Ќе се отвори ли истрага по сомнежите за шпионажа во претседателскиот кабинет? - Канал 5

Ќе се отвори ли истрага по сомнежите за шпионажа во претседателскиот кабинет?

Ќе се отвори ли истрага по сомнежите за шпионажа во претседателскиот кабинет?
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива.

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете.

Подарок-пакетчињата содржат практични училишни материјали и внимателно одбрани производи, како симболичен гест на грижа и внимание за децата на нивниот прв училиштен ден. Акцијата започнува денеска, 31 август и ќе трае до крајот на септември 2026 година, односно до распределување на однапред утврдените количини на подарок-пакетчиња.

„Првиот училиштен ден е еден од најважните моменти во детството и спомен што останува за цел живот. Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме овој прв ден да биде позитивно и незаборавно искуство. Особено сме задоволни што акцијата, која минатата година наиде на одличен прием, повторно ги обединува нашите партнери околу една заедничка и значајна цел: создавање радосни моменти за најмладите членови на заедницата и нивните семејства“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

Акцијата се реализира со поддршка од дистибутерската компанија НЕЛТ и партнерските маркети: Веро, Рамстор и Шпар, кои се приклучуваат кон иницијативата и овозможуваат подарок-пакетчињата да бидат достапни на повеќе локации низ земјата.

„Тргнувањето во прво одделение е голем и возбудлив чекор не само за секое дете, туку и за целото семејство. Со оваа акција сакаме да им подариме внимание, охрабрување и мал знак на поддршка на првачињата во моментот кога го започнуваат своето образовно патување. За нас е особено важно што, заедно со нашите партнери, и оваа година ја продолжуваме иницијативата и создаваме вредност за заедницата преку грижа за најмладите генерации“, изјави Јована Вазиќ, менаџерка за корпоративни работи и одржливост на Бамби.

Родителите и старателите чии деца годинава тргнуваат во прво одделение ќе можат бесплатно да подигнат подарок-пакетче на означените места во вклучените продажни објекти. За да се обезбеди еднаков пристап, на сите вклучени локации ќе важат исти правила, со можност за подигнување едно подарок-пакетче за секое дете кое годинава тргнува во прво одделение. Исполнувањето на овој услов ќе се потврдува исклучиво со краток увид во соодветен документ со кој се потврдува возраста на детето, без копирање или задржување на документот и без евидентирање какви било лични податоци на детето.

Целосната листа на вклучени продажни места, периодот на акцијата, расположливоста на пакетчињата и правилата за нивно подигнување ќе бидат јавно и навремено објавени на следниот линк.

Со продолжувањето на оваа акција, Пивара Скопје и Бамби ја потврдуваат својата посветеност кон општествено одговорното работење, партнерството со локалните заедници и поддршката на иницијативи што создаваат позитивни искуства за децата и нивните семејства, соопштуваат од компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот под Пелистер е под контрола, активни девет пожари

Пожарот под Пелистер е ставен под целосна контрола по жестоката битка со огнот во текот на ноќта, соопшти првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пожарот под Пелистер е под контрола, активни девет пожари

Новото опасно жариште е кај селото Градец во општина Врапчиште, каде што гори борова шума. Според информациите на ЦУК, од 23 пожари на отворено регистрирани вчера, девет жариште се сè уште се активни. Гори кај Ресен, во околината на село Подмочани, каде гори борова шума и ниска вегетација; кај Сарај – меѓу селата Копаница и Радуша; во Зелениково – над село Палиград, гори мешана шума; активен пожар има во Чашка – над село Нежилово, на местото Сватови, во Боговиње – кај село Урвич,.. Во Ново Село – меѓу селата Барбарево и Стиник, зафатени се ниска вегетација и мешана шума; гори стрниште во струшко Долна Белица, како и ниска вегетација во село Ловен, Кривогаштани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во Кочани

Бугарија го интензивира притисокот за случајот со Ива Михаилова. 

Софија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во Кочани

Најмалку шест бугарски пратеници дојдоа да го следат денешното рочиште во кочанскиот суд , каде продолжи судењето против Михаилова, која има двојно државјанство - македонско и бугарско. Пред рочиштето, роднините на Ива во Кочани одржаа симболичен протест пред зградата на судот, а паралено во Софија пред македонската амбасада протестираа десетици поддржувачи предводени од Виктор Стојанов од бугарската „Фондација Македонија“, кому му е забранет влез во Македонија.

Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Овој случај ја крена на нозе официјална Софија со реакции дека таа е дискриминарана, откако судот во Кочани и го одби барањето да и бидат вратени лични документи одземени со мерките на претпазливост за да може да се лекува во Бугарија, поради опасност од бегство, но и поради проценка дека за такво лечење има услови во Македонија. Според адвокатот Јанаки Митровски, во конкретниот случај се гледа намера да се политизира случајот од бугарска страна. Михаилова, вели тој, во овој момент е невина, а нејзината презумпција на невиност треба да се почитува до крај, но тоа не значи дека против нејзе не треба да се применуваат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи поседувањето на два пасоша според него ја прави ризична за бегство.

-Во конкретиот случај се гледа јасна интенција на бугарската политика и особено на дел од помалите т.н екстремистички партии да го политизираат случајот односно лажно да претставуваат дека Ива Михајлова е некаква жртва, односно дека за нејзе важат посебни процесни правила од оние кои што важат за сите останати кои се нашле пред судовите во Македонија. Ако истата ја напушти државата во Бугарија, Бугарија и Македонија не екстрадираат свои граѓани и процесот против нејзе нема да продолжи. Ништо не ја спречува бугарската држава или пратениците кои се дојдени, нивните партии, да предложат да речеме гаранција од милион евра којшто е гаранција дека нема да се даде во бегство, но тие тоа намерно не го чинат, затоа што премногу не им е гајле за Ива Михаилова колку што им е гајле да ја користат како алатка за пропаганда, изјави Митровски.

Бугарското МНР и бугарскиот државен врв - претседателката Јотова и премиерот Радев во повеќе наврати го експонираа овој случај како доказ за наводна дискриминација од македонските институции на лицата со бугарски идентитет. Според поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев во овој случај не постои никаква дискриминација и се креира вештачки конфликт.

– Нема никаква дискриминација на нејзините човекови права, затоа што таа има двојно државјанство, таа е македонски државјанин, како таква функционарала во Македонија а сега само се прави конструкција да на некој начин вештачки се произведе некој конфликт којшто не постои, затоа што таа треба да си одговара пред макеоднските закони како македонски државјанин. Ова е негативна манифестација од проблемите кои можат да произлезат од двојното државјанство, изјави Ѓорчев.

Сепак, тој смета дека случајот Михаилова не може значително да ги влоши односите меѓу Скопје и Софија, бидејќи Македонија според него веќе има искуство со случајот со Спаска Митрова и Пендиков, кои имаа двојни државјанства, а беа повод на констинуирани обвинувања од Софија за дискриминација и пристрасност од македенските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер