3ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите
МакедонијаЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матурантиДенес започна полагањето на државната матура за учебната 2025/2026 година. Вкупно 14.587 матуранти се пријавени за полагање на испитите со кои го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за продолжување на високообразовните установи или за вклучување на пазарот на трудот. Полагањето се спроведува во училиштата каде што се обезбедени сите законски и организациски услови, а дел од учениците, по барање на училиштата, полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска го посетија Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде полагаат учениците од СУГС „Васил Антевски – Дрен“. Во изјава за медиумите, министерката Јаневска на сите матуранти им посака успех во полагањето и истакна дека годинава матурата се реализира според нов концепт кој овозможува поправеден пристап кон оценувањето на учениците. „За првпат државната матура се спроведува според новата Концепција која предвидува државна, стручна и уметничка матура. На овој начин учениците ќе бидат тестирани според наставните содржини што реално ги изучувале во текот на средното образование, што претставува значаен исчекор кон поголема правичност и еднакви можности за сите матуранти“, изјави Јаневска. Информираше дека типот на матура може да се избере и во зависност од тоа дали и каде би сакал матурантот да продолжи да се надградува. Како што рече, високообразовните установи уште кон крајот на минатата година известија со каква матура еден ученик може да се запише на нивните студиски програми. Матурантите денес го полагаат првиот од двата екстерни испити – странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура. Вториот екстерен испит, по мајчин јазик, ќе се реализира на 11 и 12 јуни. „Очекувам процесот да помине во најдобар ред и во фер атмосфера. Заедно со училиштата, тестаторите и набљудувачите работевме на создавање услови за регуларно спроведување на испитите. Ги повикувам учениците да се потпрат на сопственото знаење, бидејќи секој обид за препишување носи сериозни последици и може да го одложи стекнувањето на дипломата за цела година“, нагласи министерката. Директорката на Државниот испитен центар, Михајловска информираше дека од вкупниот број пријавени матуранти, 12.184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2.276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура. „Организацијата на државната матура според новата Концепција, бара поголем ангажман, но Државниот испитен центар во координација со министерството и училиштата успешно ќе одговори на предизвикот, во чиј фокус се интересите на учениците“ изјави Михајловска. За непречено и регуларно спроведување на матурата ангажирани се околу 2.500 тестатори и 200 набљудувачи. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна еден месец по полагањето на вториот екстерен испит.Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
БалканПродолжение или крај на ерата на Вучиќ?Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела.Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела, на кои како никогаш претходно владеачка елита не се соочува со можност за пораз од студентско движење кое прерасна во најсилна опозициска сила. И студентската листа и листата Обедината Србија последните пораки ќе ги испрат од Белград, пред стапувањето на изборниот молк. Александар Вучиќ кој влезе во трката за премиер, синоќа од Ниш ги повика граѓаните на масовност, за како што рече, да докаже дека не стравува од голем одѕив, кој според анализите би им одел во прилог на студентите. Поддршка му дадоа и поранешните претседатели на Србија и на Републкика Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик. -Кога ќе ги прашате дали ќе ѝ воведете санкции на Русија: „туц“, „мух“, „ух“, „их“, но одговор нема. Ја покажавме разликата меѓу нас и нив, и така треба да се однесуваме во недела. Ајде, победа во недела, убедлива победа, победа во Ниш, победа во цела Србија. , изјави Александар Вучиќ. И додека Вучиќ го држеше говорот во Ниш, реки студенти и граѓани марширајќи од повеќе српски градови, допатуваа во Белград, пред денешниот главен митинг на плоштадот Славија. Илјадници граѓани френетично ги поздравија на улиците студентите, предводени од носителот на нивната листа, кадиологот Илија Срдановиќ. -Екслозија на повеќедецениското акумулирање на среќа, на нашата несреќа, гнев, очај, сега конечно излегува на виделина. -Мислам дека ова е фантастичен настан. Нема веќе назад. Ова е победа и пред гласањето. Мислам дека во недела само треба да потпишеме и тоа да се потврди. -Немам зборови, затоа сум тука. И мислам дека допрва ќе биде добро. , изјавија жители на Белград. Анкетите во Србија во изминатиот период покажаа спротивставени бројки. Последното истражување на „Нова српска политичка мисла“, објавено вчера, покажа предност за студентите во однос на Српската Напредна партија на Вучиќ од два процента, но и прогноза за огромна излезеност од 80 проценти. Токму поради тесните бројки во дел од анкетите, експертите по безбедност очекуваат атмосферата да се вжештува во текот на 48-часовниот молк, која би кулминирала на денот на изборите. -Веројатно некои поединци ќе се одлучат на такви чекори да излезат и да кажат дека изборите се „украдени“ и на некои места да предизвикаат хаос, треба да знаат дека ќе има голем број припадници на безбедносните сили. Тоа е воиграна тактика и тие активности се подготвуваат однапред. , изјави за Курир, Мирослав Беговиќ, професор по безбедносни науки Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до 20 часот в недела. За 250 места во Собранието се натпреваруваат 18 изборни листи. Право на глас имаат речиси шест и пол милиони гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани терминиВтор ден од вакцинацијата против сезонски грип. Во поликлиниката „Бит Пазар“ вакцинацијата тече без застој, а граѓаните пристигнуваат еден по друг на закажаните термини. Вчера се вакцинираше медицинскиот персонал, а денеска граѓаните пред нашата камера кажаа зошто се одлучиле на вакцинација. Во првите денови од имунизацијата приоритет имаат најранливите категории граѓани. Кој сè има право на бесплатна вакцина и како се одвива процесот, објаснува доктор Соња Ралева. „Вакцинацијата поминува со уреден тек, закажаните граѓани си доаѓаат во регуларните термини. Од Мој термин се закажани на 10 минути и нема ниту гужви ниту чекања.Во првите неколку дена се закажани најризичните граѓани, возрасни од 65-годишна возраст и во оваа група припаѓаат и ризичните групи, пациентите со хронични заболувања, бремените жени и малите деца од шест месеци до петгодишна возраст – за оваа група вакцинацијата е бесплатна.“- изјава – д-р Соња Ралева. Доктор Ралева дополнително појаснува дека поради големиот интерес, особено кај повозрасната популација, граѓаните мора претходно електронски да се пријават преку веб-страницата vakcinacija.mk. Без регистрација и закажан термин, не е можно директно да се дојде на вакциналниот пункт и да се прими вакцина. Интересот за вакцинација е голем. За само една недела се пријавиле над 55 илјади граѓани. Во земјава пристигнаа првите 30 илјади вакцини, а дополнителни количини се очекуваат во ноември. Здравствените работници апелираат граѓаните да немаат страв од вакцинацијата, посочувајќи дека досега не се пријавени сериозни несакани реакции и дека вакцината го намалува ризикот од компликации од сезонскиот грип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаПовеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предметиПоловина од судовите во земјава добиле оценка дека се неажурни, над 134 илјади предмети останале нерешени, недостасуваат 163 судии и околу 3000 судски службеници.. Ова се дел од податоците за 2025 година од извештаите на судскиот буџетски и на Судскиот совет, кои денеска беа разгледани на комисиска седница во Собранието. Претседателот Александар Камбовски потенцираше дека сето ова е резултат на бројните кадровски проблеми – лани од министерството за финансии немале одобрено ниту едно редовно вработување, и покрај тоа што недостасуваат стручни соработници, записничари, службници во писарници, курири, информатичари.. За ефикасно судство се потребни услови, а ако нема суштински мерки, и во иднина ќе се зголемува бројот на предмети кои се одолговлекуваат, алармира Камбовски. -Во моментов судството ни функцнионира во хроничен кадровски дефицит. Недостаток на судии и судски службеници е најголема закана за ефикасноста на судскиот систем. Финансиската зависност ја ограничува реалната независност на судството. / Без суштинско подобрување на кадровската и финансиската состојба, постои ризик од дополнително влошување на ажурноста, зголемување заостатоци и натамошно намалување на довербата на граѓаните во судството,- Александар Камбовски – претседател на Судски совет. Пратениците си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за поразителните податоци. Според опозицијата, актуелната власт треба да ги тргне рацете од судството и да им овозможи независна работа, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелната состојба е последица на претходната власт. Во текот на минатата година до Судски совет пристигнале 425 претставки од граѓани, а само 13 биле оценети како основани, најголем дел поднесени поради незадоволство од донесени судски одлуки. Имало и 90 барања за поведување постапка за утврдување одговорност, во кои биле опфатени 161 судија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter