Видео: Неверојатен судир на аеродром: „Фиат Панда“ удри во мал авион - Канал 5

Видео: Неверојатен судир на аеродром: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Неверојатна сообраќајна несреќа во Италија.  Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .

Видео: Неверојатен судир на аеродром: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A).

Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото.

https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќите

Бурна ноќ за противпожарните сили кои и во текот на денешниот ден се борат со шест активни пожари низ земјава од кои најголемиот се наоѓа на територијата на општина Македонски Брод, каде на планински и непристапен терен, гори нискостеблеста шума.

Шест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќите

На неколку локации се активирани и ер тракторите а според неофицијални податоци, се работи за подметнати пожари.

-На пожарот на територијата на Македонски Брод во атарот на селото Драгов Дол денеска ќе користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од кој што хеликоптерот ќе полни вода. // Пожарот кој повеќе денови се одвива на територијата на Студеничани во атарот на селото Рамни Габер е се уште активен, тој не ја зголемува својата динамика но се движи по тешко и на делови тотално непристапен терен, поради тоа, во текот на денот најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите,- - Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов очекува до крајот на денот пожарите на територијата на општина Македонски Брод и Крушево да бидат изгаснати, но како што вели, голема е опасноста во меѓувреме да се појават и други пожари. Панични ноќни часови доживеаа и жителите на селото Зелениково во близина на Скопје, каде пожарот веќе се доближил до нивните куќи. Жителите со навремена реакција успеале да направат делумна заштита на неколку места, прскајќи со вода и сечејќи критични грмушки и дрвја. Како што изјави Ангелов, се работи за намерно подметнат пожар а МВР трага по сторителот.

-Интервениравме навремено со возило на општина Зелениково пристигнавме на лице место. Дополнително ги повикавме и доброволното противпожарно друштво Зелениково и со заеднички сили и нивна помош успеавме да го спречиме да не се рашири до најблиските куќи,- -Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково.

Освен учеството на редовните противпожарни сили, ангажирани се и доброволните пожарникарски друштва, поради кои, како што потенцира Ангелов, пожарите бргу се ставаат под контрола. Сепак, тој од терен повторно апелираше на внимателност од страна на граѓаните за како што вели, да се спречи трагедија, која може да биде и од национални размери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново

Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново.

Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново

Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново, па поради последната лабораториска потврда со која се детектирала западно нилска треска кај жена на 61 годишна возраст, и таму Центарот за јавно здраје синоќа прскаше против комарци. Епидемиологот д-р Љуљзиме Бајрами вели дека денес нема ново потврдени случаи, а со последните кои се детектирани во скопските општини Арачиново, Бутел, Кисела вода и Драчево, бројката се искачи на 34.

-Има случај во Арачиново, прв, жена која на возраст од 61 година. Во Арачиново е направено комплетно вчера адултицидна дезинсекција. На 11 и 12 е направена ларвицидна превентивна дезинсекција која се спроведува во местата каде што има позитивнислучаи на западно-нилска треска,- - Љуљзиме Бајрами – Епидемиолог во ЦЈЗ.

Најголем број од пациентите со тешка форма на болеста се од Драчево, е епидемија е прогласена и во Бутел, Кисела Вода, Аеродром, Илинден и Гази Баба.

Од локалната власт велат дека се преземаат сите чекори за заштита на населението, особено во општините каде што веќе алармот е вклучен поради поголем број на случаи.

Според последните официјални податоци од Инфективната клиника, од дваесетина граѓани што се хоспитализирани, седуммина се борат за живот, односно се приклучени на апарати за дишење. Досега, вирусот „западен нил“ зеде два човечки живота.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот

Водата во Гостивар втор ден е безбедна за пиење, но власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат кој е одговорен за нејзиното загадување. 

Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот

За премиерот Мицкоски критиките од СДСМ до власта за состојбата со водата во Гостивар, се неосновани и политичка стратегија на опозицијата. Истрагата на МВР и Обвинителството за водата во Гостивар вели се уште трае, и не се исклучува можноста таа да биде проширена, а Владата според него направила со робусна акција го прочистила системот и повторно го вратила во надлежност на Општина Гостивар. Коментирајќи ги прозивките од СДСМ, зошто властите се уште немаат официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е здрава за пиење, Мицкоски е категоричен.

-И јас инсистирам да се објави извештајот. Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други кои исто така би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто Обвинителството и МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел, учество во сето ова. Но исто така сум зачуден зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево итн. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат?, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, и денеска прашуваат зошто надлежните одбиваат јавно да покажат анализа или извештај- кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна. Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите, додаваат меѓудругото од опозициската партија.

-Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека водоводниот систем го исчистиле „како никогаш досега“. После Тошковски и Ангелов, сега и Мицкоски е експерт за чистење на водоводни системи. Но владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар. Зошто се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење?, изјави Штерјова од СДСМ.

За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер