60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп: Ден посветен на Дејан Дуковски - Канал 5

60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп: Ден посветен на Дејан Дуковски

Ден посветен на Дејан Дуковски, автор во фокус - промоција на драми, изложба, разговор.

60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп: Ден посветен на Дејан Дуковски

Дејан Дуковски, автор во фокус на 60. јубилејно издание на фестивалот, ќе биде во фокус на програмата на фестивалот денеска. Програмата во негова чест ќе започне во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со краток настап на студенти на ФДУ, кои работеа со режисерката Шенај Мандак. Ќе следува отворање на изложба на постери од претстави поставени според драмските текстови на Дуковски по цел свет. Авторка на изложбата е Јасмина Алексова.

Веднаш потоа ќе следува промоција на двете книги со драми на Дуковски, во издание на „Арс Ламина“. Ќе се обратат уредничката на книгите, Оливера Ќорвезироска и Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот и авторка на поговорот.

Изданијата, насловени „ДРАМИ – Книга 1“ и „ДРАМИ – Книга 2“, се објавени во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, под импринтот „Арс Либрис“. Во првата книга се застапени драмите: „Балканот не е мртов“, „Буре барут“, „Маме му ебам кој прв почна“, „Другата страна“ и „Празен град“. Во неа има и впечатлив предговор од Слободан Унковски, нашиот истакнат режисер, кој тесно соработува со Дуковски уште од неговите почетоци.

Втората книга ги содржи: „Утерус“, „Изгубени Германци“, „Дух кој оди“, „Последниот балкански вампир“ и „Црно злато (Опиум или Пари)“ – најновиот драмски текст на

Дуковски, кој годинава ја имаше својата праизведба во Белград, а до крајот на годинава ќе биде поставен и на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Двете книги „Драми“ претставуваат значаен придонес за македонската книжевна и театарска сцена – можност новите генерации да го откријат, а постарите читатели одново да му се навратат на еден од најмоќните драмски гласови кај нас.

Вечерва на програмата се две претстави од официјалната програма - „Чечинџ“ на Јане Спасиќ, на Театар за деца и младинци во 19 часот на сцената 105. Во претставата играат: Никола Наковски, Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Ненад Митевски и др.

Во 21 часот ќе следува „Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо, во режија на Ивана Ангеловска, на Штипскиот театар. Играат: Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонов, Никола Кузелов, Стефанија Митовска и Ава Хусеини.

Вчера започна и пичинг-форумот „Драмолетање 2.0.“, како простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на авторите со театарските институции и продукции. Авторите Катерина Момева (текст „Сингл“), Габриела Стојаноска Станоеска („Трудници“) и Мартин Миљев („Летај Исак, не застанувај“) на првиот ден од работилницата, заедно со продуцентот Петар Антевски учеа како да го презентираат својот драмски текст пред продуцентите, режисерите.

Во воведното обраќање Ана Стојаноска, уметнички директор на Фестивалот, која и самата пишува драмски текстови, изрази лично жалење што не може да учествува на конкурсот за драмски текстови „Драмолетење 2.0“, но истакна дека е многу важно што има нови гласови кои никако да стигнат до театарската сцена.

- На студентите во четврта година им задавам задача да истражуваат и да бараат нови автори. Се надевам со прилепскиот инает и упорност на сите дека ќе стигнеме до авторот и ќе се оствари патот - рече Стојаноска.

Петар Антевски, на работилницата откри како тој ги претставува драмските текстови, односно кој шаблон го користи, дека е најважно на кус начин да се стигне до „слушателите“ на драмскиот текст.

- Се започнува со „кука“ односно со јадица, а тоа е еден интересен дел да го привлече потенцијалниот продуцент или режисер - рече Антевски, потоа објаснувајќи дека на „слушателот, после куката му се дава административната лична карта на драмскиот текст. Низ четири одговори - како се вика драмскиот текст, за што се зборува во текстот, што е по форма и основната тема, треба да се објасни во една реченица. После ова, според него, следи срцето на приказната, а откако ќе се зададе темата, се презентира конфликтот односно заплетот. Слушателот сака кусо и со една реченица да биде заинтригиран.

Фестивалот и годинава ги става во фокус Прилеп и неговите театарски вредни уметнцици. Вчера беа отворени две изложби посветени на актерите Лидија Иваноска, Трајче Иваноски и Благоја Ивчески, актер и режисер.

Фотографии, лични работи, исечоци од написи во весници се дел од интимните изложби што се поставени во „Тротоар“ и во „Лувр“ за време на фестивалот. Членовите на семејствата на овие уметници изразија благодарност до фестивалот за укажаното внимание. Актерот Ивчески, видно емотивен рече дека и е среќен за ова внимание, но и тажен зошто дочекал на 60 години од фестивалот да има клуч на вратата на Театарот „Војдан Чернодрински“.

Вчера се одржа и првата тркалезна маса на претставите од официјалната програма. За претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, на Драмски театар, зборуваа актерите Александар Степанулески, Филип Трајковиќ и Златко Митрески. Тие се осврнаа на предизвикот да се игра по нов текст чија база се наоѓа во култниот „Диво месо“ и претставува еден вид коментар на времето денес. Модераторот Звонко Димоски направи одличен пресек на претставата, посочувајќи ги најважните места во неа. Степанулески истакна дека се труделе да избегаат од „Диво месо“ во градењето на ликовите. Во однос на темите, денеска еден автор има поголем предизвик кој проблем да не го опфати во текстот, додека во „Диво месо“ се гледаат многу помалку проблеми од времето во кое е создадена.

-Живееме во паралелни светови. И се што е банално и делува нереално, е всушност реалност. Затоа и претставата лесно допира до публиката. Живееме во ремек-недело на живеење - рече Степанулески и додаде дека соочувањето со себе е една од најважните линии во оваа претстава.

Филип Трајковиќ посочи дека тоа што и приватно се познаваат актерите дека им помогнало многу во процесот на создавање на ликовите. Прикажале едно семејство кое може да биде кое било. Ликовите покажуваат дека сите ние како да сме еден ист лик од едно семејство и кај секого на различен начин се има порив за борба.

Златко Митрески кој е чиновник во претставата истакна дека низ неговиот лик се гледа системот што го имаме денес, невозможноста лесно да е заврши одредена админситративна работа без компликации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер