Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ХороскопДневен хороскоп за 31. август 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 31. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Покажавте што чувствувате , а сега прифатете ја реакцијата од другата страна. Не с еплашете , на крајот искреноста носи добро. Кариера Ќе имате мали финансиски трошоци , на кои не сте сметале. Сето тоа ќе мора да го запишете во книгите на компанијата. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема долго да чекате додека личност од вашата работна средина не ви ја открие својата наклонетост. Денеска ќе има можност за тоа. Кариера Малку повеќе труд вложете во својата работа , па нема да изостанат резултатите. Соработувајте со другите колеги. Здравје и совет Не може вечно да се живее на стара слава. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И партнерот и вие ќе бидете во емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете поотворени кон саканата личност. Кариера Тешко ќе се договарате околу работата , зашто едноставно нема да ви се работи .Обидете се барем да го одработуите минимумот. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е дека ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето љубовно минато. Кариера Ќе има мали несогласувања меѓу колегите , а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи. Здравје и совет Ќе сонувате исклучителен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена , а шансите намалени. Од таму се фрустрациите. Кариера Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место. Здравје и совет Пазете се од вирози. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ве изненади повик за излегување со поголема група луѓе. Не се двоумете , прифатете и ќе ви биде убаво. Кариера На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги. Здравје и совет Опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска ќе добиете покана од пријатели за мала забава. Кариера На работа ќе ги средувате заостанатите помали работи, а шансата што ја добивте се развива како што треба. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку денеска излезете , можно е да сретнете личност , која ќе ве зашемети. Затоа излезете. Кариера Младите киолеги ќе ви се воодушевуваат на професијата што ја работите , но вие ќе тереба да се покажете како одговорен работник. Здравје и совет Подобрување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска ќе му се предадете на вашиот свет на мечтаење , а ќе заборавите на реалноста. Некои дури и ќе измислат личност што не постои. Кариера Целиот ваш труд ќе може демнеска дас е собере во еден збор : плеткање. Одберете си ги приоритетите , направете подобар план и тогаш делувајте според него. Здравје и совет Приберете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И денеска е добар ден за излегување , па сепак поверојатно е дека среќата ќе ја побарате во мирната атмосфера на топлиот дом. Кариера Ќе добиете креативни нагони и ќе се обидерте да ги вклопите во она што го работите . Идеите ќе бидат интересни. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Рак 22.6-22.7. Љубов Одличен ден за излегување , забави и дружби. Без оглед на работната недела , одете меѓу луѓе. Ќе ви биде убаво. Кариера Веќе е полесно и работите се кристализираат. Успеавте да ги надминете и последните пречки и да продолжите понатаму. Здравје и совет Уживајте во спортот. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно во текот на денот се повеќе ќе ве преплавува плима од емоции , која веќе нам да можете да ја скриете пред другата страна. Кариера Некои ваши можности би можеле да испливаат на површина , иако и самите нема да знаете како да ги презентирате. Ќе ви дојде самото од себе. Здравје и совет Не е проблем ако се расплачете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДевет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?Девет жени се пронајдени мртви во близина на Јоханесбург. Постои страв од сериски убиец.За помалку од два месеца, во областа Екурхулени, источно од Јоханесбург во Јужна Африка, пронајдени се телата на девет жени. Полицијата истражува дали некои од случаите се поврзани, додека во јужноафриканските медиуми се засилуваат шпекулациите за можен сериски убиец. Полицијата досега ниту го потврди, ниту го демантираше ова. Последната жртва била пронајдена во четвртокот во Дон Парк. Се претпоставува дека таа имала околу 30 години. Телото било откриено на отворен простор покрај патот; локалните медиуми известуваат дека жената била делумно облечена и имала смртоносна повреда на вратот. Полицијата формирала мултидисциплинарен тим за истражување на смртните случаи на жените. Вршителот на должноста комесар на полицијата во Гаутенг, Фред Кекана, изјави дека истражителите откриле можни поврзаности меѓу некои од случаите, но дека се потребни дополнителни форензички и криминалистички наоди пред да се донесат какви било заклучоци. Веќе е уапсен маж во врска со едно од убиствата; полицијата проверува дали тој може да се поврзе и со другите случаи, а истовремено истражува и друго лице. Пет од деветте жртви сè уште не се идентификувани. Страв меѓу жителите Меѓу идентификуваните жртви е 38-годишната Динео Мотапане, чие тело беше пронајдено покрај патот во КваТема. Нејзиното семејство ја идентификуваше откако претходно пријави нејзино исчезнување во полицијата. Серијата смртни случаи предизвика страв кај жителите на Екурхулени и поттикна протести против насилството врз жените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран Дојран продолжува да го открива своето богато археолошко наследство.Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј - Струмица", археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам. Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа. - Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. - се вели во објавата на НУ „Завод и музеј - Струмица". Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие. Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање. Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме. -Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0. 🤯 Andros Townsend has been involved in an unfortunate accident while warming up for PT Prachup before their Thai Premier League game vs. Pattani. He didn't get badly injured but was on the bench and played just 1 minute in their 3-0 win. https://t.co/K9Ty9VAxRd — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) September 19, 2026 По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook