Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц - Канал 5

Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека од самитот во Тиват се враќа задоволен и охрабрен, оценувајќи дека пораките од европските лидери биле најсилни досега кога станува збор за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц

Според него, на самитот било потврдено дека процесот на проширување на Европска Унија останува активен и дека паралелно со него се подготвува нов механизам за продлабочување на односите меѓу Унијата и земјите од регионот.

Макеодонскиот премиер истакна дека од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц добил уверување дека се работи на документ кој ќе овозможи користење на одредени европски алатки и механизми од страна на земјите од Западен Балкан.

„Тој документ не е во конфликт со проширувањето. Станува збор за два паралелни процеси – едниот е нов механизам за соработка, а другиот останува процесот на проширување“, рече премиерот.

„Мојот оптимизам се темели на тоа што јас бев единствениот кој од земјите од западен Балкан имаше билатерални состаноци и со францускиот претседател Макрон и со германскиот канцелар Мерц. И точно знам што се зборуваше на тие состаноци и точно знам што ќе следи во периодот којшто е пред нас. Од страна на соговорниците добив одговори на некои од дилемите и кога ќе го имаме сето ова во предвид, оттаму доаѓа мојот оптимизам и инспирација, истакна Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасена Венецуелка: Се држев за довратокот, додека сите катови се уриваа (ВИДЕО)

Спасувачките екипи се тркаат со времето додека ги пребаруваат урнатините за преживеани откако два силни земјотреси ја погодија Венецуела во близина на главниот град.

Спасена Венецуелка: Се држев за довратокот, додека сите катови се уриваа (ВИДЕО)

Грасиела Мора беше свесна додека вработените во службите за итни случаи и волонтерите ја извлекуваа од урнатините на срушената зграда во Ла Гваира. „Кога започна тресењето, ја зграпчив рамката на вратата најсилно што можев“, вели таа, „толку силно што си го скршив прстот“.

Зборувајќи пред камера неколку моменти по спасувањето, додека сè уште беше на носилка, таа рече дека се држела за рамката на вратата „сè додека сите катови не се срушија“. „И тогаш видов рака и ја зграпчив“, го опиша моментот кога сфатила дека ќе биде спасена.

YouTube video

Помош пристигнува од целиот свет, а американската војска испраќа бродови и транспортни авиони. Бројот на исчезнати лица моментално изнесува 50.113. Најмалку 589 лица загинаа, а најмалку 4300 се повредени.

Луѓето спиеја на улиците, плашејќи се да се вратат во своите домови, додека спасувачите немаа опрема, а граѓаните копаа и со голи раце за да помогнат во извлекувањето на луѓето од урнатините. Шест тима кучиња-трагачи со водичи беа испратени во Венецуела.

Потсетете се дека првиот земјотрес со магнитуда од 7,2 степени беше проследен со уште посилен, со магнитуда од 7,5 степени. И двата земјотреси се случија близу до површината, предизвикувајќи уште поголеми разурнувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали пензионерите би можеле да се соочат со значително пониски пензии?

Вистинска паника меѓу сегашните и идните пензионери предизвикаа најавите дека тие  би можеле да се соочат со значително пониски пензии доколку не се спроведат реформи во пензискиот систем.

Дали пензионерите би можеле да се соочат со значително пониски пензии?

На оваа тема пред малку со директорот на ПИОМ Никола Мемов разговараше колегата Дејан Трајковски, го имаме во живо...

Дејан, што вели Мемов дали има место за загриженост околу пензиите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрват убил Србин во Виена поради војната- осуден е

Политичкиот спор околу војната во 90- тите ескалираше на 29 ноември минатата година во Виена, кога 57-годишен Хрват го избоде до смрт својот познаник, Србинот Мирко Вереш (49). 

Хрват убил Србин во Виена поради војната- осуден е

„Секогаш кога пиеше, секогаш зборуваше за Србија и Хрватска“, сведочеше сведок во Виенскиот државен суд. Обвинетиот сега е осуден на дванаесет години затвор, но не за убиство, пишува австрискиот „Кроне Цајтунг“.

Кавга за војната

Сè започна како дружење во мал стан во квартот Леополдштат во Виена, каде што 57-годишниот обвинет и подоцнежната жртва беа гости на заеднички пријател, пренесе Индекс.

Меѓутоа, како што одминуваше вечерта, со алкохолот, страстите се разгореа околу болната тема за војната. Обвинетиот Хрват, бравар по професија и учесник во војната, се судри со Вереш, чие семејство е од Суботица, но припаѓа на хрватско-бошњачкото малцинство. Сопственикот на станот бил Србинот.

Убод во срце

„Сите беа екстремно пијани“, објасни адвокатот на одбраната Заид Рауф на суд. „Разговорот се одвиваше во сите правци, сите тројца учествуваа. Ситуацијата ескалираше.“ Според изјавите, во еден момент избувнала тепачка помеѓу жртвата и домаќинот.

„Потоа мојот клиент се помрачил. Отишол до фиоката во кујната, зграбил нож и го избодел“, рече адвокатот. Државниот обвинител истакнал дека убодот во грбот бил толку силен што сечилото долго 25 сантиметри пробило сè до срцето, убивајќи го човекот на лице место.

„Знам дека убив човек. Навистина ми е жал што е мртов“, рече обвинетиот Хрват пред судот. Кога претседателот на судскиот совет го прашал што се случува кога некој е така избоден во грб, тој одговорил: „Можеби повреди? Само сакав да го повредам. Зедов нож од фиоката и го избодов. Тоа е тоа.“

Осуден на 12 години затвор

Единствениот сведок на злосторството, видливо потресен, рече: „Дури и денес не можам да разберам зошто мораше да има таква тепачка“. Таа потврди дека 57-годишникот, кој немал криминално досие, никогаш претходно не бил насилен, но дека алкохолот и воените приказни се опасна комбинација. „Секогаш кога пиел, секогаш имало приказна за Србија и Хрватска“, повтори таа.

Поротата на крајот го прогласи Хрватот за виновен, но не и за виновен за убиство, како што побара обвинителството. Делото беше прекласифицирано како намерно нанесување тешки телесни повреди со смртоносни последици. Тој беше осуден на дванаесет години затвор, а пресудата сè уште не е конечна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер