Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗдравјеАнализа : Колкави се шансите човештвото да ја преживее пандемијата на коронавирусот Според некои проценки, околу 70 проценти од светското население би можело да биде заразено со коронавирус, што значи дека седум од десет лица на планетата би може да се разболат.Светската здравствена организација соопшти дека 14 проценти од луѓето со „Ковид-19“, болест предизвикана од новиот коронавирус, развиваат тешка клиничка слика и имаат потреба од хоспитализација и поддршка со кислород. Но, пресметувањето на шансите за преживување во раната фаза на пандемијата не може да биде прецизно. Стапката на смртност варира од 0,9 до 3,4 проценти, во зависност од различните податоци. Не може да има прецизна пресметка, бидејќи здравствените работници немаат идеја колку луѓе се заразени, а не развиле симптоми или биле толку благи што не побарале лекарска помош. „Нема да го знаеме целиот степен на болеста сè додека не добиеме малку време и не ги анализираме податоците“, рече американскиот имунолог Џeин Олингер. За да утврдат кој е најранлив, научниците ќе треба да земат предвид фактори како што се климата, пристапот до здравствена заштита и генетиката. Туберкулозата, на пример, сè уште убива еден и пол милиони луѓе низ целиот свет годишно, но зачестеноста варира значително во зависност од климата и географијата. Во досегашниот развој на пандемијата, еден модел се истакнува без некоја научна анализа: Најранлива група се постарите лица, особено оние со претходни заболувања. Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) ја посети Кина минатиот месец, извор на пандемијата и откри дека стапката на морталитет кај сите возрасни групи на претходно здрави луѓе е 1,4 проценти. Но, кај оние кои претходно имале кардиоваскуларни заболувања, изнесувал 13,2%, кај дијабетичарите 9,2%, со висок притисок 8,4%, кај оние со хронични респираторни заболувања 8% и 7,6% кај пациенти со карцином. Пациентите над 80 починале со стапка од 21,9 проценти. Посебна студија објавена минатиот месец од страна на научници од кинескиот центар за контрола и превенција на болести, спроведена на 45.000 потврдени случаи на „Ковид-19“, покажа дека вкупната смртност е 2,3 проценти, но со зголемување од плус осум проценти за пациентите во нивните седумдесетти и 14,8 проценти за оние над 80 години. Бидејќи и двете студии биле спроведени во Кина, што е недоволно разновиден примерок, британските научници од Кралскиот колеџ во Лондон ја спроведоа анализата на глобално ниво. Според нив, вкупната стапка на смртност е 0,9 проценти, но се искачува на 2,2 проценти за пациентите во 60-тите, на 5,1 процент во 70-тите и на 9,3 проценти во осумдесеттите години и постарите. „Сосема е јасно дека возраста игра голема улога. Како што стареете, шансите за преживување се намалуваат“, вели вирологот од Хонг Конг Др. Малик Перис. Иако годините се најголем ризик, тие во никој случај не се единствени. Во сите досегашни анализи, откриено е дека високиот крвен притисок, дијабетесот и срцевите заболувања придонесуваат за потешка клиничка слика на пациентите. Перис вели дека постојните податоци се само врв на ледениот брег. Бројни непознати случаи може да ја зголемат стапката на смртност од обете страни. Ова се случи во 2009 година со т.н. пандемија на свински грип или вирусот Х1Н1. Во раните денови, стапката на смртност се чинеше дека е два проценти, рече Перис. Со текот на времето, научниците барале антитела на Х1Н1 во примероци од крв кај општата популација, откривајќи дека многумина се заразиле и закрепнале и не знаеле дека се болни. Кога сите овие случаи се вклучени во статистиката, стапката на смртност се намали на само 0,002 проценти, рече тој. „Важно е да се знае стапката на смртност“, истакнува Перис. "Многу земји зборуваат за агресивни мерки кои се многу тешки за економијата затоа што претпоставуваат дека стапката е еден процент или повисока. Но, ако знаете дека е пониска, мерките ќе бидат сосема различни. Одговорот на инфекцијата се заснова врз нејзината сериозност."Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter