За да биде избран лидер потребно е еден од кандидатите да освои повеќе од половината гласови

Над 23.000 членови на СДСМ кои се регистрираа за гласање, денеска избираат нов лидер на партијата, откако Димитар Ковачевски си даде оставка по изборниот дебакл на 8 мај.

По одлуката на Славјанка Петровска да се повлече поради сомнежи за нерегуларности, во претседатлската трка останаа тројца - Венко Филипче, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски.

Внатрепартиски избори ги следи Јана Јосифовска.

Излезноста до 14 часот беше слаба, под 30%... има ли нови податоци?

Затвор за еколошки активисти во Камбоџа поради кампања против инфраструктурни проекти

Десет камбоџански еколошки активисти кои водеа кампања против неколку инфраструктурни проекти, денеска се осудени на по шест години затвор под обвинение за заговор против државата.

Тројца активисти од групата Мајка природа Камбоџа (Mother Nature Cambodia) дополнително се осудени на уште две години затвор поради навреда на камбоџанскиот крал Нородом Сихамони, така што ќе поминат вкупно осум години зад решетки.

Само петмина од обвинетите присуствуваа на судењето, додека останатите се осудени во отсуство, меѓу кои и четворица државјани на Камбоџа за кои не се знае каде се наоѓаат, како и Алехандро Гонзалес-Дејвидсон, државјанин на Шпанија, кој е еден од основачите на групата и кој беше депортиран од Камбоџа во 2015 година со забрана за враќање.

Петтемина осудени кои присуствуваа на судењето беа уапсени пред судот по изрекувањето на пресудите. Тие со поддржувачите дојдоа пред судот облечени во традиционални бели облеки кои се носат на погреби, наведувајќи дека тоа претставува „смрт на правдата во Камбоџа“.

Фун Кеораксмеј, 22-годишна членка на групата, изјави дека е подготвена да оди во затвор.

„Никогаш не сакав да се вратам во затвор, бидејќи никогаш ништо не сум згрешила, но нема да избегам од одговорноста. Ова е патот што самата го избрав“, рече таа.

Камбоџанската невладина организација Ликадо соопшти дека пресудата е разочарувачка.

„Денеска судот одлучи дека младите активисти кои се борат за заштита на животната средина и демократските принципи работат против државата. Вџашувачки е што младите луѓе кои се залагаат за чиста вода во Пном Пен, заштита на шумите во Кох Конг и борба против приватизација на земјата во заштитените подрачја се претставени како уништувачи на државата“, наведоа тие.

Организацијата Мајка природа (Mother Nature) е основана во 2012 година како невладина организација, но Камбоџанскиот парламент им забрани работа во 2017 година.

Организацијата Хјуман рајтс воч пред еден месец ги обвини камбоџанските власти дека судат на активистите во монтирани процеси.

„Веќе повеќе од десет години, организацијата Мајка природа води кампања против деструктивни инфраструктурни проекти, критикува корупција поврзана со експлоатација на природните ресурси и ги поттикнува младите да се борат за зачувување на биодиверзитетот на својата држава“, наведоа тие.

Камбоџанската влада веќе подолго време е на мета на критики дека злоупотребува правосудниот систем за да ги замолчи критичарите на режимот и политичките противници.

Владата на Камбоџа ги негираше овие обвинувања, но политичките партии кои беа профилирани како непријатели на владејачката партија беа забранети со судски одлуки.

За време на мандатот на поранешниот премиер Хун Сен, кој беше на власт четири децении, владата беше критикувана дека ги крши човековите права и ја суспендира слободата на говор. Неговиот син Хун Манет го наследи на местото премиер минатата година. /МИА

Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија

Откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина.

Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg - ppb (илјада микрограми на килограм).

-Во примерокот од брашно земен на 12 март годинава од Србија, откриено е присуство на микотоксин фумонизим во поголема количина од дозволеното: во белото брашно изнесуваше 1388 мг/кг, а во жолтото брашно 1585 мг/кг, што преставува 38 отсто, т.е. 58 проценти повеќе од дозволената сума, соопштија од РАСФФ.

Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е отповикан од потрошувачите.

Фумонизините припаѓаат на групата микотоксини кои синтетизираат Fusarium. Најчесто ги има на пченката и производите од пченка, јачменот, пченицата и овесот, се наведува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје во Суботица.

Кај човечката популација, постои сомнеж дека неговиот токсичен ефект предизвикува тумор на хранопроводникот. Со оглед на токсичното и канцерогеното дејство на ова соединение, според класификацијата IARC, тој е класифициран како потенцијален канцероген за човекот. /МИА

Франција во исчекување – триумф на екстремната десница или пресврт пред изборите во недела?

Франција се подготвува за вториот круг од парламентарните избори по убедливата победа на крајно десничарската „Национален собир“ на Марин Ле Пен. 

Од исходот ќе зависи дали Франција за прв пат по втората светска војна ќе има влада предводена од екстремно десна партија, но и дали Емануел Макрон ќе се соочи со непријатна кохабитација и премиер кој би се противел на неговите одлуки. Кандидатот за премиер на Национален Собир, 28 годишниот Џордан Бардела би бил најмладиот на оваа функција, а веднаш по изборите порача дека е подготвен да води, но и да се бори против имиграцијата. Сепак, од партијата порачаа дека доколку не обезбедат апсолутно мнозинство, немаат намера да формираат влада.

-Очигледно е дека не можеме да прифатиме да формираме влада, ако не можеме да дејствуваме. Бидејќи тоа што го бараат гласачите од нас е да ја промениме политиките што не се спроведуваат. И не можеме да прифатиме влада која ќе биде уникатна со тоа што би имала министри кои не би можеле да дејствуваат. Тоа би било мислам, најлошото предавство кое може да му го направиме на нашите гласачи,-- Марин Ле Пен – „Национален собир“.

Дел од политичките аналитичари во Франција велат дека очекуваат жестока борба меѓу крајната левица и десница, но дека финалниот збор ќе го имаат неопределените.

-Пред се, ќе им биде потребно на „Национален собир“ да го бараат гласот на неопределените од првиот круг кои се уште имаат значајно учество во изборите и кои се уште се третина од електоратот,- Бруно Каутрес- Политиколог.

Француските граѓани пак, се поделени во своите ставови. Дел од нив велат дека потребна е промена на политичката сцена, некои пак и една недела по првиот круг, се уште не можат да се помират со изборниот резултат.

-Среќна сум, задоволна. Зошто? Бидејќи има потреба од промени, всушност, сосема едноставно е. / Ме боли многу(резултатот). И ме шокира затоа што не разбирам. Јас навистина не разбирам. / Како да сум мамурна. Тоа е тоа. Нема да плачам, но сум многу разочарана. / Да се избере помеѓу Левицата (LFI) и „Национален собир“ во однос на вредностите кои ги брани секоја од страните е доста срцепарателно.

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на предвремени избори по катастрофалниот резултат кој неговата партија го доживеа за време на европските избори каде крајната десница извојува убелива победа, а партијата на Макрон беше на третото место. Изборниот резултат од Европските пак, се преслика и на национално ниво.

Вториот круг од изборите кој треба да одлучи во која насока ќе се движи државата треба да се одржи во недела, а доколку ниту една опција не успее да формира парламентарно мнозинство, извесно е дека земјата ќе навлезе во политичка криза. Во таков случај, претседателот не може повторно да го распушти парламентот, а францускиот устав предвидува преоден рок од една година.

притисни ентер