден гол преку Дуда и Марин од белата точка.

По паузата, екипите решија да не си ги комплицираат животите и да го задржат паритетот со кој одат напред.

Куриозитет во овој случај е што сите четири селекции во групата завршија со по 4 бода, но голем губитник на крајот е Украина поради најлошата гол-разлика.

Во другиот натпревар од групата, Белгија и Украина одиграа без голови./МИА

притисни ентер