ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаПревозниците одржаа протест пред седиштето на делегацијата на ЕУ во СкопјеРеволитрани се бидејќи велат не можат да си ја извршуваат својата работа и сметаат дека ако не се најде итно решение на проблемот и нивната работа се ограничи тогаш државата ќе се соочи со недостиг од основни произовди.На пат сме за работа не на одмор, ни ги бројат деновивте како да сме туристи а предолго чекаме на границите – со овие пораки македонските транспортери револитрани на ЕЕС системот за влез и излез во ЕУ, со кој државјани на трети земји можат да престојуваат во земјите од Шенген зоната најмногу 90 во кој било период од 180 дена, излегоа на преупредувачки протест пред делагацијата на ЕУ во земјава. Револитрани се бидејќи велат не можат да си ја извршуваат својата работа и сметаат дека ако не се најде итно решение на проблемот и нивната работа се ограничи тогаш државата ќе се соочи со недостиг од основни произовди.... „Имаме ние колега наш 4 часа го задржаа во затвор притвор, како и да се вика тоа, баш како криминалец, човекот оди таму да носи роба за автоиндустирја никаков проблем нема друг освен што има прекорачено денови....“- Димитар Стојановски – возач „Ако не сме ние ни увоз ни извоз ќе има храна ќе снема облека ќе снема. Лекови ќе снема, нафта. “-Оливер Митиќ – возач Протестот почна точно во 12 часот а на улицата пред Делегацијата на ЕУ во Скопје превозниците паркираа дел од своите камиони. „Точно два часа македонските транспортери ја блокираа една од клучните раскрсници во центарот на скопје онаа пред делгацијата на еу во земјава. Бараат итно решение на проблемот со огрнаичениот престој на траснспортерите во Шенген зоната.“ Доколку не се најде решение на проблемот најавија нови протести и блокади но овој пат на грнаичните премиени. „Ќе ги блокираме границите пак, и овој пат ќе се потрудиме да одиме до крај додека не се најде конечно решение, не како минатиот пат со ветување и немаше ништо конкретно. “-Сенат Идризи – сопстевеник на траспортна компанија Протестот се одржува на ден пред утрешнито ссотанок на работната група во Брисел на кој треба да се разгвоара токму з аова прашање. Од асоцијацата на Макам Транс и денеска ги поздравија напорите на македоснките власти за билатералните разговори кои се прават, не не се оптимисти дека тие ќе го решат проблемот во целост. Од асоцијацијата се надеваат дека Унијата ќе има разбирање за нивниот проблем за кој во изминативе 7 месеци, како што посочија ЕУ не покажала добра волја за надминување на проблемот иако во визната стратегија возачите се признаени како професионалци кои вршат дејност. „Се надеваме дека овој пат ќе имаат сенс ќе размислат убаво бидејќи еден возач да го чуваш во кафез односно затовр 3-4-5 саати за да му провериш дали има надминато време е благо речено дискриманица и повреда на сите права. “-Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС Од ресорното министерство и денеска преку соопштение велат имаат целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и дека активно се работи на склучување на билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, бидејќи според транспорт, тоа е најсоодветно решение, Македонија самостојно да го реши проблемот на транспортерите. „Потенцираме дека такви договори веќе се склучија со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со Владите на Австрија, на Германија и во месец септември се очекува да се оддржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во месец октомври и со Словенија се со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање на долгорочни визи за македонските транспортери.- Министерство за транспорт Двочасовни протести во иститот период денеска има и во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Претставниците на професиланите возачи точно во 13 часот до делегациите на ЕУ во своите земји ги врачија своите барања – клучното е наместо денови престојот да има се бори во часови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter