УЕФА ја образложи одлуката на штета на елиминираната Данска

Фудбалерите и стручниот штаб на данската репрезентација со крената глава го издржаа испаѓањето од европското фудбалско првенство, иако Германија поведе со гол од пенал, за чија оправданост на големо се зборува.

Многу гледачи не го видоа недозволеното играње со рака на Јоаким Андерсен ниту на забавената ТВ снимка, како што предвидуваат правилата во вакви ситуации во казнениот простор.

Самиот дански фудбалер тврди дека не е виновен за пеналот, бидејќи топката од непосредна близина го удрила во прстите, т.е. во позиција во која не можел да го извади тој дел од тупаницата, додека судиите од ВАР собата мислеа поинаку.

-За време на натпреварот помеѓу Германија и Данска, технологијата која се наоѓа во официјалната ЕВРО топка покажа дека данскиот дефанзивец Јоаким Андерсен ја допрел топката со рака во казнениот простор. Во тој момент сензорот во топката прецизно го забележа контактот на раката на играчот со површината на топката, велат од УЕФА.

Судијата при проверката на ситуацијата на теренот покажува дека моментот на контакт помеѓу топката и раката траел точно 500-ти дел од секунда, се додава во објаснувањето на Европската фудбалска федерација.

Главниот судија на натпреварот Мајкл Оливер првично не досуди најстрога казна, но по интервенцијата на колегите надвор од теренот им даде втора шанса на Германците, а Каи Хаверц го претвори водството на домаќинот на турнирот во 53. минута.

На тој начин ја одведе својата репрезентација до четвртфиналето, каде ги чека Шпанија или Грузија, додека Данска заврши со настап на најголемото континентално натпреварување. /МИА

264 милиони долари собраа во предизборниот штаб на Бајден во второто тримесечие

Двеста шеесет и четири милиони долари собрале предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците во вториот квартал, соопшти кампањата на Бајден.

Тие прецизираа дека 127 од 264 милиони биле собрани минатиот месец и дека е поставен рекорд за донации од обични граѓани на денот на дебатата меѓу Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Изборниот штаб тврди дека имаат и 240 милиони долари во готовина.

Штабот на Бајден имаше тешки телефонски разговори во неделата и вчера со клучните донатори кои се прашуваа дали Бајден треба да остане претседателски кандидат на Демократската партија по неговиот слаб настап во дебатата. Во вториот квартал, 95 отсто од донациите биле под 200 долари, што според предизборниот штаб означува - широка поддршка за Бајден меѓу обичните Американци.

Трамп ќе инсистира на отфрлање и на кривичниот предмет околу аферата со Сторми Даниелс

Адвокатите на Трамп рекоа, имено, дека пресудата во врска со скандалот околу тајните исплаќања на актерката Сторми Даниелс треба да биде отфрлена бидејќи поротата за време на судењето видела докази за кои веруваат дека требало да бидат заштитени.

По важната одлука на Врховниот суд на САД дека имал претседателски имунитет и не може кривично да се гони за дејствија преземени во 2020 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп сега ќе се обиде да поништи уште еден кривичен случај, тврдат добро упатени извори.

Адвокатите на Трамп рекоа, имено, дека пресудата во врска со скандалот околу тајните исплаќања на актерката Сторми Даниелс треба да биде отфрлена бидејќи поротата за време на судењето видела докази за кои веруваат дека требало да бидат заштитени со претседателски имунитет. Ова се наведува во писмото на адвокатот до судијата Хуан Меркан, до кое изворите имале увид, пренесува Ej-Би-Си Њуз.

Одбраната побара дополнително време да го изнесе својот аргумент, што би можело да го одложи изрекувањето на пресудата на Трамп, кое во моментов е закажано за 11 јули.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен и претставник на правниот тим на Трамп одбија да ги коментираат овие наводи.

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева).

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.

Се очекуваа оваа помош да му овозможи на претпријатието да обезбеди долгорочна одржливост, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз конкурентноста.

„Бугарските пошти“ лани во мај добија кредит од државата во износ од приближно 26,5 милиони евра, по што во декември Бугарија ја извести Европската комисијата дека на претпријатието ќе му биде потребна дополнителна помош за реструктуирање.

Планот за реструктуирање опфаќа пакет мерки за рационализација на активностите на „Бугарските пошти“, оптимизирање на нејзината мрежа и намалување на трошоците. Паралелно, се превидува претпријатието да воведе дополнителни услуги, како телемедицина (обезбедување и поддршка на здравствената заштита со помош на ИКТ) и административни услуги преку неговата мрежа за потребите на други јавни субјекти.

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за конкурентност Маргрете Вестагер, оваа помош ќе им овозможи на бугарските граѓани пристап до подобри универзални поштенски услуги.

- По нашата проценка, заклучивме дека планот за реструктуирање на „Бугарските пошти“ ќе обезбеди одржливост на претпријатието на подолг рок, истакна Вестагер.

Според неа, за да се ограничат можните нарушувања на конкурентноста предизвика од државната поддршка, „Бугарските пошти“ се обврзани да обезбедат пристап до својата мрежа на други оператори кои се активни во универзалните и неуниверзалните поштенски услуги.

притисни ентер