МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
2МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
МакедонијаСДСМ: Дијаспората гласа и сега, СДСМ го спречува Мицкоски да украде 200.000 гласови!СДСМ не ја спречува дијаспората да гласа. Нашите сограѓани од дијаспората гласаат и сега. СДСМ го спречува Христијан Мицкоски, шеф на организираната криминална група, да украде околу 200.000 гласови од дијаспората. Ако нашите граѓани во земјата минуваат низ строга процедура на гласање со отпечаток од прст, проверка лични документи, потпис во избирачкиот список, зошто некој би гласал преку интернет без да се знае кој точно гласа и без никаква контрола? Како и секогаш, Мицкоски лаже. Дојде на власт со лаги, владее со лаги и сега повторно ги лаже граѓаните. Се претставува како заштитник на правото на дијаспората да гласа, а во реалноста сака да створи систем без контрола, систем кој овозможува масовна кражба на нивните гласови. Граѓаните денес гледаат се. Не се наивни. Како што вели народот: „Кој лаже, тој краде”. Некој тендери, некој гласови, а некој и едното и другото! Скопје, 02.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработенитеМинистерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување. По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи. МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАндраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на УнгаријаУнгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан. Тагови: Андраш Бака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook