Андоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци - Канал 5

Андоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на брифинг со новинарите го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Андоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Станува збор за целосно електронски систем за издавање, проверка и јавно следење на лиценци преку електронски регистар и QR код.

Како што истакна министерот Андоновски, целта на овој систем е секоја лиценца издадена од институција да може да се провери брзо, точно, официјално и без непотребни административни пречки.

„Наместо документ што се носи, фотокопира, препраќа и тешко се проверува, воведуваме модел во кој постои еден официјален електронски запис, поврзан со QR код и со електронски регистар кој ја покажува точната моментална состојба“, посочи Андоновски.

СМАРТ лиценцата не претставува само електронска замена за печатениот документ, туку дел од нов систем кој опфаќа електронско барање, електронска обработка, електронски регистар, QR проверка и проверлива трага на постапката. Со едно скенирање ќе може да се провери официјалниот статус на лиценцата – дали е важечка, истечена, суспендирана, укината или во постапка.

Првиот пилот-проект веќе е имплементиран во Министерството за дигитална трансформација, за давателите на квалификувани доверливи услуги. Станува збор за услуги од особено значење за дигиталната економија и правната сигурност во електронското работење, како што се квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, автентичност на веб-страници, електронски временски жигови, електронска препорачана достава, валидација и електронско складирање на документи.

Процесот е целосно структуриран и лесен за следење. Правното лице се најавува на Националниот портал за е-услуги, избира вид на квалификувана доверлива услуга, пополнува електронско барање и ги прикачува потребните прилози. Дел од податоците се преземаат автоматски, каде што тоа е возможно, а дел се внесуваат и валидираат во процесот.

По поднесувањето, системот враќа единствен идентификатор и архивски број на барањето, со што секој предмет добива јасна следливост – од моментот на поднесување, преку обработката, до конечниот одговор. Субјектот може да го следи својот предмет преку своето сандаче на порталот, а повратниот одговор се добива како електронски документ: решение за одобрување, решение за одбивање или решение за некомплетно барање.

Кога лиценцата е одобрена, таа се појавува во електронскиот регистар со статус „важечка“ и со можност за QR проверка. QR кодот не води само до копија од документот, туку до официјална проверка на статусот во регистарот. Тоа значи дека граѓанин, компанија, инспектор или друга институција ја проверува актуелната состојба во моментот на проверката, а не стара копија, испратен PDF или застарен документ.

„Ова создава поголема доверба. Ако лиценцата е важечка – тоа јавно се гледа. Ако е укината, истечена или суспендирана – и тоа мора да биде видливо преку проверката. Така се заштитуваат граѓаните, се заштитуваат компаниите кои работат законски, а институциите добиваат поефикасна контрола“, нагласи министерот Андоновски.

Со СМАРТ лиценците, граѓаните добиваат можност за проверка на лиценца за неколку секунди, компаниите добиваат поголема доверба во правниот промет, намалена субјективност од администрацијата и помалку чекање во административните процедури, додека институциите добиваат електронски регистар достапен во реално време, со помалку хартија, помалку барања за потврди и подобра инспекциска и јавна контрола.

Андоновски потенцираше дека овој модел не треба да остане ограничен само на Министерството за дигитална трансформација, туку може да се примени и во други области, како угостителство, транспорт, логистика, осигурување, хотелиерство, правосудство, животна средина, урбанизам и дозволи за градење.

„Секаде каде што постои лиценца, дозвола или одобрение што јавноста треба да може да го провери, може да постои и СМАРТ лиценца“, рече Андоновски.

Во напредна фаза на развој и тестирање се и лиценците на Министерството за економија и труд, кои се однесуваат на ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел, а се очекува тестирањето да заврши до крајот на јуни.

„Нашата цел е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи. Државата мора да обезбеди податоците да бидат точни, достапни, проверливи и безбедни“, истакна министерот Андоновски.

СМАРТ лиценците се конкретен пример како дигитализацијата носи реална вредност: помалку хартија, помалку бирократија, повеќе доверба, побрза проверка и поголема отчетност. Министерството за дигитална трансформација продолжува со развој на јавни услуги кои се едноставни за користење, правно валидни, безбедни и проверливи во секој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Сè што сакаме од фудбалот видовме  синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планета

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Бранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2.

Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања.

Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид.

YouTube video

Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите.

ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79')

Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52')

Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.)

Порто - ПСВ 0:1

Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87')

Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47')

Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4')

Вечерва играат :

среда

18.45

Комо - М. Јунајтед

Лил – Галатасарај

21.00

Астон Вила - Викинг

Баерн - Арсенал

Бетис - Феенорд

Клуб Бриж - Ланс

Интер - Шахтјор

Реал Мадрид - Лајпциг

Спортинг - ЛАСК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

 Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си.

Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна.

- Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население.

Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер