Клуни за семејниот живот: Жена ми би ме убила, ако го направам тоа - Канал 5

Клуни за семејниот живот: Жена ми би ме убила, ако го направам тоа

Планетарно популарната актерска sвезда, Џорџ Клуни, за новото издание на W Magazine открил што прави кога е дома со децата поради пандемијата на коронавирус, пишува Си-Ен-Ен.

Клуни за семејниот живот: Жена ми би ме убила, ако го направам тоа

Тој на шега вели дека за време на заклучувањето станал мајстор за разни занаети.

"Ќе ви кажам нешто за моето ново хоби. Јас пуштам две, три машини за перење на ден и ги мијам садовите цел ден, бидејќи нашите деца се вистински мали прасиња", рече тој со насмевка.

"И, треба да ги капете децата од време на време .... Дури и му ја ишишав косата на мојот син, но се покажа многу лошо. Сепак, неговата коса брзо ќе порасне. Мислам, и самиот се ишишав. Но, не не се осмелувам да и ја ишишам косата на ќерка ми затоа што добив предупредување: „жена ми ми рече дека ќе ме убие ако ја допрам убавата долга коса на ќерка ми“, рече омилениот холивудски актер, кој има тригодишни близнаци, Ела и Александар со неговата сопруга Амал.

Тој исто така откри неколку совети поврзани со консумирање алкохолни пијалоци.

"Тетка ми Розмари ми рече одамна дека никогаш да не мешам житарици и грозје. Така текила и вино никогаш не одат заедно. Исто така, не треба да пиете водка со шампањ. Ние од Кентаки го учиме ова многу рано", рече актерот.

Минатата година, Клуни го сними филмот „Небото на полноќ“ за глобалната апокалипса.

"Кога ни се случи ковид-19, овој филм за глобалната апокалипса стана актуелен на сосема нов начин. Првично беше приказна за жалење за пропуштеното и потрага по откуп, но со почетокот на пандемијата филмот може да се толкува поинаку, како „нашата неспособност да бидеме дома и да ги гушкаме луѓето што ги сакаме“, рече тој за филмот кој го режирал и глумел во него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест против туристите на шпански остров: Се претворивме во реклама за пиво (ВИДЕО)

Улиците на градот Палма на шпанскиот остров Мајорка вчера повторно беа место на протести против прекумерниот туризам.

Протест против туристите на шпански остров: Се претворивме во реклама за пиво (ВИДЕО)

Улиците на градот Палма на шпанскиот остров Мајорка вчера повторно беа место на протести против прекумерниот туризам, каде што граѓаните и еколошките организации побараа од властите да преземат мерки за намалување на бројот на туристи и подобрување на квалитетот на живот на жителите.

„Не ни требаат повеќе студии, предлози и приказни. Властите имаат многу моќни алатки за решавање на овој сериозен проблем“, рече Тонина Сикиер, потпретседател на еколошката група GOB, во обраќање до медиумите од островот во Средоземното Море.

„Повеќе не можеме да толерираме прекумерен туризам“, рече таа. На Мајорка, остров со околу 970.000 жители, во првите шест месеци од оваа година беа регистрирани речиси 1,87 милиони туристички пристигнувања.

Протестот започна на Плаза де Еспања, а учесниците потоа се распоредија во групи од 20 до 30 луѓе по пешачките улици во центарот на Палма. На некои места се собраа и седеа на улицата.

„Луѓето се бесни“

Сикиер рече дека четирите протести одржани ова лето на Мајорка покажуваат „гнев на луѓето поради многу сериозен проблем“.

Пред еден месец, илјадници луѓе протестираа во главниот град на Балеарските Острови барајќи намалување на бројот на туристи на островот, за кој демонстрантите тврдат дека „веќе не е место за туристи“. Во тоа време, полицијата процени дека околу 25.000 луѓе учествувале во протестот, додека организаторите зборуваа за 70.000 учесници.

Учесниците на протестот во саботата пополнија леток со наслов „Каква Мајорка сакаме?“, во кој ги напишаа своите предлози. Организаторите имаат намера да ги предадат на претседателката на регионалната влада на Балеарските Острови, Марга Проенс, кога таа ќе ги прими претставниците на здруженијата, кои побараа средба.

„Мајорка се претвори во реклама за пиво“

Карлес, еден од учесниците, се пожали дека повеќе не може нормално да се движи низ Палма или остатокот од островот. Тој особено ги критикуваше цените, кои ги смета за „скандалозни“.

Слично размислува и Инма, која оцени дека Мајорка се претворила во „реклама за пиво“.

„Луѓето доаѓаат како ова да е дестинација за инфлуенсери и забавен парк, кога всушност ова е дом на многу луѓе“, рече таа. Демонстрантката Анџелина, жена во седумдесеттите години, пристигна на протестот со својот сопруг, носејќи транспарент со натпис „Тука има огорчени староседелци“.

„Мајорка повеќе не е Мајорка што ја знаевме порано. Сите ја проституиравме и им дозволивме да ја експлоатираат нашата земја за да можат неколку од нив претерано да се збогатат“, рече таа.

„Нашите деца повеќе немаат иднина тука“

Таа додаде дека жителите на Мајорка, како и имигрантите од други делови на Шпанија, повеќе немаат квалитет на живот каков што имале порано. „Нема прифатливо домување, нашите деца немаат иднина тука, а природните ресурси се ограничени и претерано потрошени“, рече таа.

Алберт, волонтер на здружението GOB, рече дека и покрај добрата плата и семејството со две деца, тој повеќе не оди во ресторани бидејќи цените се „превисоки“. Демонстрантите, исто така, предупредија на случаи на семејства кои се преселуваат во приколки поради неможност да платат кредити или кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 31. август до 6. септември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 31. август до 6. септември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 31. август до 6. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите.

Кариера

На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција.

Здравје и совет

Опуштајте се со добро друштво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач.

Кариера

Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка.

Здравје и совет

Побарајте си рекреација .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску.

Кариера

Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето и пиењето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате.

Здравје и совет

Научете некоја од техниките за релаксација.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство.

Кариера

Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно.

Здравје и совет

Батериите ќе ги полните со спорт.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите.

Здравје и совет

Одете на прошетка и добро наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро.

Кариера

Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста.

Здравје и совет

Понекогаш е подобро да се молчи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај.

Кариера

Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се.

Здравје и совет

Тактичноста и дипломатијата се вредни особини.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол.

Кариера

Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро.

Здравје и совет

Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате.

Кариера

Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални.

Здравје и совет

Опуштајте се со убава музика.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања.

Кариера

Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување.

Здравје и совет

Кој има уметнички идеи , нека се изрази.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро.

Кариера

Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може.

Здравје и совет

Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдена е Бугарката, која исчезна при искачување кон „Титов Врв“

Вчера (29.08.2026) во 20:22 часот во СВР Тетово, преку бројот 112, било пријавено дека Н.С.(37) од Република Бугарија исчезнала при искачување кон „Титов Врв“.

Пронајдена е Бугарката, која исчезна при искачување кон „Титов Врв“

По добиената пријава, веднаш биле преземени мерки и активности за нејзино пронаоѓање. Во потрагата биле вклучени полициски службеници од СВР Тетово, Полициското одделение Попова Шапка, припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Националниот парк „Шар Планина“.

Денеска, околу 15:00 часот, во близина на месноста „Горна Лешница“ и бачилата „1-ви Мај“, Н.С. била пронајдена од граѓани, во добра здравствена состојба.

По пронаоѓањето, со теренско возило била пренесена од месноста „Горна Лешница“ до Попова Шапка, од каде со возило на Итната медицинска помош ќе биде транспортирана во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер