Зеленски го повика Западот да достави повеќе системи за воздушна одбрана на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш го повика Западот да и достави на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана во период на тековното руско бомбардирање на украинските населби, јави ДПА.

Само во последната недела Русија фрлила 800 бомби за планирање над Украина, изјави Зеленски денеска во Киев. Тој објави видео со големи уништувања и пожари во регионите Херсон, Дњепропетровск, Одеса и Запорожје.

„На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Ни треба силна поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски.

Тој додаде дека на Украина и се потребни средства за соборување на руските бомбардери./МИА

За шест месеци во Амазонската прашума регистрирани рекордни 13.489 пожари

 Во првите шест месеци од годинава во Амазонската прашума во Бразил регистрирани се 13.489 пожари, покажуваат сателитските податоци.

Тоа е зголемување од 61 процент во споредба со истиот период минатата година и е најлоша бројка во изминатите 20 години.

Бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) од 1998 година ги следи пожарите во Амазон. Најголем број пожари од јануари до јуни е забележан во 2003 година, кога се регистрирани 17.143 и во 2004 година, кога имало 17.340 пожари.

Според податоците на ИНПЕ, во периодот од 1 јануари до 21 јуни годинава површината изложена на уништување на шумите е намалена за 42 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Бројот на пожари достигна рекордно ниво и во два други екосистеми јужно од Амазон: мочуриштето Пантанал и саваната Серадо, која најмногу се наоѓа во Бразил.

Во Пантанал, дом на милиони кајмани, папагали, џиновски видри и најголема концентрација на јагуари, во првите шест месеци од годинава забележани се 3.538 пожари што е зголемување за повеќе од 2.000 отсто во споредба со лани. Вкупниот број на пожари е за 40 проценти поголем од 2020 година, што е рекордна година за шумски пожари во тој регион. Само во јуни се регистрирани 2.639 пожари, што е шестпати поголема бројка досега.

Ситуацијата е загрижувачка затоа што врвот на сезоната на шумски пожари вообичаено е во втората половина од годината, особено во септември.

Сојузната држава Мато Гросо, каде се наоѓа најголемиот дел од Пантанал, прогласи вонредна состојба минатата недела, а властите најавија дека ќе пристигнат пожарникари од други региони за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Серадо, заедно со африканската и австралиската савана, е една од трите големи савани на Земјата, се соочи со 13.229 пожари од јануари до јуни, речиси колку и Амазонската прашума.

Серадо покрива област со големина на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија заедно. /МИА

Ужас во Индија: Најмалку 107 загинати во човечко стампедо на верски собир (ВИДЕО)

Во стампедо на верски собир во малиот град Катрас, во најнаселената индиска држава Утар Прадеш, загинаа над 107 лица, додека над 150 се повредени, меѓу кои голем број жени и деца, јавуваат индиските медиуми.

Во Катрас редовно се одржува религиозен настан посветен на хинду богот Шива.

Стампедото се случило кога завршувал овогодинешниот верски собир, пренесува India Today.

„Досега во болницата Етах се примени 107 безживотни тела. Повредените се уште не се донесени во болница. Истрагата е во тек, како и идентификацијата на жртвите“, изјави локален функционер.

Тој изрази загриженост дека е можно билансот на жртвите да не е конечен.

Јоги Адинат, претседател на Советот на министри во Утар Прадеш, им нареди на службите за итни случаи да ја забрзаат испораката на помош.

Тајните на добрата мајка и успешното родителство

Терапевтката oд САД и мајка на пет деца, Кетрин Аграновиќ за порталот „Јортанго“ (YourTango) открива четири својства на успешната жена-мајка.

Мајчинството може да биде напорно, но е и прекрасно искуство. Секоја насмевка, се вели, или прегратка на детето - ги чини вредни сите предизвици. Сепак, не секојпат жената е подготвена за овие предизвици што ја чекаат на патешествието наречено родителство. Терапевтката oд САД и мајка на пет деца, Кетрин Аграновиќ за порталот „Јортанго“ (YourTango) открива четири својства на успешната жена-мајка.

Личен пример за растот и развојот на личноста

- Жената која постојано вложува во својот развој - е добра мајка. Само учењето води до тоа динамиката на нејзиното домаќинство да се развива во мирен, хармоничен тек. Овој мир и смиреност влеваат чувство на сигурност кај нејзините деца, појасни Аграновиќ.

Ги задоволува своите потреби со „себична“ несебичност

Добрата мајка и успешен родител, според стручњакот, оди на ручек со пријателките, се занимава со своите интелектуални, креативни и рекреативни занимливости и ужива во своето хоби.

- На крајот на краиштата, таа е човек, па и нејзините потреби се важни. Таа се гледа себеси како рамноправен член на кругот на луѓето за кои се грижи, вели терапевтката за психичко здравје.

Искрена и ги признава своите грешки

Аграновиќ истакнува дека добрата мајка секогаш презема одговорност за своите постапки и грешки. Горделивоста, надменоста и суетата секогаш ги усложнуваат односите.

- Кога ќе им се развика на децата, се извинува. Кога ќе заборави на нивната училишна претстава, таа повторно искрено се извинува и им го кажува тоа, признавајќи ги своите грешки. Тоа укажува на потребната храброст за отворени разговори со децата, заклучува терапевтката.

Свесна за своите слабости

Аграновиќ вели дека добрата мајка ги знае своите слабости, но пред сѐ - ги сака своите деца. И постојано бара промени коишто би можеле да им го подобрат животот на децата. /МИА

притисни ентер