3Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
МакедонијаМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредитМицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит.Премиерот Христијан Мицкоски утринава ја посети општина Кисела Вода каде изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит - отворање на каналот и пешачката патека на Мала рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото.тој утринава одговарајќи на новинарски прашања за изборниот законик рече дека сите барања на Левица се прифатени. Би сакал да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа со овој проект ние практично го решаваме тој проблем за да повеќе не ни се случува. Во продолжение обраќањето на премиерот Мицкоски. -Би сакал да и честитам на градоначалничката, на советниците, на администрацијата коишто се од Кисела Вода, на сите коишто беа вклучени во организирањето на овој проект. Проектот како што заменик-министерката во МЖСПП веќе кажа е обезбеден со средства од страна на Владата и понатаму продолжуваме да финансираме проекти коишто се од значење за граѓаните во периодот којшто следи. Исто така сакам да се заблагодарам на Министерството за животна среда и просторно планирање, на министерот, на заменик-министерката и на сите коишто се вклучени во реализација на овие проекти, на сите колеги од Владата затоа што на овој начин практично ние реализираме или вкупно ќе бидат реализирани повеќе од 1.200 проекти, нешто што досега се нема случено во независна Македонија. Најголемиот дел од тие проекти се во фаза на реализација, дел се веќе завршени, дел ќе отпочнуваат така што она коешто го започнавме кога бевме избрани како Влада еве продолжуваме да го реализираме и ценам дека на овој начин драматично го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните. -Уште еднаш нека ни се множат вакви проекти, денеска едниот проект е близу 60.000.000 денари, следна недела како што кажа заменик-министерката нов проект од 40.000.000 денари и така натаму, и така натаму. Кога на тоа ќе се додаде и тековните проекти мислам дека со овие трансфери од централниот буџет кон општините, не само што им помагаме на општините, она што е наша цел е да им помагаме на граѓаните.“- истакна Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Хејли Бибер повторно воодушеви со својот изгледМанекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. Со најновите фотографии, Хејли Бибер покажа дека е вечна инспирација за многу девојки кога станува збор за изгледот, но и за рутините поврзани со убавината и фитнесот, кои таа секогаш со задоволство ги споделува со своите следбеници. Манекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. На новите фотографии, Хејли ја покажа својата беспрекорна фигура во бикини, но и им даде на фановите мал увид во секојдневието што стои зад нејзиниот изглед. Покрај опуштените летни фотографии, таа објави и слики од теретана, потврдувајќи дека редовното вежбање е важен дел од нејзината рутина – како што претходно се пишуваше, особено кога станува збор за вежбите што ги прави за задникот. Нејзината витка и затегната фигура повторно привлече големо внимание, а многумина во коментарите истакнаа дека таа изгледа подобро од кога било. Хејли со години негува минималистички пристап кон тренингот и исхраната и често нагласува дека најважно за неа е да се чувствува здраво, силно и задоволно во своето тело.Тагови: хејли бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФерати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбатаМинистерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма. Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на ФилипчеМали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труелеРЕАКЦИЈА НА ЈОН ФРЧКОСКИ Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците. Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење. А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење. За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДС, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат. Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДС, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот. Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook