Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис
1Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис
3Во Порта Македонија изложба посветени на историските и културни врски во периодот меѓу двете светски војни
Веб ТВБРАЗДИ - 12.04.2026 - BRAZDI - Климатски промени и градинарствоFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнисМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област. Од турска страна, домаќин на настанот ќе биде министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат, а организацијата ја спроведуваат Министерството за трговија на Република Турција и DEİK – Советот за надворешни економски односи. Форумот ќе ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи. Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе биде учесник на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима. На маргините на форумот, министерката Божиновска ќе оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат. На средбата се очекува да бидат разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, зголемување на турските инвестиции во Македонија, како и потенцијалите за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на стратешките индустрии. Бизнис форумот претставува важна платформа за поврзување на институциите и деловната заедница од двете држави и дополнителен поттик за јакнење на економските врски меѓу Македонија и Турција, како и за отворање нови можности за инвестиции и одржлив економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисРафаел Надал: „14 години го сонувам тој поен против Новак, сè уште ме боли“Во подкастот „Док Ток“, еден од најдобрите тенисери во историјата , Шпанецот Рафаел Надал зборува за својата кариера и како го гледа поразот од големиот ривал Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен во 2012 година.Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одиграа дури 60 натпревари во своите кариери, поуспешен во тој судир на гигати е Ноле за две победи. Сепак, Надал сигурно би дал многу само за триумфот во финалето на Мелбурн во 2012 година. Според многумина тоа беше најспектакуларното финале во историјата на овој спорт, кое траеше речиси шест часа и по кое Ноле и Рафа не можеа да стојат на нозе и церемонијата на доделување на пехарите ја дочекаа седнати на столици. Надал сега се потсети токму на тој неверојатен меч во подкастот „Док Ток“ и не заборава како во петтиот сет водеше со 4:2 и 30:15 на својот сервис гем, а потоа промаши лесен удар и Ѓоковиќ направи пресврт по поклон-поенот. „Минатото е минато, но јас го гледам како нешто позитивно. Имав многу подобра кариера отколку што можев да замислам. Периодите кога бев повреден беа најтешки за мене. Исто така, тука е и тој „пасинг шот“ против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн кој го сонувам, на пример. Тоа е детаљ на кој се враќам во главата и си мислам „ме боли да го гледам тоа“. Беше навистина лесен удар и практично значеше дека ќе го освојам турнирот“, рече Надал. „Сепак, таа фаза од мојот живот е завршена и тоа е добро. Имам одлични спомени, но повеќе не размислувам како тенисер. Убаво е да се видат некои фотографии во музеј или академија и да се доживее емотивно, но таа епизода е завршена за мене...“ рече Надал.Тагови: Новак Ѓоковиќ Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 годинаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста.Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица. Чекорите што ги презема Владата се насочени со посебен фокус кон младите. Оперативниот план за 2026 година има за цел да создаде долгорочни ефекти преку програми за самовработување, практикантство, обуки и мерки за зголемување на конкурентноста и вештините на работната сила. Предвидено е стимулација за вработување на млади во производни капацитети, со што околу 3.500 млади лица до 23-годишна возраст ќе добиваат младински додаток во износ од 3.000 денари. Во 2025 година за првпат беа воведени мерки што директно ги таргетираат младите, а тоа е важен чекор во справувањето со невработеноста. Резултатите од Програмата за самовработување, преку која беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти, покажуваат дека ваквиот пристап има конкретен ефект во поттикнувањето на претприемништвото. Оперативниот план за 2026 година опфаќа над 10.000 лица и предвидува буџет од речиси 40 милиони евра, при што значителен дел од средствата е насочен директно кон мерки за вработување. Фокусот на младите останува конзистентен, со предвидено вклучување на 6.000 млади лица до 29 годишна возраст. Политиките на Владата во оваа област се насочени кон создавање поактивен и поинклузивен пазар на труд, со зголемена поддршка за младите, јасна ориентација кон економска стабилност и создавање услови за нивно задржување во земјата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter