Се сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва
2Се сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
МакедонијаЦУК: Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата.Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата. За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставуваме систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата. Системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на ЦУК, навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција. Со оваа технологија обезбедуваме: Рана детекција на чад и пожар уште во почетната фаза, пред негово проширување. Континуиран 24/7 мониторинг без прекин. Интелигентни камери со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на точната локација веднаш штом детектираат чад или пламен. Автоматско известување преку е-пошта и порака до дежурниот Оперативен центар на ЦУК веднаш по детектирањето на чад или пожар. Во наредниот период ќе биде воспоставен и звучен аларм во дежурниот Оперативен центар на ЦУК, кој ќе овозможи уште побрзо известување и реакција на надлежните служби. Благодарение на поставеноста на камерите на телекомуникациски столбови, се обезбедува голема територијална покриеност и значително намалување на трошоците за поставување на системот преку искористување на постојната инфраструктура. Подобра координација на институциите при интервенции преку визуелен увид во реално време во локацијата, правецот на ширење и интензитетот на пожарот. Намалување на штетите и поголема заштита на човечките животи, шумите, имотот и природните богатства. Интеграција со системот 112, ГИС-платформите и метеоролошките податоци за побрзо и попрецизно донесување оперативни одлуки. Ова е само почеток. Пилот-проектот ќе послужи како основа за воспоставување национален систем за рана детекција на шумски пожари, кој во иднина ќе придонесе за уште поголема безбедност, поефикасно управување со природните ризици и подобра заштита на населението и природните ресурси. Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, останува целосно посветен на модернизацијата на институцијата преку инвестиции во технологија, иновации и развој на професионалните капацитети. Неговата визија е јасна – модерен, ефикасен и подготвен систем кој навремено ќе одговори на секој предизвик, секогаш во служба на граѓаните и во заштита на природата. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: И попладне пороен дожд, стабилизација на времето од средина на следната недела Синоптичарите и за попладнево и вечерва најавуваат пороен дожд и врнежи.. Стабилизација дури следната недела.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаСе сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната.Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната, ЦУК примил во текот на вчерашниот ден примил над 1000 пријави, 900тини од нив биле само за Скопје за поплавени подруми, подвозници, паднати дрвја и останати штети од непогодата, која најсилно ги погоди Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир... Екипите на Град Скопје се на готовс и денеска, оти најави за невреме од метеоролозите пристигнаа и за вечерва. Градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски оцени дека Градот во вчерашната акција со над илјада работници од јавнините претпријатија експресно се справил со предизвикот, а кризниот штаб вели и натаму е во приправност, во случај непогодите од вчера да се повторат. Воедно вели, каде што е физички изводливо, ќе се отстранат инфраструктурните аномалии на критичните точки, но уверува и дека состојбата со запушените сливници и канали е веќе минато. -Како никогаш досега брзо се справивме со временските непогоди. За 20 до 40 минути се справивме со неприликите. Нема простор за паника, градот е буден и имаат на кого да се потпрат, дежурните телефони се целосно во функција. Обрнуваме сериозно внимание, секаде каде што можеме да интервенираме, ќе интервенираме во наредниот период, до крајот на мојот мандат, некаде е возможно, некаде е невозможно, на крајот на денот и во најразвиените метрополи, огромна количина, 75л на м2 имате врнежи таму единствено треба водата да се повлече но и ние да делуваме со службите,- - Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје. Непогодите го отежнаа и лекувањето на пациентите кои се во најтешка здравствена состојба – подземните нивоа на Клиниката за онкологија се поплавија, па водата се собирала со ќебиња и чаршави, а била прекината и терапијата за да се заштитат апаратите и да се избегне опасност од струја. Поплавениот оддел за радиотерапија сега повторно е во целосна функција, па нормализирано е и лекувањето. Подрумските простории и гаражите биле полавени и во МАНУ, а вода имало и во главниот хол и амфитеатарот. А, додека скопјани мака мачеа да стигнат каде што тргнале, оти сообраќајот беше целосно парализиран, неколку граѓани го искористија моментот да се пошегуваат, па на подвозникот на булеварот „Србија“, некои пловеа со душек, а други скокаа во водата од мостот, но денеска „базенот“ веќе го нема... Стенд ап: Вака изгледа денеска една од најкритичните точки во Скопје која беше вчера полна со вода, па поради тоа, оваа делница, до доцна во ноќта беше затворена за сообраќај од страна на полицијата.Тагови: ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во АеродромНајавени кривични пријави, во полициска станица се разговорало и со деца и со родители.Полицијата почна да го расчистува случајот со меѓуврсничко насилство што се случи пред два дена во парк во Аеродром, а беше сниман со мобилни телефони од страна на поголема група на деца, и девојчиња и момчиња. Дел од нив давајќи насоки како и кога да се мавне шлаканица, навивајќи и употребувајќи и навреди во сексуална конотација. Надлежните велат дека известен е јавен обвинител, а се преземаат дејствија и за идентификација на сите присутни и утврдување на нивната годишната возраст, за да се знае дали има и такви кои не се малолетни, или се доволно возрасни за да одговараат пред закон. Од МВР велат дека има и формална пријава за настанот од мајката на дванаесетгодишното девојче кое било понижувано, удирано со шлаканици, па и натерано да клекне на колена додека друга врсничка ја држи за косата. -31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка. Истиот ден во полициска станица е извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители- МВР. По низата на скандалозни случаи на врсничко насилство со девојчиња кои ја згрозија јавноста, правната фела алармира дека системот мора да одговори на предизвикот и во фокусот наместо детето да го стави родителот. Ставот на адвокатот Владимир Туфегџиќ е дека треба да има регистар на родители на евидентирани насилници и тие да се фотографирани исто како и лицата лишени од слобода. Туфегчиќ за Канал 5 објаснува дека дел од целосното решение може да бидат измени во законот што би вклучувале санкции за родителот ако не го почитува наложеното – на пример неколку пати неделно да биде повикуван во Центар за социјална работа. Правната фела со години алармира за недостатокот на соодветно обучен кадар во социјалните служби, особено оние во внатрешноста бидејќи се смета дека нивното постапување е клучно во случаите на насилства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter