Мет Дејмон бегајќи од обожаватели наишол на жената на својот живот! - Канал 5

Мет Дејмон бегајќи од обожаватели наишол на жената на својот живот!

Иако жените ширум светот сè уште воздивнуваат по него, тој ѝ е верен на една - неговата сопруга Лусијана Баросо, која во неговиот живот влегла многу интересно.

Мет Дејмон бегајќи од обожаватели наишол на жената на својот живот!

Иако филмската кариера ја започна во далечната 1988 година, американскиот актер Мет Дејмон се прослави со улогата во филмот „Добриот Вил Хант“, каде глумеше со Робин Вилијам, а сценариото за таа продукција го напиша заедно со неговиот добар пријател и колега, актерот Бен Афлек. Денес Мет е актер, сценарист и продуцент, со завидна кариера и го слави својот 52-ри роденден.

Откако ѝ стана интересен на јавноста, почна да постигнува и други успеси, „заработи“ голем број номинации и награди, а во 2007 година магазинот „Пипл“ го прогласи за најзгоден маж на светот.

Иако жените ширум светот сè уште воздивнуваат по него, тој ѝ е верен на една - неговата сопруга Лусијана Баросо, која во неговиот живот влегла многу интересно.

Една вечер, откако Мет пристигнал во Мајами за да снима филм, излегол со екипата на пијалак. Иако не сакал да излезе со пријателите, тие успеале да го наговорат и тоа се покажало како една од неговите најдобри одлуки во животот бидејќи во таа кафеана ја запознал Лусијана. Тогаш судбината вмешала прсти за тие да се запознаат, но првата средба не поминала најдобро.

Лусијана му го привлекла вниманието на Дејмон, меѓутоа неговите обожаватели биле настојчиви, па го пресретнувале на секој чекор да се фотографираат со него и да му земат автограм. Бидејќи целата ситуација му била напорна, во еден момент решил да се скрие кај неа, таа била келнерка во истиот локал. Сакал на мир да ја испие пијачката со неа. Кога ѝ кажал дека ја видел претходно и дека сака да поразговараат, Мет очекувал тоа да ја импресионира. Наместо тоа, таа одлучила истата вечер да го вработи за да ѝ заработи пари додека луѓето доаѓаат да го видат.

Неговата сопруга уште во 2018 година за австралиското издание на магазинот „Вог“ изјави дека тој веќе се обучувал за шанкер за еден филм, па се снашол во таа улога. Таа вечер била многу забавна и тие останале заедно.

Нивните патишта биле различни. Додека Дејмон бил на врвот на својата слава, неговата сегашна сопруга била самохрана мајка на четиригодишна ќерка и таа ѝ била приоритет. Кога во една прилика актерот ја поканил да излезат заедно со неговите другари, таа одбила велејќи дека има дете и не излегува навечер. Иако мислела дека тој тоа ќе го прими негативно, ваквата реакција изостанала и актерот ја поддржал нејзината одлука.

На врвот на својата слава, Дејмон излегуваше со Мини Драјвер и Винона Рајдер кои исто така беа од филмскиот свет, но Лусијана за него била како девојка од соседството и не можел да одолее на нејзиниот шарм. Тие двајца денес се во среќен брак и имаат три ќерки - Изабела, Џиа Завала и Стела, а во 2019 година ги обновија брачните завети.

Семејството на двајцата им е приоритет, а Мет Дејмон во една прилика тоа и го покажа така што ја одби работата заради родителството.

Парот е заедно 17 години и секој ден изгледа сè посреќно.

-Со жена ми сè е полесно и има поголема смисла – изјави актерот во една прилика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно.

Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра.

Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка.

Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции.

Правда мора да има.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Една година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот.

„Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките.

СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања.

Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци.

Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка.

Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра.

Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја.

Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

Владата на СДСМ прифати се што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција, истакна во интервју за Радио Лидер, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. 

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

“ Во 2022 година СДСМ сѐ прифатија на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании — на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеа затоа што видоа дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче.” – истакна Николоски.

Суштинската разлика како што потенцира Николоски е тоа што, СДСМ ги продавала националните интереси и затоа граѓаните ги казниле на изборите.

“ Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетонирана на горе-долу оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем” – истакна Николоски во интервјуто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер