Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција

Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција, соопштија локалните власти.

Невремето предизвика поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и паднати дрвја.

Во Франција, три лица загинаа кога паднало дрво врз нивниот автомобил од силината на ветерот во департманот Од, во североисточна Франција. Едно лице е повредено.

Во Швајцарија обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во југоисточниот дел на земјата. Четворица се жртви на катастрофата.

Започна евакуацијата на туристите од кампот во Моњо и од фудбалскиот турнир во Печа.

Неколку котлини во близина на долината Маџа не се пристапни и нема струја. Дел од кантонот Тичино е без вода за пиење.

Евакуации има и во областа Рона во кантонот Вале.

Лошото време зафати и делови од северна Италија и Германија.

Гаши се сретна со амбасадорот на Чешка

Претседателот на Собранието Африм Гаши, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого разменија мислења околу процесот на интеграција на нашата земја  во Европската Унија .

Претседателот на Собранието Африм Гаши, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого разменија мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.

Претседателот Гаши изрази задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е меѓу државите кои ја стимулираат ЕУ да ја држи постојано отворена вратата за проширувањето и за интегрирање на земјите од Западен Балкан.

Соговорниците разговараа за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што амбасадорот Лудва истакна дека за Чешка е од посебно значење интегрирањето на земјите од овој регион.

Претседателот Гаши и амбасадорот Лудва се согласија дека односите меѓу Македонија и Чешка се многу добри, за што се показател и многу средби на билатерално ниво во изминатиот период, што треба да биде пракса и во иднина.

Во тој контекст, претседателот Гаши истакна дека Чешка е мошне активна во делот на економската соработка со нашата земја. Тој го информира амбасадорот дека во Собранието е во тек формирање на делегациите и на парламентарните групи за соработка, посочувајќи дека преку ПГ за соработка со чешкиот Парламент може да се отвори посеопфтна дебата за продлабочување на билатералната соработка на повеќе полиња, како и за зајакнување на капацитетите за земјава за привлекување повеќе странски инвестиции,соопштуваат од Собранието.

Кризен штаб на Општина Аеродром: Мобилни екипи веќе се излезени на терен поради невремето

Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме.

Мобилни екипи веќе се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини.

Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот. Штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.

Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето! Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети.

Општина Аеродром

Норвежанец уапсен поради шпионажа во корист на Кина

Норвешки државјанин вчера е уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина, соопшти денеска Норвешката разузнавачка служба (ПСТ).

Не е откриен идентитетот на осомничениот, кој денеска ќе биде сослушан во Осло.

ПСТ во својот годишен извештај наведе дека во 2024 година Кина ќе биде сериозна закана во разузнавачката работа.

Ова се случува поради влошување на односите помеѓу Кина и Западот, кинеските аспирации за поголема контрола на синџирот за снабдување, како и поради нивното позиционирање на Арктикот, се наведува во извештајот на ПСТ од февруари годинава. /МИА

притисни ентер