Чомовски: Проблемот не е да го исчистиш градот, проблемот на Скопје е да остане чист - Канал 5

Чомовски: Проблемот не е да го исчистиш градот, проблемот на Скопје е да остане чист

“Уште повеќе ѓубрето ни покажува дека не сме дораснати и дека не сакаме да видиме што е тоа стандард во развиениот свет, а што може да го примениме и кај нас“

Чомовски: Проблемот не е да го исчистиш градот, проблемот на Скопје е да остане чист

Корупцијата не е само во судството и во обвинителството. Нема корупција без спрега на тие институции со власта, МВР и политичките сили. Но ние тоа го отфрламе, мислиме дека нема корупција. Три години наназад овде Холандскиот Амбасадор ни вели не ви е проблем Бугарија, вие имате корупција, проблем ви се дефетизмот и погрешното водење и функционирање на институциите. Кога некој не' критикува, тоа го доживуваме како дел од критиката на дел од ЕУ. Мала држава сме, уште повеќе ѓубрето ни покажува дека не сме дораснати и дека не сакаме да видиме што е тоа стандард во развиениот свет, а што може да го примениме и кај нас. Проблемот не е да го исчистиш градот, проблемот на Скопје е да остане чист и тоа е умешноста на менаџирањето со урбано Скопје. Влегуваме во најстрашната фаза на провинционализам, вели Алекдандар Чомовски во Само Вистина.

YouTube video

YouTube video

Мурињо се враќа на Стамфорд Бриџ

Прославениот фудбалски менаџер Жозе Мурињо се враќа во Лондон на стадионот Стамфорд Бриџ. Тој сега како менаџер на Бенфика ќе ја предводи својата екипа во натпревар од 2.коло од Лигата на шампионите против Челзи.

Мурињо се враќа на Стамфорд Бриџ

По освојувањето на пехарот во Купот на УЕФА, а потоа и Лигата на шампионите, Мурињо ја презеде екипата на премиерлигашот Челзи, каде имаше извонредни резултати. Во својата кариера покрај националните титули со Челзи, Интер и Реал Мадрид, португалскиот тренер ја освои и втората титула европски шампион со Интер.

Во последните години Мурињо со Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига Европа, а низата на европски пехари го заврши со освојувањето на Конференциската лига со Рома.

Мурињо, кој денеска има 62 години сега ја предводи Бенфика, клубот каде ја имаше својата прва професионална работа во 2000 година. /МИА

Трамп претстави план за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, Нетанјаху се согласи

Трамп вечерва претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа.

Трамп претстави план за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, Нетанјаху се согласи

Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас.

Трамп вечерва претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа.

На заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот, Трамп рече дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од Вашингтон да преземе чекори за да го порази Хамас ако таа палестинска екстремистичка организација не го прифати предложениот мировен договор.

Планот на Трамп предвидува воспоставување привремен управен одбор со кој би раководел претседателот на САД, а во него би бил и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Со планот на Трамп не се бара Палестинците да ја напуштат Газа и се повикува на моментален прекин на војната ако двете страни го прифатат.

Се повикува и на ослободување на сите преостанати заложници што ги држи Хамас, во рок од 72 часа откако Израел ќе го прифати планот.

Трамп го повика палестинскиот народ да ја преземе одговорноста „за својата судбина“ и да го прифати неговиот мировен предлог.

- Мислам дека сме многу блиску. Не сме сосема готови. Мораме да се избориме со Хамас, рече Трамп на почетокот на заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот.

Нетанјаху изјави дека Израел „сам ќе ја заврши работата“ ако Хамас го одбие планот на Трамп или ако наводно го прифати, а потоа направи сè за да му се спротивстави.

- Ова може да се направи на полесен или на потежок начин, но ќе биде направено, рече премиерот на Израел.

Демант од Проф.Александар Рашковиќ, независен кандидат за градоначалник на град Скопје (поддржан од ТМРО)

Демант до Канал 5 телевизија од независниот кандидат за градоначалник на град Скопје Проф.Александар Рашковиќ кој е поддржан од ТМРО.

Демант од Проф.Александар Рашковиќ, независен кандидат за градоначалник на град Скопје (поддржан од ТМРО)

Во продолжение демантот го пренесеуваме интегрално:

„До редакцијата на Канал 5 телевизија,

Во централните вести на Вашата телевизија бев претставен како кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на политичката партија ТМРО. Сакам јасно да истакнам дека тоа не е точно.

Јас сум независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, а политичката партија ТМРО само ја дава својата поддршка на мојата независна кандидатура.

Ве замолувам да ја коригирате оваа неточна информација и во иднина да внимавате на точноста на објавените содржини, со цел јавноста да биде информирана прецизно и професионално.

Со почит,

Проф.Александар Рашковиќ

Независен кандидат за градоначалник на Град Скопје (поддржан од ТМРО)

притисни ентер