Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот
1Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот
3МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЗабаваБитола ја врати чалгијата во срцето на Старата битолска чаршијаСо музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполни Старата битолска чаршија, заврши првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал посветен на чалгијата, организиран од ЈОУ Културно - информативен центар - Битола.Со музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполни Старата битолска чаршија, заврши првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал посветен на чалгијата, организиран од ЈОУ Културно - информативен центар - Битола, во рамките на Битолското културно лето - БИТ ФЕСТ, во соработка со Општина Битола. Два дена Битола живееше во ритамот на чалгијата, а Старата битолска чаршија повторно заживеа на најубав начин - исполнета со музика, луѓе, светлина и препознатливиот дух на стара Битола. Фестивалот покажа дека кога традицијата ќе се врати на улиците и во просторите каде што некогаш живеела, чаршијата повторно го добива својот препознатлив печат на градот. Од првите фестивалски звуци со „Чапче и Тајфата“, преку Филип Шурбевски Езгија Квартет, „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, па се до настапот на „Љубојна“ и Битолскиот Чалгиски Оркестар, чаршијата стана сцена на која традицијата и современиот музички израз создадоа прекрасна атмосфера. Фестивалот започна со едукативниот семинар „Канон – Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски, а вториот фестивалски ден донесе и пајтонско дефиле по Широк Сокак, со што чалгиската приказна се прошири низ срцето на градот. Фотографиите од фестивалските вечери најдобро ја раскажуваат приказната - за една чаршија која повторно е полна со живот, за град кој знае да ја зачува својата традиција и за Битола која блеска во својата најубава светлина. „Битолски чалгиски денови“ покажаа дека традицијата не е само спомен од минатото - таа може повторно да живее, да се слуша и да го исполнува градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиотЕвропската комисија го објави годишниот извештај за напредокот во процесот на европските интеграции. Најнапред, сакам да ѝ се заблагодарам на Европската комисија за посветеноста и за континуираната поддршка на нашите реформски напори. Му благодарам и на амбасадорот Рокас за конструктивната соработка и отворениот дијалог што го имаме во сите прашања поврзани со европската иднина. Имаме подобар извештај од минатата година. Европската комисија констатира значителен напредок во спроведувањето на нашата Реформска агенда и нè вбројува меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на европскиот Инструмент за реформи и раст. Во годинешниот извештај нема ниту една оценка за назадување. Напротив! Во две преговарачки поглавја е зголемено нивото на подготвеност за членство во Европската Унија, односно во дигиталната трансформација и медиумите, како и во образованието и културата. Минатата година такво подобрување беше забележано во едно поглавје. Овие оценки се поткрепени со конкретни резултати. До јуни оваа година, Европската комисија ослободила 142,1 милиони евра во рамките на Реформската агенда. Во извештајот се потврдува и економскиот раст од 3,5 проценти во 2025 година, односно овој Европски извештај го опфаќа извештајниот период заклучно со 31 август оваа година, иако потоа и Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка ги нивелираа своите прогнози во нагорна линија за оваа година. Зошто? Затоа што ги имаме би рекол повторно ажурирано извештаите за растот во 2024 и 2025. Во 2024 тој од 3 се нивелираше на 3,8, а во 2025 од 3,5 на 3,8 проценти. Невработеноста во истиот период се намали од 12,5 на 11,7 проценти. Ова се резултати што Европската комисија ги евидентира во својата официјална оценка за нашата економија. Европската комисија констатира добар напредок во дигиталната трансформација, науката и истражувањето, како и во надворешната и одбранбена политика исто така е констатиран добар напредок До јуни оваа година, 44 државни институции го користеле новиот систем за електронско архивирање и управување со документи. Националниот портал, според податоците до крајот на август, опфаќа 338 електронски услуги, вклучително и оние што се делумно достапни, а неговото користење е двојно зголемено во споредба со претходната година. Ова се промени што значат поефикасни институции, поедноставни постапки и подобри услуги за граѓаните и компаниите. Во образованието е усвоена новата Стратегија за периодот 2026–2032 година. Продолжува развојот на стручното образование, а воспоставени се вкупно осум регионални центри за стручно образование, од кои три веќе се оперативни. И овие промени се препознаени во извештајот. Посебно сакам да се осврнам на правосудството. Европската комисија констатира дека новиот Закон за Судскиот совет во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија. Важна е споредбата со минатата година. Во поглавјето 23, кое ги опфаќа правосудството и фундаменталните права, Европската комисија во 2025 година констатираше дека нема напредок. Годинава констатира ограничен напредок. Кај функционирањето на судството оценката се подобрува од „нема напредок“ на тоа дека има „одреден напредок“. Тоа е поместување што треба да продолжи и да се потврди со резултати во пракса. Почитувани, Во надворешната и безбедносната политика, Европската комисија ја потврдува и нашата целосна усогласеност со заедничката политика на Европската Унија. Тоа е јасна потврда за нашата стратешка определба и за нашата улога како сигурен и кредибилен европски партнер. Ова се конкретни наоди од извештајот. Податоци, реформи и резултати што се предмет на независна оценка од европските институции. Но, извештајот содржи и забелешки и нив ги сфаќаме со цела сериозност. Тие се дел од обврските што треба да ги исполниме пред нашите граѓани, независно од динамиката на пристапните преговори. Одговорноста за спроведувањето на реформите ја имаат сите надлежни институции. Владата мора да продолжи со законските и институционалните реформи, да ги обезбеди потребните услови и ресурси. Од судските и обвинителските органи се очекуваат конкретни резултати, професионалност и доследно спроведување на законите. Истовремено, останува отворено и прашањето за уставните измени. Нашата позиција и понатаму е дека европските интеграции мора да се темелат на јасни правила, предвидлив процес и меѓусебна доверба. Нашата држава има обврска да ги спроведува реформите. Европскиот процес има потреба од доследност и предвидливост. Почитувани сограѓани, Сакам денес да испратам и една поширока политичка порака. За ова општество и за сите политички партии европските интеграции остануваат трајна стратешка определба. И покрај сите предизвици и сите тешкотии со кои се соочувавме во изминатите децении, нашата определба за полноправно членство во Европската Унија останува непроменета. Причините за тоа се многу подлабоки од кој било годишен извештај. Спорот со нашиот источен сосед и наметнатиот билатерален спорт, минатата влада прифати да влезе во општите критериуми за членство, што секако преставува хендикеп во развојот на интегративните спорови. Ние немаме недостиг на реформи туку преостанати политички услови. Европската Унија е нашиот најважен економски партнер. Европската Унија е простор на слободно движење, заеднички правила, економски можности и институционална стабилност. Членството значи пристап до големиот европски пазар, поголеми можности за домашните компании, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и повисоки стандарди во сите области на општеството. Тоа значи и посилни институции, поефикасно правосудство и подобра заштита на правата на секој граѓанин. За младите луѓе, европската перспектива значи повеќе можности за образование, професионален развој и работа. Во денешните сложени геополитички околности, европската интеграција добива дополнително значење. Безбедноста на европскиот континент, економската конкурентност, енергетската стабилност и отпорноста на надворешните влијанија сè повеќе зависат од способноста на Европа да дејствува заеднички. Западниот Балкан е дел од таа европска иднина. Затоа веруваме дека процесот на проширување мора да добие нова енергија. Таа енергија мора да произлезе од реформите што ги спроведуваат земјите кандидатки, но и од јасната политичка посветеност на самата Европска Унија. Ние сме подготвени да го преземеме нашиот дел од одговорноста. Да ги зајакнуваме институциите. Да ја подобруваме економијата. Да се бориме против корупцијата. Да ги усогласуваме законите и стандардите со европските. Не бараме привилегии. Бараме доследна примена на принципот дека напредокот треба да се вреднува според постигнатите резултати. Веруваме во Европа која ги исполнува своите ветувања. Која ги почитува своите принципи. И која има доволно самодоверба да ја продолжи својата историска мисија на обединување. На крајот, дозволете ми уште еднаш да ја потврдам нашата посветеност на реформскиот процес и на соработката со европските институции. Ќе продолжиме да работиме со истата посветеност. Со конкретни мерки, со мерливи резултати и со јасна европска перспектива. Уште еднаш на крај сакам да му се заблагодарам на амбасадорот за неговата посветеност и поддршка која што ја дава лично и како институција во овој процес, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаПолициска акција во Куманово, претреси за изнуда и перење пари Акција на полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – утрово претреси на повеќе локации, а целта на акцијата според официјалните извори е обезбедување на докази во врска со повеќе кривични дела...Акција на полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – утрово претреси на повеќе локации, а целта на акцијата според официјалните извори е обезбедување на докази во врска со повеќе кривични дела – изнуда, перење пари и несовесно работење во службата. Неофицијално, станува збор за повеќе претреси во повеќе менувачници и нотарски канцеларии во Куманово, но од обвинителството засега не откриваат многу детали. -Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста,- -ОЈО ГОКК. Неофицијално, целтра на претресите кои севршат од страна на МВР И да се разбие организирана криминална група од кумановското подземје, која подолг период се занимавала со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени. Како што веќе се шпекулира во јавноста, групата подолг временски период функционирала во Куманово, но и во поширокиот кумановски регион. Наводно, како што шпекулираат повеќе медиуми, со оваа криминална група раководел Драган Петровски – Штука, кој според непотврдени информации бил уапсен во денешната акција. Во дел од медиумите се шпекулира и дека при досегашните претреси биле пронајдени парични средства, возила и документација, кои би можеле да бидат важни за понатамошниот тек на истражната постапка. Сепак, од Обвинителството и полицијата повеќе детали се очекуваат по завршување на претресите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарствотоЕвропската комисија(ЕК) во Извештајот за Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата .Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата како конкретни чекори што придонесуваат кон напредокот во соодветните области. Во делот за земјоделство и рурален развој, ЕК го нотира продолжувањето на усогласувањето на земјоделската политика со законодавството на Европската Унија и ажурирањето на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 во февруари годинава. Новиот Закон за органско производство, кој стапи во сила во март 2026 година, е посебно издвоен како придонес кон напредокот во ова поглавје. Македонија има добро ниво на подготвеност во областите на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, оценува ЕК. Комисијата се осврнува и на започнатите активности за интегрирана заштита од штетници во два пилот-региона, натамошниот развој на фитосанитарниот информациски систем и редовното ажурирање на листата на штетни организми согласно правилата на ЕУ и состојбата во земјата. ЕК наведува и дека Агенцијата за храна и ветеринарство спроведувала редовни ревизии на лабораториите во ветеринарството и безбедноста на храната, а во повеќето области работела согласно стандардите за управување со квалитет. Комисијата ја одобри националната програма за мониторинг за 2026 година на остатоци од ветеринарни лекови и контаминанти, која опфаќа повеќе категории производи, меѓу кои месо, млеко, јајца и мед. Воедно, во извештајот е констатирана напредна усогласеност на националното законодавство со правилата на ЕУ во областа на благосостојбата на животните. Во рибарството и аквакултурата, ЕК бележи напредок, посебно преку усвоениот Национален план за управување со јагулата, кој утврдува мерки за нејзино зачувување и намалување на смртноста предизвикана од човечките активности. Нотирани се и продолжувањето на мерките за заштита на чувствителните видови риби, активностите за порибување со охридска пастрмка и зголемените активности за спроведување на прописите во областа на инспекцискиот надзор и контролата. Во однос на руралниот развој, извештајот посочува на продолжувањето на спроведувањето на ИПАРД III, како и мерките преземени од националните институции, вклучително спроведувањето акциски план за подобрување на реализацијата на програмата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се фокусира на исполнување на преземените обврски и спроведување на потребните реформи, преку конкретни активности за реализација на препораките од Извештајот и редовно следење на постигнатиот напредок, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook