ЛДП: Владата мора итно да го разреши Китановиќ - со коленичење ли пред премиерот ќе ја задржи функцијата во Агенцијата? - Канал 5

ЛДП: Владата мора итно да го разреши Китановиќ - со коленичење ли пред премиерот ќе ја задржи функцијата во Агенцијата?

Прашањето до премиерот и раководството на државата е повеќе од јасно: треба ли да чекаме нова грешка, нови скандали и уште поголеми тензии во општеството за конечно некој да понесе вистинска одговорност? 

ЛДП: Владата мора итно да го разреши Китановиќ - со коленичење ли пред премиерот ќе ја задржи функцијата во Агенцијата?

Три дена му беа потребни на Далибор Китановиќ за конечно да објави неискрено полуизвинување во кое ги измеша сопственото семејство, целиот народ и својата партија, обидувајќи се невешто да го скрие фактот дека ги прекрши законите на оваа држава кои мора да важат за сите поддеднакво.

Тоа што директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците се обидува да се испере преку ставови и семејни трауми — кои немаат апсолутно никаква врска со неговата улога како државен функционер — е само уште еден крунски доказ за неговата тотална некадарност и неспособност за оваа позиција. Во сериозна и правна држава, по тешка грешка која директно се коси со Кривичниот законик, работата не завршува со детски и патетични изговори од типот: „Извини премиере, јас те сакам најмногу на свет, немој да ми се лутиш, еве објавив извинување, само задржи ме на функција“. Ваквиот недоличен пристап не смее да помине ниту како урнек за граѓаните, затоа што тоа е опасно како пример и затоа нуту важи ниту смее да важи за обичните граѓани кои веднаш се соочуваат со силата на законот. Не смее да има привилегирани функционери под заштита на премиерот.

Прашањето до премиерот и раководството на државата е повеќе од јасно: треба ли да чекаме нова грешка, нови скандали и уште поголеми тензии во општеството за конечно некој да понесе вистинска одговорност? Што стана со најавите пред некоја година за одлучно водење на Владата? Што стана со новиот стил на раководство? Зарем да се задоволиме дека добивме полоша усовршена верзија од таа која беше критикувана?

Во овој момент веќе не се бара доброволна оставка, туку се бара решителност од Владата и итно разрешување на директорот кој самиот си ја призна грешката. Македонија има способни, одговорни и професионални кадри кои можат одлично да ја извршуваат оваа функција и да негуваат вистинска хармонија меѓу заедниците, наместо да предизвикуваат противзаконска хистерија и поделби меѓу граѓаните. Законот мора да важи без исклучок, а Китановиќ мора да биде разрешен веднаш.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер