Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
1Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
МакедонијаШест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќитеБурна ноќ за противпожарните сили кои и во текот на денешниот ден се борат со шест активни пожари низ земјава од кои најголемиот се наоѓа на територијата на општина Македонски Брод, каде на планински и непристапен терен, гори нискостеблеста шума. На неколку локации се активирани и ер тракторите а според неофицијални податоци, се работи за подметнати пожари. -На пожарот на територијата на Македонски Брод во атарот на селото Драгов Дол денеска ќе користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од кој што хеликоптерот ќе полни вода. // Пожарот кој повеќе денови се одвива на територијата на Студеничани во атарот на селото Рамни Габер е се уште активен, тој не ја зголемува својата динамика но се движи по тешко и на делови тотално непристапен терен, поради тоа, во текот на денот најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите,- - Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов очекува до крајот на денот пожарите на територијата на општина Македонски Брод и Крушево да бидат изгаснати, но како што вели, голема е опасноста во меѓувреме да се појават и други пожари. Панични ноќни часови доживеаа и жителите на селото Зелениково во близина на Скопје, каде пожарот веќе се доближил до нивните куќи. Жителите со навремена реакција успеале да направат делумна заштита на неколку места, прскајќи со вода и сечејќи критични грмушки и дрвја. Како што изјави Ангелов, се работи за намерно подметнат пожар а МВР трага по сторителот. -Интервениравме навремено со возило на општина Зелениково пристигнавме на лице место. Дополнително ги повикавме и доброволното противпожарно друштво Зелениково и со заеднички сили и нивна помош успеавме да го спречиме да не се рашири до најблиските куќи,- -Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково. Освен учеството на редовните противпожарни сили, ангажирани се и доброволните пожарникарски друштва, поради кои, како што потенцира Ангелов, пожарите бргу се ставаат под контрола. Сепак, тој од терен повторно апелираше на внимателност од страна на граѓаните за како што вели, да се спречи трагедија, која може да биде и од национални размери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
НаукаГолемо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка Новите истражувања покажаа дека човечката рипка не е еден вид, туку дека постојат девет вида. Меѓу нив е и босанската човечка риба од Краина.Човечката рипка , еден од најпознатите жители на подземните води на Динарскиот карст, со децении се сметаше за единствен вид. Сепак, новите меѓународни истражувања покажауваат дека зад тековното име *Proteus anguinus* всушност се кријат дури девет различни видови. Три од нив се сосема нови за науката, а меѓу нив е и босанската човечка рипка (*Proteus bosniensis*), чие издвојување како посебен вид е од особено значење за Босна и Херцеговина. Во истражувањето, објавено во списанието *Amphibia-Reptilia*, учествувале и босанските биолози Емина Шуње од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Сараево и Аднан Зимиќ од Националниот музеј на Босна и Херцеговина. *Proteus bosniensis* е поврзан со подземните водни системи на Краина, особено со областа под планината Грмеч во Босна и Херцеговина. Како и другите единки од видот „човечка рипка“, тој го поминува поголемиот дел од својот живот во целосна темнина на подземните води. Поради тоа, многу е тешко да се истражи неговата распространетост и прецизно да се утврди големината на популацијата. Важно е да се напомене дека тоа не значи оти животното е тукушто откриено. „Човечката рипка“ во областа на Краина е позната со децении, но дури современите истражувања потврдиле дека таа претставува посебен вид – *Proteus bosniensis*. Покрај босанската „човечка рипка“, на територијата на Босна и Херцеговина живее уште еден вид, *Proteus carrarae*, кој е поврзан со подземните води на херцеговскиот карст. „Човечките рипки“ се многу слични меѓу себе. Имаат издолжено тело, закржлавени очи и бледа кожа, а животот во целосна темнина го обликувал нивниот изглед. Поради големата сличност, било речиси невозможно да се утврди колку различни еволутивни линии се кријат зад името *Proteus anguinus* врз основа само на надворешните карактеристики. Современите генетски и морфолошки анализи покажаа дека некои од овие лози еволуирале независно во текот на милиони години. Иако по изглед се речиси идентични, тие претставуваат различни видови. Според тоа, *Proteus bosniensis* е пример за таканаречената криптична разновидност – појава при која различни видови изгледаат толку слично, што нивните разлики долго време остануваат незабележани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНеофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во ХрватскаЧетири лица се уапсени на поширокото подрачје на Бенковац под сомнение дека се поврзани со подметнување пожар, соопшти денеска Полициската управа на Задар ,Хрватска.Полицијата интервенирала откако граѓаните пријавија сомнителни активности синоќа, по 20 часот. Полицијата брзо го лоцирала и го запрела возилото во кое се наоѓале осомничените. Сите четири лица биле одведени во службени простории на криминалистичка обработка, со цел да се утврдат околностите на нивното движење и евентуалната поврзаност со пожарите во областа на Задар. Како што неофицијално дознава хрватскиот RTL, уапсени се тројца хрватски државјани и еден странски државјанин. Наводно, брачен пар ги забележал во близина на Раштевиќ, недалеку од Бенковац, токму додека палеле оган, по што веднаш ја повикале полицијата. Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнале во тој крај во изминатите денови. И HRT известува дека, според нивните неофицијални информации, станува збор за хрватски државјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасен маж скршеници на двете нозе на ПелистерЦентарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесенСпасувачките екипи од неколку институции успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата. Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење. По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола и Националниот парк „Пелистер“. Екипа на ДЗС Битола веднаш се упатила кон повредениот, а ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ била активирана за помош при интервенцијата. Поради тешко пристапниот терен била побарана и воздушна поддршка, но во меѓувреме екипата на ДЗС успеала да стигне до повредениот и со теренско возило да започне неговиот транспорт. Во 13:45 часот екипите на ДЗС Битола и Националниот парк „Пелистер“ се пресретнале кај месноста Ловечка куќа, каде што лекар од Итната медицинска помош му укажал медицинска помош на повредениот. Потоа лицето треба да биде пренесено до Инфоцентарот на Пелистер, каде што ќе го преземе екипа на Итната медицинска помош и ќе го транспортира до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook