Хиларија и Алек Болдвин го објавија полот на своето седмо дете (ВИДЕО) - Канал 5

Хиларија и Алек Болдвин го објавија полот на своето седмо дете (ВИДЕО)

Актерот и неговата сопруга наскоро повторно ќе станат родители. Хиларија и Алек Болдвин објавија на Инстаграм дека чекаат уште едно девојче.

Хиларија и Алек Болдвин го објавија полот на своето седмо дете (ВИДЕО)

„Отсекогаш ми беше забавно и значајно да го дознаам полот на бебето, но како што растам и учам, сакам да го правам тоа поинаку. Што ќе го направи нашето бебе сакана личност? Што е важно? Што ќе ја направи да се чувствува видно, слободно и гордо“, напишала Хиларија.

"Можеби ништо не би можеле да дефинираме. Можеме само да ја водиме, да го охрабриме нејзиниот дух, да слушаме, да ги споделуваме нејзините искуства и да учиме од неа. Можеме да ѝ пружиме подобар живот, но на нашето бебе е да го открие своето, уникатно јас". додаде таа.

YouTube video

Болдвин на почетокот на април објави дека има две причини зошто не планира јавно да го открие полот на детето што го очекува.

„Го изгубив моето четиримесечно бебе во 2019 година. Мислам на неа секој ден и разбирам дека мајчинството има свои светли и темни страни. Но, ќе почекам да ја поминам точката каде што ја изгубив ќерка ми“, објасни таа тогаш , а како втора причина ја наведе родовата неутралност.

Семејството се соочило со два абортуси во 2019 година. Едниот се случил во април, а другиот во ноември, во 16-тиот месец од бременоста. Хиларија и Алек веќе ги имаат осумгодишната Кармен, шестгодишниот Рафаел, петгодишниот Леонардо, тригодишниот Ромео и едногодишните Едуардо и Марија Лусија, кои ги добија преку сурогат мајка. . Алек е исто така татко на ќерката од Ирска, Болдвин (26), со својата поранешна сопруга Ким Бесинџер.

„Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно и затоа ова нѐ направи уште посреќни. Нашето ново бебе е светла точка во нашите животи. Благослов и подароци во такви несигурни времиња“, рече Хиларија кога ја најави новата бременост кон крајот на март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!

Не постои посилен аргумент од уште едно скандалозно бегство преку граница, како ова на Ива Михајлова, дека за иднината на Македонија времето е 12:05!                           

Реакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!

Во последните 35 години од независноста до денес, на државните институции меѓу другите од правдата им “избегаа”, Драган Даравелски, Никола Груевски, Горан Грујовски, и Никола Бошковски од АНБ, Васко Ковачевски ЕСМ, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ обвинети за Монструм. Артан Груби и Прпарим Бајрами и се смееја на правдата покажувајќи дека можат да бегаат и да се враќаат кога сакаат. За сите овие скандалозни случаи никој не презема никаква институционална одговорност.

Затоа, додека Македонија ја славеше 85 годишнината од Денот на антифашистичките востанија во Прилеп и Куманово, бугарска државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, преминувајќи ја слободно границата, го погази наследството што ни го оставија нашите предци кои ги дадоа животите борејќи се за Македонија да биде држава, а не “хотел промаја”.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени?

Доколку Владата го демантира претходното, тогаш веднаш да признае и прогласи целосна институционална неспособност и да побара помош од меѓународни стратешки партнери, додека се уште не сме го загрозиле безвизниот режим со ЕУ и не сме го вклучиле алармот на НАТО Алијансата заради неодговорно управување со државните граници.

Министрите за внатрешни, надворешни работи и правда веднаш да поднесат неотповикливи оставки.

Конечно, ја повикуваме Европската Комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи. Во спротивно, заради ваквите настани, понижувања, режирање жртви на непостоечка дискриминација врз бугарски државјани, во Македонија расте внатрешниот притисок за отворање на прашањето за преиспитување на Договорот за добрососедски односи.

Сочувствуваме и го делиме срамот со граѓаните и целокупната јавност за тоа што и се случува на Македонија.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона

Од денеска, два дена пред официјалниот почеток на грејната сезона, корисниците приклучени на системите за греење со кои управува ЕСМ, ќе добијат парно греење. Причината е најавената средна надворешна температура од 12 целзиусови степени.

Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона

- Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи , за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °c, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на регулаторната комисија. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден – информира денеска ад ЕСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?

Фон дер Лајен го поздрави: „Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија.“ Црна Гора има 21 затворено поглавје од 33 и цел да ги заврши преговорите оваа година. Албанија оди напред. 

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?

Бевме во иста група. Денес сме со Косово и Србија.

Како Вучиќ што ја изолира Србија, така и Мицкоски, следејќи го примерот на својот ментор, ја изолира Македонија. Истата логика. Две работи го движат овој процес: рускиот интерес и стравот од соочување со Лаура Ковеши.

Кандидатите мораат да соработуваат со европското обвинителство пред членството. Не после. Пред.

Тогаш нема телефонски повици од кабинетот. Нема телевизиски настапи на кои се поставува и се сменува обвинител.

Некој мора да одговара за пљачка на државата. За европски фондови. За тендери. За пет тони преку граница. За касата што се третира како плен.

Арамијата тоа не го сака. Затоа реформите стојат. Вториот рок веќе истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас повеќе. Затоа патоказ добиваат други земји.

Затоа вели „не по секоја цена“. Затоа споредби со Исланд, Ле Пен и војни, сè освен извештајот за правосудство и реформи.

Затоа сателитите, ЗНАМ, Левица, Платформа ЗНАМ 2.0, на далечинско, за да дефокусираат.

ЕУ носи правила. Закон за сите. Независни институции. Слобода на медиуми.

Тоа касата на ВМРО-ОКГ не го поднесува. Затоа изолација. Затоа сме каде што сме, додека Црна Гора затвора поглавја и цели кон членство во 2028.

СДСМ кажа ова уште пред изборите. Денес е на хартија.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара пред независно судство и пред Европското јавно обвинителство, предводено од Лаура Ковеши.

Македонија не е депонија за туѓи интереси. Македонија е држава што заслужува европски пат, а не ходник дипломатија, не дата-центри за туѓа дигитализација и антимон за трговците со оружје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер