Билборд падна на две возила, блокирани патишта, сообраќајот се пренасочува од Хиподром

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата.

Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.

Рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, до ЦУК пристигнати 70 пријави од невремето во Скопје.

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи пристигнале околу 70 пријави преку единствениот телефонски број 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.

Од ЦУК исто така информираат и дека дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Оттаму известуваат дека немаат информации за повредени лица.

Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција

Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција, соопштија локалните власти.

Невремето предизвика поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и паднати дрвја.

Во Франција, три лица загинаа кога паднало дрво врз нивниот автомобил од силината на ветерот во департманот Од, во североисточна Франција. Едно лице е повредено.

Во Швајцарија обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во југоисточниот дел на земјата. Четворица се жртви на катастрофата.

Започна евакуацијата на туристите од кампот во Моњо и од фудбалскиот турнир во Печа.

Неколку котлини во близина на долината Маџа не се пристапни и нема струја. Дел од кантонот Тичино е без вода за пиење.

Евакуации има и во областа Рона во кантонот Вале.

Лошото време зафати и делови од северна Италија и Германија.

Зеленски го повика Западот да достави повеќе системи за воздушна одбрана на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш го повика Западот да и достави на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана во период на тековното руско бомбардирање на украинските населби, јави ДПА.

Само во последната недела Русија фрлила 800 бомби за планирање над Украина, изјави Зеленски денеска во Киев. Тој објави видео со големи уништувања и пожари во регионите Херсон, Дњепропетровск, Одеса и Запорожје.

„На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Ни треба силна поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски.

Тој додаде дека на Украина и се потребни средства за соборување на руските бомбардери./МИА

Нетанјаху: Нема замена за победата над Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека израелските сили дејствуваат во Рафа на југот и на северот на Појасот Газа, насекаде, како што рече, и дека нема замена за победа над Хамас.

Тој на почетокот на редовната седница на неговата Влада изјави дека „секојдневно се убиваат десетици терористи“.

„Тоа е тешка борба и се води над земја, понекогаш лице в лице, а исто така и под земја“, рече израелскиот лидер.

„Ние сме посветени на борбата додека не ги постигнеме сите наши цели, елиминирање на Хамас, враќање на сите наши заложници и да обезбедиме Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел, а нашите граѓани безбедно да се вратат во своите домови на север и на југ“, додаде Нетанјаху.

Тој повтори дека нема замена за победата. „Нашите борци не паднаа залудно. Нема да ја прекинеме војната додека не ги постигнеме тие цели“, рече премиерот на Израел и најави дека во текот на денот ќе ја процени ситуацијата со Јужната команда на израелската армија и внимателно ќе го следи напредокот на борбите и плановите за постигнување на целите на војната.

Во однос на ослободувањето на заложниците, тој истакна дека нема промена во ставот на Израел за предлогот за ослободување што го поздрави американскиот претседател Џо Бајден.

„Денес, сите ја знаат едноставната вистина, Хамас е единствената пречка за ослободување на нашите заложници“, рече Нетанјаху и најави дека преку комбинација на дипломатски и воен притисок, особено воен, ќе бидат вратени сите 120 заложници. /МИА

притисни ентер