Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени - Канал 5

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

Авион на авиокомпанијата Рајанер што летал од Берлин кон Милано принудно слета на аеродромот Меминген во Германија откако наиде на силни турбуленции предизвикани од бура.

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

Според информациите на германската полиција, седум патници се здобиле со полесни повреди, а двајца се пренесени во болница поради потешки повреди, јави ДПА.

-Никогаш досега не сум почувствувал таков страв. Во тој момент мислев дека авионот ќе се распадне, изјави еден од патниците за германскиот весник „Билд“.

Фотографии објавени од „Билд“ ја прикажуваат внатрешноста на авионот со оштетени панели и вознемирени патници. Некои од нив, кога започнале турбуленциите, не биле врзани со сигурносен појас. Весникот наведува дека екипажот не давал континуирани инструкции за време на кризата.

По принудното слетување, итните служби веднаш интервенирале на аеродромот Долна Алгоја. Иако никој не бил во животна опасност, една патничка се здобила со сериозна повреда на главата.

Патниците биле пренасочени на други летови

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Минатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки.

Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек.

YouTube video

Желки завиткани во селотејп

Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викендов врнежи од дожд, на планините снег со температури од 2 до 12 степени

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, информираат од УХМР. 

Викендов врнежи од дожд, на планините снег со температури од 2 до 12 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 8 Крушево, Тетово, 9 Крива Паланка, 10 Претор, Зајчев Рид, Скопје Петровец, Охрид, 11 Прилеп, Битола, 12 Велес, Виница, Берово, Струмица, 13 Кавадарци, Штип, 14 Демир Капија, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

18 Охрид, 13 Претор, 7 Крива Паланка, Прилеп, 6 Лазарополе, 5 Велес, Виница, Битола, 4 Попова Шапка, Крушево, Штип, 1 Демир Капија, Тетово, Кавадарци, Зајчев Рид, Берово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе продолжат и ќе бидат слаби до умерени.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знаме

Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знаме

Денеска (27.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржа работен состанок со раководителите на организациските единици во БЈБ, СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Тетово, на кој беа разгледани досегашните сознанија, преземените активности и планираните мерки во пресрет и за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.

„Полицијата е во служба на сите граѓани и наша обврска е да обезбедиме сигурност, да ги заштитиме нивните права и имотот и да го одржуваме јавниот ред и мир. Ќе постапуваме професионално, одговорно и непристрасно, со нулта толеранција кон секое незаконско и насилно однесување“, истакна директорот Јанев.

МВР апелира до граѓаните празникот да го одбележат достоинствено, со меѓусебна почит и почитување на законите, придонесувајќи за безбедна атмосфера за сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер