МакедонијаТренчевска: Мицкоски сака изборен грабеж – нема да дозволиме 200.000 гласови да останат без контролаПо насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж.Сака шверцерскиот да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура – проверка на личен документ, потпис во избирачкиот список и идентификација со отпечаток од прст, Мицкоски сака за околу 200.000 потенцијални гласачи во дијаспората да нема исти правила и да нема никаква контрола. Без да се гарантира дека гласот е даден лично, со можности за злоупотреби од ВМРО, со притисок, со присуство на други лица и злоупотреба на идентитетот на гласачот. Да не може да се гарантира ниту дека е почитувано основното демократско право – тајното и слободно гласање. Ова го предлага ВМРО партијата која има најтешко наследство кога станува збор за изборни злоупотреби. Денес, кога поддршката на власта опаѓа, оправдано се поставува прашањето дали Мицкоски повторно се обидува изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку неконтролиран систем на електронско гласање. Дополнително, нема никаква причина ова решение да се носи набрзина. Предвидено е да почне да се применува дури од 2029 година. Имаше доволно време Владата да го повлече предлогот, да отвори вистинска јавна дебата и да обезбеди политички консензус за изборни правила што ќе имаат доверба кај сите. Но, власта го одби и тој разумен предлог. Кога Мицкоски одбива да прифати основен принцип тогаш сосема е јасно дека неговата цел е изборни манипулации и злоупотреби. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж. Со 10.000 амандмани ќе ги искористиме сите демократски и парламентарни механизми за да го спречиме овој опасен обид за поткопување на изборниот процес. Нема да дозволиме да се отвори простор за манипулација со десетици илјади гласови без соодветна контрола. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка Одговор на новинарско прашање, Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ СДСМ уште пред неколку месеци најави дека Мицкоски прави платформа за слабеење на партијата Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред неколку месеци јавно кажа дека се формира некаква платформа, која што во услови кога гласовите на ВМРО се губат, Христијан Мицкоски, формира некаква нова платформа, сè со цел да ја ослабне опозицијата. Сè она што треба да се каже, а се однесува на СДСМ од сите членови на СДСМ, треба да се каже внатре, во рамки на партијата. Секој има можност, секој има право да ги каже своите забелешки, меѓутоа во рамки на органите и телата во партијата, и впрочем и затоа и Фронтот за правда и вистина, околу кој се голем број интелектуалци, голем број граѓански организации и граѓани, кои што сè она што е забелешка го кажуваат внатре, во рамки на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook