Дилер е осуден на 11 години затвор во врска со смртта на познат рапер - Канал 5

Дилер е осуден на 11 години затвор во врска со смртта на познат рапер

Еден од тројцата дилери на дрога обвинети за предозирање со фентанил, кој го уби раперот Мек Милер, вчера е осуден на речиси 11 години затвор.

Дилер е осуден на 11 години затвор во врска со смртта на познат рапер

Рајан Мајкл Ривис, на 30 ноември 2021 година се изјаснил за виновен за дистрибуција на фентанил, како еден од тројцата обвинети во врска со смртта на музичарот во 2018 година. Судија во Окружниот суд на САД во Лос Анџелес вчера го осудил Ревис на 10 години и 11 месеци затвор, а обвинителите побарале од судијата Отис Рајт Втори казна од 12 години и седум месеци, пренесува The Guardian.

Ревис признал дека добил лекови против болки кои содржеле опијат фентанил од човек по име Стивен Волтер и, по наредба на Волтер, му ги оставил на неговиот сообвинет, Камерон Петит, во Лос Анџелес. Петит му продавал таблети оксикодон на Милер, кој ги проголтал два дена подоцна и починал од предозирање првенствено предизвикано од фентанил, соопштиле властите.

Федералните обвинители ги обвиниле Ревис, Волтер и Петит за дистрибуирање на фентанил и заговор за дрогирање со лекот што резултирало со смрт. Како дел од спогодбата за признавање вина, Ревис и Петит се изјасниле за виновни исклучиво за обвинението за дистрибуција на фентанил.

Волтер го чека рочиштето за изрекување на пресудата закажано за 16 мај и се согласил да отслужи 17-годишна затворска казна. Оваа недела, Петит ја изразил својата намера да оди на судење и може да се соочи со доживотен затвор доколку биде осуден за обвинение за заговор за продажба на дрога што резултира со смрт.

Мек Милер, роден како Малколм Џејмс Мекормик, имаше 26 години кога почина во својот дом во Лос Анџелес на 7 септември 2018 година од смртоносен коктел од фентанил, кокаин и алкохол и често во своите песни зборувал за неговата борба со депресијата и зависноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Сојузен судија во САД го блокираше планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на седиштето на ФБИ во деловна зграда во Вашингтон. 

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд.

Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд, беше избрана за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Минатата година, лицата назначени од Трамп се обидоа да ја поништат таа одлука. Наместо изградба на ново седиште, тие предложија пренамена на зградата „Роналд Реган“, комплекс со федерални канцеларии лоциран во близина на сегашното седиште на ФБИ. Американскиот окружен судија Теодор Д. Чуанг, назначен од претседателот Барак Обама, пресуди дека таквиот потег е незаконски.

Со својата одлука, тој ѝ забрани на администрацијата на Трамп да го премести ФБИ во зградата „Реган“, да ја реновира за потребите на агенцијата или да ги пренасочи средствата наменети за првичниот проект.

Во соопштението, ФБИ наведе дека ова не е првпат судовите да се обидуваат да ја поткопаат администрацијата со цел владата да стане поисплатлива за американските даночни обврзници. „Судот одлучи да изврши недозволива интервенција од политички причини. ФБИ е фокусирано на својата мисија и ќе продолжи да го следи најдобриот начин на дејствување за да ги задоволи потребите на органите за спроведување на законот“, се вели во соопштението.

„Време е да се престане со игрите и да се започне со изградба на најсовремено седиште на ФБИ, какво што заслужуваат нашите јавни службеници, и тоа токму таму каде што му е местото: во округот Принц Џорџ во Мериленд“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур.

Актуелното седиште на ФБИ, зградата „Џ. Едгар Хувер“ на авенијата Пенсилванија, беше отворено во 1975 година.

Околу неа се поставени заштитни мрежи бидејќи делови од фасадата отпаѓаат и претставуваат опасност за минувачите. Локацијата во Мериленд беше избрана по силна конкуренција со Вирџинија, која исто така беше во трка за новото седиште на ФБИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години

Јавното обвинителство ја прошири истрагата против седум нови лица за шверцот на пет тони марихуана во Србија, во јануари годинава.

Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години

Со нив, за случајот во Македонија осомничени се вкупно 13 лица. Тие, заедно со шестмината уапсени во Србија, и други засега непознати лица организале најмалку 5 транспорти на марихуана, соопшти Обвинителството.

Како параван било користено правното лице во скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели, а за транпортот користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба.

Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. – соопшти Обвинителството..

Од таму додаваат дека во меѓувреме, двајца од првично шестмината осомничени, склучиле спогодби со Обвинителството, кои на 10 август биле потврдени од кривичниот суд.. Едниот добил 3 ипол години затвор, а вториот три години и 8 месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер