11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков - Канал 5

11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков

Екс шефот на УБК Сашо Мијалков бара од Апелациониот суд на јавна седница да ги образложи своите аргументи против опр

11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков

Во жалбата доставена преку неговиот адвокатски тим, тој ја спори определната мерка поради повреди на кривичната постапка, погрешна примена на Кривичниот законик и погрешно утврдена фактичка состојба. Неговата одбрана бара укинување на притворот и враќање на претходно определената мерка за јавување во судот. Спорно за одбраната е што притворот му е определен без да го сослуша но и тврди дека никаде не е образложена опасноста од бегство.

Во аргументацијата, сега се даваат сосема нови околности и одредени оперативни сознанија на Управата за финансиско разузнавање за обиди за бегство, како резултат на постоење на повеќе кривични постапки кои се водат против него, но, и заради околноста дека тој и неговото семејство имаат огромен имот во Р. Македонија и Р.Чешка, кој лесно може да се продаде, но, никаде не се наведени конкретните прекршувања и непостапувања по веќе изречените мерки на претпазливост.

За одбраната е нејасно и како судот ги поврзува лицето и фирмата кои поседуваат милионски суми на сметки со Мијалков, но и имотот кој бил на негово име. Па оттаму смета дека е слаба аргументацијата на судот во врска со оперативните сознанија со кои располага за негово бегство.

Во решението до кое дојде Канал 5 судот се повикува на сознанијата од Управата за финансиско разузнавање па затоа наведува дека паѓа ефикасноста на мерката јавување во суд и е неопходен притвор.

Во дописот од Управата за финансиско разузнавање видно е дека едно правно и физичко лице кои поседуваат финансиски средства во износ од 8.000.000,00 евра и 3.500.000,00 евра соодветно, кои иако се на име и на други физички и правни лица се сопственост на обвинетиот Сашо Мијалков, воедно за обвинетиот добиени се оперативни информации дека ќе се даде во бегство, односно истиот презема активности кои што укажуваат на сериозна опасност од бегство на обвинетиот.

Опасноста од бегство според судот го зголемува и фактот што тој поседува имот во земјава и во Чешка, но и фирмата на неговиот син која имала високи приходи.

Адвокатите на Мијалков очекуваат јавната седница Апелација да ја закаже в понеделник или вторник. Од повисокиот суд велат дека откако ќе добијат мислење од обвинителството веднаш ќе закажат седница. Засега е сигурно дека в понеделник судиите од Апелациониот суд ќе одлучуваат за притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за кои исто така СЈО побара притвор по бегството на екс премиерот Никола Груевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бранителот на тронот Аргентина со шест победи во низа стигнува на Мундијалот

Актуелниот шампион на Светското првенство на доминантен начин пристигнува во САД,  Аргентина ја забележа шестата победа во серија пред стартот на Мундијалот. 

Бранителот на тронот Аргентина со шест победи во низа стигнува на Мундијалот

Аргентинската фудбалска репрезентација забележа победа од 2-0 над Хондурас на генерална проба пред почетокот на Светското првенство.

Аргентина, и покрај тоа што играше без повредениот капитен Лионел Меси, рутински го победи Хондурас во американскиот град Колеџ Стејшн, Тексас, постигнувајќи по еден гол во секое полувреме.

Лаутаро Мартинез постигна гол од пенал во 37-та минута за 1-0, а Џулијано Симеоне го зголеми резултатот на 2-0 со асистенција од Мартинез. Аргентина, актуелниот светски шампион, по завршувањето на квалификациите, одигра шест пријателски натпревари, сите ги доби, прими само еден гол.

По ред паѓаа Венецуела (1:0), Порторико (6:0), Ангола (2:0), Мавританија (2:1), Замбија (5:0) и сега Хондурас (2:0).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид

„Zero Waste“ и „Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид.

„Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид

„Денот на спортот“ доаѓа во Охрид. Езерскиот град ќе биде домаќин на Плазма Спортските игри за млади кои за првпат се одржуваат во Македонија.

На свеченото отворање, младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид, Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.

Езерскиот град исто дава врвни спортисти, на „Денот на спорт“ ќе бидат присутни: Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар, Пелистер…и сегашен тренер во младинските категории ГФК Охрид Лихнидос. Боксерот Наум Стојаноски, кој е член на БК „Алексо Огненовски“ и македонски репрезентативец, како и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона со својот тим го освои ЕХФ Европскиот Куп.

Охрид ќе биде и третиот град во кој ќе се одржи спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата, кој поради својот иновативен пристап кон учењето преку спорт, е популарен кај децата.

„Zero Waste“ кој претходно се одржи во Прилеп и во Битола е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca Cola, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ.

Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад. По интерактивната едукација за заштита на животната средина, децата и младите се натпреваруваат на образовен полигон, а за најдобрите има награди.

„Симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Охрид – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, Охрид е десетиот град домаќин на СИМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалерите на Иран поради визите во големи проблем на Мундијалот во САД, Канада и Мексико

Иранската фудбалска репрезентација ќе мора во ист ден да влезе и излезе од територијата на САД во деновите на одигрување натпревари на територијата на САД на Светското првенство.

Фудбалерите на Иран поради визите во големи проблем на Мундијалот во САД, Канада и Мексико

„Можеме да влеземе во земјата наутро, а мора да ја напуштиме истиот ден“, изјави иранскиот амбасадор во Мексико, Аболфазл Пасандиде, пренесува Ал Џезира.

Поради американско-израелската војна против Иран, базата на иранскиот тим за време на турнирот, кој се одржува во САД, Мексико и Канада, ќе биде во Мексико, наместо во американската сојузна држава Аризона, како што првично беше планирано.

Иран треба да ги игра сите три натпревари од групната фаза на западниот брег на САД, почнувајќи со натпревар против Нов Зеланд во Лос Анџелес на 15 јуни. На ист стадион ќе се одигра и мечот против Белгија, а дуелот против Египет, Иран ќе го игра во Сиетл.

Претходно, иранските медиуми објавија дека САД одбиле да издадат визи на дел од тренерскиот и административниот персонал на иранската фудбалска репрезентација пред Светското првенство во 2026 година.

Според иранските медиуми, сите 26 фудбалери добиле визи, но на неколку членови на тренерскиот персонал и администрацијата, вклучувајќи го и медицинскиот и аналитичкиот персонал, визите им биле одбиени.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и високи функционери разговарале со иранските власти зад затворени врати во обид да го спречат она што некои го опишаа како една од најголемите дипломатски кризи во историјата на Светските првенства, според Ал Џезира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер