Сончево со температури до 34 степени - Канал 5

Сончево со температури до 34 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Сончево со температури до 34 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пороен дожд ја поплави Битола: Водата навлезе во домови и дворови

Поплавени куќи, дворови и помошни деловни објекти на повеќе локации низ градот.

Пороен дожд ја поплави Битола: Водата навлезе во домови и дворови

Надојдената вода од поројниот дожд успеа да ги поплави и коловозите но и крстосниците во центарот на Битола каде на неколку места се создадоа и езера. Ова накратко е епилогот од едночасовниот пороен дожд кој ја зафати Битола.

Најкритично беше во центарот на Битола, каде дел од раскрсниците се претворија во езера во кои беше опасно да се влегува и со автомобил. Надојдената вода заедно со наносите од кал не ги одмина ниту домовите на битолчани, а од невремето беа оштетени и десетици возила.

- Големиот дожд поплави повеќе домови и сообраќајници во Битола – РЦУК.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Битола информираат дека по невремето се регистрирани повеќе пријави за поплавени куќи, дворови и помошни простории на различни локации во градот. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, за краток временски период во Битола наврнале 28 литри дожд на квадратен метар.

Невремето траело од 20:40 до 21:40 часот, а преку бројот за итни повици Е-112 биле примени повеќе пријави за поплави. Покрај станбените објекти, под вода останаа и повеќе улици, вклучително и главните сообраќајници во центарот на градот, што предизвика значително отежнато одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението на РЦУК.

Градочалникот на Битола Тони Коњановски уверува дека последиците од вчерашното невреме веќе се санирани.

-Во моментов, ситуацијата е потполно мирна и стабилизирана. Покрај обилниот дожд од синоќа кој во многу краток временски период ја зафати Битола, на двете мерни места кај млекарата и на браната кај стрежово измерени се на едно место 28 литни на метар кубен што е огромна количина на дожд на мал простор. Дојде до изливање на делот на улиците во градот онаа стара канализациона мрежа се покажа како системски проблем. Штета уште нема никој посебно пријавено, меѓутоа имаше и заглавени возила кои се нашле во тој момент, нешто што при вакво невреме невозможно е да го превенирате – изјави Коњаноски.

Општинските служби најавуваат дека ќе продолжат со активностите за целосно санирање на последиците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече забрана како превентивна мерка до добивање на резултатите од лабораториските анализи. Одлуката следува откако со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад'' потврдуваат дека помош со симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност, побарале околу 1000 пациенти.

-Досега хоспитализирани пациенти нема, има само амбулантски пациенти кои примат терапија и се пуштат дома. Меѓу пациентите има од сите возрасти меѓу кои и деца и тоа околу 320 деца за 3 дена. Се чека резултат од Институтот за Јавно здравје за дополителни информации,- -ЈЗУ Општа Болница „Д-р Ферид Мурад'' Гостивар.

Од полицијата велат дека презеле итни мерки и активности на терен во село Вруток, се сомневаат дека пумпите биле поставени за да се зголеми притисокот на мрежата.

-Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар,- -СВР Тетово.

Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески рече дека е рано во моментов да се дава правна квалификација на настанот додека се преземаат истражни дејствија за да се утврди за што точно станува збор.

-На подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејствија во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Треба да се види дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или се работи за состојба од друг аспект. Така што, во моментов се преземаат истражни дејствија од страна на надлежниот јавен обвинител од ОЈО Гостивар,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

Од Институтот за јавно здравје потврдија дека се земени примероци, и во текот на викендот ќе ги имаат резултатите, а во меѓувреме се спроведуваат и епидемиолошки анкети.

-Веднаш по добивањето на налогот од ЈО, ИЈЗ испрати своја екипа, земени се мостри истите се дадени на обработка на анализа, во очекување сме на резултатите согласно протоколите, потребно е да бидат поминати 48 часа во однос на микробиолошките анализи. Штом ги имаме резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството,- изјави – Марија Андоновска – Директор на ИЈЗ.

Забраната за употреба на водата ќе остане во сила сè до добивањето на резултатите со кои ќе се потврди дали таа е безбедна за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатини

Стотици спасувачи во југозападна Кина се во трка со времето откако свлечиште утрово го погоди градот Чонгкинг, при што беа уништени згради, а жители останаа заробени под кал и урнатини.

Видео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатини

Катастрофата е една од неколкуте предизвикани од обилните врнежи и од екстремните временски услови кои погодија делови од кина во последните недели. Поради ситуацијата, на местото беа испратени високи претставници за спасување од Пекинг.

Локалните претставници во Чонгкинг забележале повремени одрони на карпи и издале итно предупредување околу 8 часот утринава, а според извештајот, околу еден час подоцна се случило големо свлечиште кое поминало низ неколку станбени објекти и ги заробило жителите кои биле во процес на евакуација.

Властите соопштија дека спасувачката операција продолжува и дека сите информации за евентуални жртви ќе бидат објавени подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер