3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
МакедонијаМицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајотВодата во Гостивар втор ден е безбедна за пиење, но власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат кој е одговорен за нејзиното загадување. За премиерот Мицкоски критиките од СДСМ до власта за состојбата со водата во Гостивар, се неосновани и политичка стратегија на опозицијата. Истрагата на МВР и Обвинителството за водата во Гостивар вели се уште трае, и не се исклучува можноста таа да биде проширена, а Владата според него направила со робусна акција го прочистила системот и повторно го вратила во надлежност на Општина Гостивар. Коментирајќи ги прозивките од СДСМ, зошто властите се уште немаат официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е здрава за пиење, Мицкоски е категоричен. -И јас инсистирам да се објави извештајот. Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други кои исто така би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто Обвинителството и МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел, учество во сето ова. Но исто така сум зачуден зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево итн. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат?, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, и денеска прашуваат зошто надлежните одбиваат јавно да покажат анализа или извештај- кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна. Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите, додаваат меѓудругото од опозициската партија. -Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека водоводниот систем го исчистиле „како никогаш досега“. После Тошковски и Ангелов, сега и Мицкоски е експерт за чистење на водоводни системи. Но владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар. Зошто се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење?, изјави Штерјова од СДСМ. За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФПретседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter