МакедонијаСофија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во КочаниБугарија го интензивира притисокот за случајот со Ива Михаилова. Најмалку шест бугарски пратеници дојдоа да го следат денешното рочиште во кочанскиот суд , каде продолжи судењето против Михаилова, која има двојно државјанство - македонско и бугарско. -Апсолутно сме обединети. Тука прашањето не е околу политичките партии, туку прашањето е за една млада девојка, Бугарка, која тенденциозно е задржана во Кочани, изјави Борисла Георгиев, пратеник од партијата на Радев. -Нашето присуство тука е за една многу важна причина. Да и го гарантираме правото на една млада жена на адекватна здравствена заштита и Македонија треба да и ја обезбеди, кажа Георг Георгиев, пратеник од ГЕРБ и екс министер. Паралено во Софија пред македонската амбасада протестираа десетици поддржувачи предводени од Виктор Стојанов од бугарската „Фондација Македонија“, кому му е забранет влез во Македонија. Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Овој случај ја крена на нозе официјална Софија со реакции дека таа е дискриминарана, откако судот во Кочани и го одби барањето да и бидат вратени лични документи одземени со мерките на претпазливост за да може да се лекува во Бугарија, поради опасност од бегство, но и поради проценка дека за такво лечење има услови во Македонија. Според адвокатот Јанаки Митровски, во конкретниот случај се гледа намера да се политизира случајот од бугарска страна. Михаилова, вели тој, во овој момент е невина, а нејзината презумпција на невиност треба да се почитува до крај, но тоа не значи дека против нејзе не треба да се применуваат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи поседувањето на два пасоша според него ја прави ризична за бегство. -Во конкретиот случај се гледа јасна интенција на бугарската политика и особено на дел од помалите т.н екстремистички партии да го политизираат случајот односно лажно да претставуваат дека Ива Михајлова е некаква жртва, односно дека за нејзе важат посебни процесни правила од оние кои што важат за сите останати кои се нашле пред судовите во Македонија. Ако истата ја напушти државата во Бугарија, Бугарија и Македонија не екстрадираат свои граѓани и процесот против нејзе нема да продолжи. Ништо не ја спречува бугарската држава или пратениците кои се дојдени, нивните партии, да предложат да речеме гаранција од милион евра којшто е гаранција дека нема да се даде во бегство, но тие тоа намерно не го чинат, затоа што премногу не им е гајле за Ива Михаилова колку што им е гајле да ја користат како алатка за пропаганда, изјави Митровски. Бугарското МНР и бугарскиот државен врв - претседателката Јотова и премиерот Радев во повеќе наврати го експонираа овој случај како доказ за наводна дискриминација од македонските институции на лицата со бугарски идентитет. Според поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев во овој случај не постои никаква дискриминација и се креира вештачки конфликт. -Нема никаква дискриминација на нејзините човекови права, затоа што таа има двојно државјанство, таа е македонски државјанин, како таква функционарала во Македонија а сега само се прави конструкција да на некој начин вештачки се произведе некој конфликт којшто не постои, затоа што таа треба да си одговара пред макеоднските закони како македонски државјанин. Ова е негативна манифестација од проблемите кои можат да произлезат од двојното државјанство.“, изјави Ѓорчев. Сепак, тој смета дека случајот Михаилова не може значително да ги влоши односите меѓу Скопје и Софија, бидејќи Македонија според него веќе има искуство со случајот со Спаска Митрова и Пендиков, кои имаа двојни државјанства, а беа повод на констинуирани обвинувања од Софија за дискриминација и пристрасност од македенските институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00