Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
3Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
Други спортовиВидео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важиМарсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден. Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди! Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен. Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд. Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд. Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк. Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња. 9.67 FOR 100 METERS‼️ 2020 Olympic champion Lamont Marcell Jacobs 🇮🇹 FLEW to a 9.67s (+4.1 m/s wind) for 100 meters the Raiffeisen Austrian Open. 🌬️ That’s No. 2 all-time under all conditions. pic.twitter.com/xAEWytC3Q5 — CITIUS MAG (@CitiusMag) July 1, 2026 Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.Тагови: атлетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во БангкокМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици. Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување. Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек. Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи. На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка. Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции. Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчилиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерацијаСо ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација. Уште во 2023 година во Општина Карпош почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден на националната пливачка федерација на македонија. Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сосВо вторник (06.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Зоран Рудан-Цеки.Состојки за денешниот рецепт: 5 зелени пиперки 2 црвени пиперки 3 домати 3 чешниња лук 80 гр. фета сирење 2 млади кромитчиња масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook