МакедонијаВишото обвинителство го „оживеа“ случајот „Мазут“: ОЈО ГОКК задолжено да ја продолжи истрагатаПовторно се отвора истрагата за набавките на мазутот во ТЕЦ Неготино.Повторно се отвора истрагата за набавките на мазутот во ТЕЦ Неготино во кој беа осомничени 13 лица меѓу се Ратко Капушевски еден од споствениците на компанијата РКМ, сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој се уште е во бегство. Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски во целост го уважил приговорот на државната ЕСМ со што „падна“ претходното решение на обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО ГОКК, која тврдеше дека државата немала штета и ја запре постапката. Вишиот обвинител оценил дека во истрагата имало слабости, пред сè во вештачењата врз кои била темелена одлуката за запирање на истрагата. -Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице. Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност.- Вишо јавно обвинителство Скопје Предметот повторно се враќа кај обвинителката Катерина Коларевиќ која сега ќе треба постапи по насоките на вишиот јавен обвининетл. Предметот евентуално би бил прераспрелден кај друг обвинител, само доколку во меѓувреме за неа биде поведена постапка за нестручно и несовесно работење. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев оценува дека со одлуката, Вишото обвинителство прави правен преседан и се става во улога на судска инстанца. Според него, барањето пропусти во вештачњето е спорно, бидејќи истото е направено од истиот орган - јавното обвинитлество Мене ми изгледа ова дека е практично политички инспирирана одлука. Во дадената ситуација практично нема можност за ревизија на обвинителската одлука што беше донесена. – Гордан Калајџиев – Универзитетски професор Во мај годинава, ОЈО ГОКК ја запре истрагата, бидејќи како што кажаа немало докази дека е направена штета од 167 милиони евра, како што беше пријавата на МВР. Коларевиќ на брифинг со новинарите тогаш рече дека набавките биле спроведувани за време на прогласена енергетска криза и не биле утврдени незаконитости на постапките. Мазутот бил испорачуван навремено и континуирано и не била утврдена штета за ЕСМ или државниот буџет, па оттаму не било потврдено основано сомнение дека осомничените ги сториле кривичните дела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter