3Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
МакедонијаПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во СкопјеВо моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода. Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСирија го добива првиот парламент по падот на АсадПрвиот парламент на Сирија во ерата по Асад беше формиран, откако привремениот лидер Ахмад ал-Шара назначи 70 пратеници, со што вкупниот број на членови достигна 210.Првиот парламент во ерата по поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад беше формиран денес со објавување на список од 70 пратеници избрани од привремениот лидер Ахмад ал-Шара. Шефот на изборната комисија на Сирија, Мохамед Таха ал-Ахмад, им изјави на новинарите дека новиот парламент од 210 членови ќе ја одржи својата прва седница во понеделник, објави „NBC News“. Потоа пратениците ќе положат заклетва и ќе биде избран парламентарниот Претседателски совет. Списокот од 70 пратеници избрани од ал-Шара вклучува 15 жени, со што вкупниот број на жени членки во парламентот достигна 22. Сириските власти ја одржаа првата фаза од парламентарните избори во октомври, освен во јужната покраина Свеида, која е контролирана од вооружени бунтовници Друзи кои се спротивставуваат на централната влада. Гласањето исто така не беше одржано во североисточниот дел од Сирија контролиран од Курдите во тоа време. Изборите во североисточна Сирија се одржаа во мај откако владините сили ја презедоа контролата врз областа за време на конфликтот претходно оваа година. Сè уште не е одреден датум за гласањето во Свеида, но двајца претставници од регионот се меѓу имињата што ги објави Ал-Шара денес. Парламентот ќе има 30-месечен мандат и ќе работи на нов изборен закон, додека ќе го подготвува теренот за гласање на следните избори. Сирија е без парламент откако бунтовничката офанзива во декември 2024 година, предводена од сега веќе непостоечката група Хајат Тахрир ал-Шам, го заврши владеењето на династијата Асад. Извор: Б92Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и нетабилноВремето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: нетабилно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПобарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткупОсновното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит. На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.Тагови: поткуп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook