Шоу бизФото: Адел со совршена линија Светската музичка ѕвезда Адел уште еднаш ја покажа неверојатната фигура која ја одржува откако пред неколку години ослабе многу. Со нејзиниот партнер Рич Пол се фотографираше на забава, а за таа прилика избра црн рол фустан кој ја истакна нејзината витка фигура. Фотографијата ја објави Кевин Харт на својот Инстаграм профил. Адел, инаку својата борба со вишокот килограми ја започна во 2017 година, а во 2020 година се појавија фотографии на кои пејачката е непрепознатлива. Британската пејачка за неколку месеци успеа да изгуби повеќе од 45 килограми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчелеНад 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзелеВенко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина. Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор. И додека неспособните кадри на Филипче ДУИ и Таравари бегаат од одговорност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните во Гостивар да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Додека институциите се справуваат со актуелната состојба во Гостивар, мора да се расчисти и со минатото. ЈО да отвори случај и да ги истражи документите кои беа споделени во јавноста. Здравјето на граѓаните во Гостивар не смее да биде предмет на политички игри. Одговорност мора да има за секој што знаел а молчел. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во ЦентарОпштина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. „Првиот училишен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училишен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите најважни приоритети“, порача Герасимовски. Општина Центар континуирано инвестира во подобрување на условите во основните училишта и во мерки со кои се олеснува образовниот процес за учениците и нивните семејства. „Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна – децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование“, истакна Герасимовски. Бесплатните ранчиња ќе бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар на почетокот на новата учебна година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во ПаризШпанскиот шампион Барселона и европскиот првак Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни. ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата. Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати. Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда. Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз. Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот. Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook