Ковачевски и Мицкоски дебатираа во „Дуел за Македонија“ на Канал 5

Претседателите на СДСМ, Димитар Ковачевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги спротиставуваат ставовите во првата ТВ дебата „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Ковачевски и Мицкоски дебатираа во „Дуел за Македонија“ на Канал 5

Дуелот меѓу Ковачевски и Мицкоски го води одговорниот уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски.

На прашањето за претседателски кандидат, Ковачевски рече дека Пендаровски е вистински избор за Македонија, човек кој во неговата претседателска кариера не направил стратешка грешка и кој имаше удел при влезот на Македонија во НАТО.

Наспроти тоа Мицкоски рече дека Пендаровски не може да биде веќе претседател на државата, зашто не покажал ништо значајно за време на неговиот мандат и дека ртазликата ќе се види откако на тоа место ќе дојде Гордана Силјановска- Давкова.

Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, КОвачевски и Мицкоски говореа на пет актуелни теми и неколку подтеми и имаа ограничено време за одговори на прашањата и за реплики.

Според евиденцијата на Канал 5, во вечерашното соочување Ковачевски говорел 1 час 12 минути и 52 секунци, додека Мицкоски говорел 1 час 12 минути и 42 секунди.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија:

Јован Јанев ја напушта Левица: Врз гробовите на нашите блиски градите кариери

Истакнатиот член на Левица, Јован Јанев објави дека ја напушта партијата, откако во јавноста се појави видео во кое сопартијците, заедно со српски обучувач, дискутираат како да ја искористат трагедијата во Кочани за организирање пленуми и активности. 

Јован Јанев ја напушта Левица:  Врз гробовите на нашите блиски градите кариери

Јанев го изрази својот револт кон односот на партијата и остро ги осуди обидите за политичка експлоатација на трагедијата.

„Драги мои, оваа недела беше најтешка за сите нас, особено за нас од истокот. Сакав да ги испочитувам деновите на жалост и овие работи да ги коментирам подоцна.

Официјално, сакам со вас да споделам дека ЈА НАПУШТАМ ЛЕВИЦА.

Знаете дека политички веке не сум активен повеќе од пола година, иако има многу интерни причини, ова ги надмина сите граници.

“Мораме да ја искористиме ситуацијата максимално”

“Најтешко е да си УМС” и така натаму…

Драги “левичари”, пред да почнете да правите планови како да ме “бришете од земјата” - како што би рекол еден од поглаварите, сакам да ви кажам дека доаѓам од Штип - истокот.

Имам дома сестра, таа изгуби свој близок, изгуби сакан, секој ден плакаме по него.

Имам другар кој се бори за живот, со кој од деца растевме и имаме милиони спомени.

Имам сокласници и другари од Кочани (Кој од УМС, СДММ, Црвена итд) закопаа роднини и другари.

Иста ни е болката.

А Што разбирате вие?

Нашиот левичарски дух треба да е соживот со народот, наместо тоа вие користете прилики како да добиете публицитет, седејки во вашите удобни столчиња во Скопје и не знам каде друго, немате грам чувство за тоа како НИЕ овде патиме и се чувствуваме. Играте пинг понг со изјави и обвинувања, се имате освен емпатија.

“Максимализирате” СМРТ НА ДЕЦА!?

Немате “гајле”, немате поврзаност со нас ниту сакате да имате. Врз гробовите на нашите блиски градите кариери.. не ви го дозволувам тоа. Многу лесно зборите кога нема некој “ваш” таму.

И знам дека сега вашите “другари” ќе ме наречат “клиентелист”, “опортунист”, “џган”, но цела нација и партија знае кој сум, што сум и што се имам направено. Знаат за притворите кои сум ги лежел, протестите кои сум ги водел и говорите кои сум ги држел - жртвата која ја давав за сите.

Да, се сум што ќе кажете, се сум што ќе посакате НО за разлика од добар дел од вас сум ЧОВЕК.

Во ваша комунистичка мода, знаете како вели Сталин:

“Еден мртов е трагедија, милион се статистика”

Па така, моите браќа и сестри кои загинаа излезе дека за вас се обична статистика која ќе се рекалкулира и ќе се реконвертира во гласови.

После ова, линчувајте ме како сакате, не ме интересира, не ме интересираат ставовите на вашите “колеги” за мене, се грижам како само ближните да си ги смирам.

“Ако чувствуваш болка - жив си, Ако чувствуваш туѓа болка - човек си” штета голем дел од вас веќе не сте луѓе - голем дел од вас станавте пУлитиканти.

Се гледаме во “рингот” кога ќе дојде време.

Во Левица, има толку квалитетни кадри, луѓе кои до смрт ги сакам, морално, сакам да се тргнам од таму. Оваа објава не ги карактеризира сите членови таму.

Народе мој, чувајте се и сакајте се, сега мора да сме силни, а другите.. ќе дојде суден ден - за сите!

Другари, нашата идеологија за која се боревме таму не беше ваква…

П.с Големите партии не сакам да го користат статусов за препукување и да ја правиме ситуацијата полоша. Одамна ни ја дадовте мизеријата.“, објави Јанев на ФБ.

Во Кочани загинаа 59 луѓе во пожар во дискотека. Македонија поради трагедијата прогласи седумдневна жалост.

Мигранти под закана со оружје биле држани во подрум во Студеничани

Вистинска драма се случи попладнево во скопско Студеничани. Мигранти биле држани во подрумски простории во Студеничани од страна на криминална група со закани со оружје, дознава Нетпресс од свои извори.

Мигранти под закана со оружје биле држани во подрум во Студеничани

Мигрантите преку електронска порака на eмаjл побарале помош од ОЈО, бидејќи биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.

Полицијата веднаш реагирала и испратила екипи од ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар од ОСПО. Направен е преглед на двата посочени објекти и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти, а се приведени седум македонски државјани кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.

Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Бебе проголтало магнети, ја спасиле по тешка операција- мајката почна кампања во Британија

Едногодишната Араи Ватли за малку ќе умрела откако проголтала шест магнетни топчиња со кои си играла нејзината сестра Ајла (9).

Бебе проголтало магнети, ја спасиле по тешка операција- мајката почна кампања во Британија

Детето во семејниот автомобил пронашло метални топчиња и ги ставило во уста, без воопшто да знае за тоа нејзината мајка Хана (29), пренесува Метро.

„Срцето ми е скршено“

Неколку дена подоцна Хана се загрижила кога Араи почнала да повраќа, па ја однела во општата болница Нортхемптон во Англија. Детето во меѓувреме почнало да се гуши и итно ѝ била укажана помош.

Лекарите откриле метални топчиња, поврзани во стомакот и немало друг избор освен да организираат операција.

"Бев апсолутно преплашена. Следното утро ја однесоа во болницата во Лестер и беше оперирана. ѝ извадија шест магнети од стомакот. Срцето ми е скршено и се чувствувам виновна бидејќи не знаев што се случи", рекла мајката.

Мајката води кампања

Лекарите рекоа дека Араи имала среќа, бидејќи магнетите ѝ ги блокирале цревата и биле принудени да ѝ отстранат дел од мочниот меур и цревата за време на седумчасовна хируршка интервенција.

„Од болката не јадеше многу, па беше наредена интравенска парентерална исхрана“, вели Хана.

Очајна мајка води кампања за забрана на продажба на метални топчиња, или магнети, кои нејзиното дете ги проголтало.

"Не сакам другите родители да поминат низ ова. Тоа е најлошиот кошмар. Овие работи треба да се забранат сега, пред детето да биде хоспитализирано. Не сфаќате каква штета можат да направат", рекла Хана.

притисни ентер