Нетанјаху: Нема замена за победата над Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека израелските сили дејствуваат во Рафа на југот и на северот на Појасот Газа, насекаде, како што рече, и дека нема замена за победа над Хамас.

Тој на почетокот на редовната седница на неговата Влада изјави дека „секојдневно се убиваат десетици терористи“.

„Тоа е тешка борба и се води над земја, понекогаш лице в лице, а исто така и под земја“, рече израелскиот лидер.

„Ние сме посветени на борбата додека не ги постигнеме сите наши цели, елиминирање на Хамас, враќање на сите наши заложници и да обезбедиме Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел, а нашите граѓани безбедно да се вратат во своите домови на север и на југ“, додаде Нетанјаху.

Тој повтори дека нема замена за победата. „Нашите борци не паднаа залудно. Нема да ја прекинеме војната додека не ги постигнеме тие цели“, рече премиерот на Израел и најави дека во текот на денот ќе ја процени ситуацијата со Јужната команда на израелската армија и внимателно ќе го следи напредокот на борбите и плановите за постигнување на целите на војната.

Во однос на ослободувањето на заложниците, тој истакна дека нема промена во ставот на Израел за предлогот за ослободување што го поздрави американскиот претседател Џо Бајден.

„Денес, сите ја знаат едноставната вистина, Хамас е единствената пречка за ослободување на нашите заложници“, рече Нетанјаху и најави дека преку комбинација на дипломатски и воен притисок, особено воен, ќе бидат вратени сите 120 заложници. /МИА

Градежниот сектор бара законски измени за јавните набавки, законот за градба ...

Потребни се измени на законот за јавни набаки, законот за градба и укинување на недела неработен ден во делот на градежниот сектор ова се дел од барањата кои компаниите ќе ги испратат до надлежните по денешната средба во Стопанската комора.

Се жалат градежништвото стагнира, компаниите се оставени сами на себе, а кадарот постојано си заминува. Работата според здружението за граджништво им ја земаат странските инвеститори, велат државата со години е свесна за проблемите со кои се соочува секторот но за домашните компании не се прави ништо.

„Интервенција во законот за градба, предлагаме итни измени на постојниот закон со оглед дека новиот текст на законот не ги задоволува барањата на градежниците и по нас треба да биде отфрлен. Треба да се оди со брзи промени во законот за градба се со цел техничко административните бариери кои ги имаат при реализација на проектитие да бидат тргнати, во однос на законот за работни односи бараме бариерите како недела не работен ден и многу бројните празници да бидат сведени на минимум. И бараме интервенција во законот за јавни набавки, “-изјави Андреа Серафимовски - Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите.

Нивните анализи покажале дека за десет години - учеството на градежништовото во бруто домашниот производ од 7,1% се свело на само 5 %, бројки што според комората говорат за лошата состојба во која се наоѓа секторот. Како позитивна ја оценија највата на Валдата за поддршка на проекти изработени од општините, каде велат, очекуваат ќе им се даде предност на одмашните фирми.

„Градежните фирми се оставени сами на себе, сами да си ги креираат капациетите, сами да си ги подигнуваат потенцијалите, гледајќи како други компнаии ни ја градат државата, ни го одлеваат кадарот, но и ни оставаат еден куп не решени проблеми на наше тло и ги користат административните пропусти и лошите политики,“ -изјави Андреа Серафимовски - Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите.

Минатата недела Државниот завод за ревизија го обајви извештајот за реализацијата на капиталните инвестиции, каде предмет на ревизијата биле 24 проекти вредни речиси 4 милијарди евра, а од овие проекти досега е завршен само еден.

Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Македонски планинари го вратија знамето на врвот Голем Кораб кое беше отстрането а на негово место беше ставено албанско. 

На видеото кое го објавија на социјалните мрежи се гледа како го поставуваат македонското знаме и пишуваат – Македонија секогаш имала храбри синови!

Знамето на Македонија беше отстрането а потоа заменето со знаме на Албанија пред три дена од страна извесен Изет Шулку од Пешкопеја кој себеси се нарекува Дебарски Тарзан објавувајќи видео снимка на социјалните мрежи пишувајќи под објавата – Кораб и припаѓа на Албанија и за македонското знаме нема место таму. Министерството за внатрешни работи вчера единствено информираше дека утврдиле оти се работи за лице кое не е македонски државјанин и најави дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Денеска повеќе детали не се откриваат околу случајот ниту што конкретно ќе биде преземено. Целиот чин предизвика лавина реакции во јавност. Стојанче Ангелов од Достоинство отстранувањето на македонското знаме го смета за дивјаштво.

-Сосема во ред е да ги има и двете знаиња, и знамето на Македонија и знамето на Албанија бидејќи двете држави овде граничат. Според мене вандализам и дивјаштво е тргањето на македонското знаме бидејќи знамето никому не треба да смета, ниту македонското ниту албанското. Овој врв е заеднични, граничната линија минува низ него. Јас ги повикувам сите планинари планинските врвови да ги користат за планинарење а не за политички или меѓуетнички пресметки,- изјави – Стојанче Ангелов – Достоинство .

Реагираше и ЛДП која изрази длабока разочараност од инцидентот на врвот Голем Кораб и чинот го нарече неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето.

Сличен настан имаше и пред неколку години кога косовски државјанин постави албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид. Тој доби парична казна и петгодишна забрана за влез во Македонија. Казните се предвидени во Кривичниот законик во делата против честа и угледот на Р. Македонија.

Министрите Јаневска и Андоновски на средба со Британски совет за развој на дигитални вештини

Министрите Јаневска и Андоновски на средба со Британски совет за развој на дигитални вештини кај учениците.

Британскиот совет ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, особено во делот на обезбедување квалитетна едукација на учениците за стекнување дигитални вештини и развој на дигиталната писменост.

Како што информира Министерството за образование и наука, ова било потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, и Олга Бороданкова од Делегацијата на Европската Унија, на која биле презентирани и резултатите од досегашното спроведување на програмата „Училишта на 21 век“ со финансиска поддршка од Британската влада.

-Двете страни се согласуваат дека младите мора да бидат подготвени за добро управување со новите дигитални технологии, да размислуваат креативно и критички, а токму програмата „Училишта на 21 век“ дава значаен придонес кон постигнувањето на оваа цел. Јаневска и Андоновски соопштија дека политиките на новата Влада се усогласени со Дигиталниот акциски план на ЕУ, а меѓу клучните приоритети во следниот период ќе биде подобрување на дигиталните вештини кај младите. Во таа насока, Министерството за образование и наука ќе се заложи за надградување на наставните програми со содржини кои ја поттикнуваат дигиталната писменост и способностите на младите да применуваат современа технологија за креирање решенија за лични или општествени предизвици, информира МОН.

притисни ентер