Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново - Канал 5

Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново

Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново.

Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново

Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново, па поради последната лабораториска потврда со која се детектирала западно нилска треска кај жена на 61 годишна возраст, и таму Центарот за јавно здраје синоќа прскаше против комарци. Епидемиологот д-р Љуљзиме Бајрами вели дека денес нема ново потврдени случаи, а со последните кои се детектирани во скопските општини Арачиново, Бутел, Кисела вода и Драчево, бројката се искачи на 34.

-Има случај во Арачиново, прв, жена која на возраст од 61 година. Во Арачиново е направено комплетно вчера адултицидна дезинсекција. На 11 и 12 е направена ларвицидна превентивна дезинсекција која се спроведува во местата каде што има позитивнислучаи на западно-нилска треска,- - Љуљзиме Бајрами – Епидемиолог во ЦЈЗ.

Најголем број од пациентите со тешка форма на болеста се од Драчево, е епидемија е прогласена и во Бутел, Кисела Вода, Аеродром, Илинден и Гази Баба.

Од локалната власт велат дека се преземаат сите чекори за заштита на населението, особено во општините каде што веќе алармот е вклучен поради поголем број на случаи.

Според последните официјални податоци од Инфективната клиника, од дваесетина граѓани што се хоспитализирани, седуммина се борат за живот, односно се приклучени на апарати за дишење. Досега, вирусот „западен нил“ зеде два човечки живота.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска

Четири лица се уапсени на поширокото подрачје на Бенковац под сомнение дека се поврзани со подметнување пожар, соопшти денеска Полициската управа на Задар ,Хрватска.

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска

Полицијата интервенирала откако граѓаните пријавија сомнителни активности синоќа, по 20 часот.

Полицијата брзо го лоцирала и го запрела возилото во кое се наоѓале осомничените.

Сите четири лица биле одведени во службени простории на криминалистичка обработка, со цел да се утврдат околностите на нивното движење и евентуалната поврзаност со пожарите во областа на Задар.

Како што неофицијално дознава хрватскиот RTL, уапсени се тројца хрватски државјани и еден странски државјанин.

Наводно, брачен пар ги забележал во близина на Раштевиќ, недалеку од Бенковац, токму додека палеле оган, по што веднаш ја повикале полицијата.

Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнале во тој крај во изминатите денови. И HRT известува дека, според нивните неофицијални информации, станува збор за хрватски државјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасен маж скршеници на двете нозе на Пелистер

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен

Спасен маж скршеници на двете нозе на Пелистер

Спасувачките екипи од неколку институции успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење.

По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола и Националниот парк „Пелистер“.

Екипа на ДЗС Битола веднаш се упатила кон повредениот, а ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ била активирана за помош при интервенцијата. Поради тешко пристапниот терен била побарана и воздушна поддршка, но во меѓувреме екипата на ДЗС успеала да стигне до повредениот и со теренско возило да започне неговиот транспорт.

Во 13:45 часот екипите на ДЗС Битола и Националниот парк „Пелистер“ се пресретнале кај месноста Ловечка куќа, каде што лекар од Итната медицинска помош му укажал медицинска помош на повредениот.

Потоа лицето треба да биде пренесено до Инфоцентарот на Пелистер, каде што ќе го преземе екипа на Итната медицинска помош и ќе го транспортира до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција..

Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

Во интервју за Ал Џезира, кое целосно треба ќе се емитува денеска, Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа.

Претседателот на Турција во интервјуто изјави и дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и дека чека да биде исполнето.

Турција претходно беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон тврдеше дека може да ги загрози „Стелт“ авионите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер