Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка - Канал 5

Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка

Политиката да ги тргне рацете од образованието – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка

Политиката да ги тргне рацете од образованието – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска откако законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и науката, стигнаа до прво читање на собраниска расправа, но се блокирани од албанскиот опозициски блок без кои не може да се обезбеди бадентерово мнозинство.

-Бадентерот е уставна одредба но не треба да се злоупотребува како што имало случаи во минатото и постојано тврдам дека политиката треба да ги тргне рацете од образованието. Да, точно сум кажала дека лично сметам дека во овие три закони кои се предадени во Собранието, нема нешто што би можело да пречи за да бидат изгласани и со Бадентер како што е редот,- - Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Денеска од опозициската ДУИ реагираа на изјава на министерката во која зборувајќи за овие три закони, неодамна појасни дека се блокирани од како што рече, алатка за заштита на правата наречена Бадентер, но како што посочи, овие три закони се од мериторен карактер и не влегуваат во проблем во кој правата на малцинствата би биле загрозени. Од ДУИ побараа извинување од министерката и повлекување на изјавата дадена пред десет дена, бидејќи како што тврдат, таа бара селективна примена на Бадентерот.

-Изјавата на министерката за образование Весна Јаневска претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“. Уставот не ѝ дава такво право. / Уште попонижувачки е тоа што, во контекст на блокадата од албанските пратеници, министерката зборува за Албанците како за „мала заедница“,- ДУИ.

Јаневска ги негира обвинувањето на ДУИ дека ја нарекла албанската заедница во државава „мала„ и според неа, реакцијата е избрзана. Таа дополни дека очекува кон крајот на август да биде свикана собраниската седница на која ќе продолжи расправата за законите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка

Новите истражувања покажаа дека човечката рипка  не е еден вид, туку дека постојат девет вида. Меѓу нив е и босанската човечка риба од Краина.

Големо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка

Човечката рипка , еден од најпознатите жители на подземните води на Динарскиот карст, со децении се сметаше за единствен вид.

Сепак, новите меѓународни истражувања покажауваат дека зад тековното име *Proteus anguinus* всушност се кријат дури девет различни видови.

Три од нив се сосема нови за науката, а меѓу нив е и босанската човечка рипка (*Proteus bosniensis*), чие издвојување како посебен вид е од особено значење за Босна и Херцеговина.

Во истражувањето, објавено во списанието *Amphibia-Reptilia*, учествувале и босанските биолози Емина Шуње од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Сараево и Аднан Зимиќ од Националниот музеј на Босна и Херцеговина.

*Proteus bosniensis* е поврзан со подземните водни системи на Краина, особено со областа под планината Грмеч во Босна и Херцеговина.

Како и другите единки од видот „човечка рипка“, тој го поминува поголемиот дел од својот живот во целосна темнина на подземните води. Поради тоа, многу е тешко да се истражи неговата распространетост и прецизно да се утврди големината на популацијата.

Важно е да се напомене дека тоа не значи оти животното е тукушто откриено.

„Човечката рипка“ во областа на Краина е позната со децении, но дури современите истражувања потврдиле дека таа претставува посебен вид – *Proteus bosniensis*.

Покрај босанската „човечка рипка“, на територијата на Босна и Херцеговина живее уште еден вид, *Proteus carrarae*, кој е поврзан со подземните води на херцеговскиот карст.

„Човечките рипки“ се многу слични меѓу себе. Имаат издолжено тело, закржлавени очи и бледа кожа, а животот во целосна темнина го обликувал нивниот изглед.

Поради големата сличност, било речиси невозможно да се утврди колку различни еволутивни линии се кријат зад името *Proteus anguinus* врз основа само на надворешните карактеристики.

Современите генетски и морфолошки анализи покажаа дека некои од овие лози еволуирале независно во текот на милиони години. Иако по изглед се речиси идентични, тие претставуваат различни видови.

Според тоа, *Proteus bosniensis* е пример за таканаречената криптична разновидност – појава при која различни видови изгледаат толку слично, што нивните разлики долго време остануваат незабележани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска

Четири лица се уапсени на поширокото подрачје на Бенковац под сомнение дека се поврзани со подметнување пожар, соопшти денеска Полициската управа на Задар ,Хрватска.

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска

Полицијата интервенирала откако граѓаните пријавија сомнителни активности синоќа, по 20 часот.

Полицијата брзо го лоцирала и го запрела возилото во кое се наоѓале осомничените.

Сите четири лица биле одведени во службени простории на криминалистичка обработка, со цел да се утврдат околностите на нивното движење и евентуалната поврзаност со пожарите во областа на Задар.

Како што неофицијално дознава хрватскиот RTL, уапсени се тројца хрватски државјани и еден странски државјанин.

Наводно, брачен пар ги забележал во близина на Раштевиќ, недалеку од Бенковац, токму додека палеле оган, по што веднаш ја повикале полицијата.

Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнале во тој крај во изминатите денови. И HRT известува дека, според нивните неофицијални информации, станува збор за хрватски државјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасен маж скршеници на двете нозе на Пелистер

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен

Спасен маж скршеници на двете нозе на Пелистер

Спасувачките екипи од неколку институции успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење.

По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола и Националниот парк „Пелистер“.

Екипа на ДЗС Битола веднаш се упатила кон повредениот, а ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ била активирана за помош при интервенцијата. Поради тешко пристапниот терен била побарана и воздушна поддршка, но во меѓувреме екипата на ДЗС успеала да стигне до повредениот и со теренско возило да започне неговиот транспорт.

Во 13:45 часот екипите на ДЗС Битола и Националниот парк „Пелистер“ се пресретнале кај месноста Ловечка куќа, каде што лекар од Итната медицинска помош му укажал медицинска помош на повредениот.

Потоа лицето треба да биде пренесено до Инфоцентарот на Пелистер, каде што ќе го преземе екипа на Итната медицинска помош и ќе го транспортира до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер