Меси даде 4 гола и асистираше за Интер Мајами, 39- годишникот држи лекции (ВИДЕО) - Канал 5

Меси даде 4 гола и асистираше за Интер Мајами, 39- годишникот држи лекции (ВИДЕО)

Лионел Меси уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Аргентинецот одлично играше за Интер Мајами, постигнувајќи четири гола и асистенција во спектакуларната победа од 7-1 над Монтреал.

Меси даде 4 гола и асистираше за Интер Мајами, 39- годишникот држи лекции (ВИДЕО)

Тоа беше првиот „покер“ на Меси во неговата кариера во МЛС, а три од четирите гола беа постигнати во второто полувреме. Покрај четирите гола, Аргентинецот учествуваше и во голот на Луис Суарез, па практично потпиша пет од седумте гола на својот тим.

Интер поведе во 20-тата минута кога Касемиро со глава ја погоди топката, но Монтреал успеа да одговори преку Фабијан Херберс и да израмни.

А потоа дојде шоуто на Меси.

Аргентинецот постигна гол во 52-тата минута за ново водство на Интер, а потоа му асистираше на Луис Суарез во 80-тата минута за резултат од 4-1. Само три минути подоцна, Меси повторно беше стрелец, само за да стави крај на играта во шестата минута од судиското продолжение со својот четврти гол.

Александар Шо исто така постигна гол, за Интер Мајами да победи со 7-1.

За Меси, тоа беше натпревар што дојде во совршено време. Интер Мајами ја прекина серијата од пет натпревари без победа, додека 39-годишниот Аргентинец го искачи својот број на голови во МЛС на 18 оваа сезона и повторно стана најдобар стрелец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата.

Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ.

Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам.

Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат.

Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна.

Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција?

А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“.

Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва цел на масовен напад со 862 украински дрона

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.

Москва цел на масовен напад со 862 украински дрона

Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година.

Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. 

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио.

Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа.

Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер