3Манасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни
Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
1Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
ФудбалМурињо се враќа на Стамфорд БриџПрославениот фудбалски менаџер Жозе Мурињо се враќа во Лондон на стадионот Стамфорд Бриџ. Тој сега како менаџер на Бенфика ќе ја предводи својата екипа во натпревар од 2.коло од Лигата на шампионите против Челзи.По освојувањето на пехарот во Купот на УЕФА, а потоа и Лигата на шампионите, Мурињо ја презеде екипата на премиерлигашот Челзи, каде имаше извонредни резултати. Во својата кариера покрај националните титули со Челзи, Интер и Реал Мадрид, португалскиот тренер ја освои и втората титула европски шампион со Интер. Во последните години Мурињо со Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига Европа, а низата на европски пехари го заврши со освојувањето на Конференциската лига со Рома. Мурињо, кој денеска има 62 години сега ја предводи Бенфика, клубот каде ја имаше својата прва професионална работа во 2000 година. /МИАТагови: Жозе Мурињо Стамфорд Бриџ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
БалканМасовни протести во Тирана – се бара оставка од РамаМасовни демонстрации се одржаа вчера во Тирана, на кои демонстрантите бараа оставка од премиерот Еди Рама, привремена замена на неговата влада, уставни реформи и крај на корупцијата.Медиумските снимки покажаа десетици илјади луѓе како маршираат по главниот булевар во Тирана кон плоштадот Скендербег. Нема независна потврда за бројот на демонстранти. Ноќните демонстрации започнаа поради проектот за развој на луксузно крајбрежно одморалиште во заштитено природно подрачје поврзано со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, но оттогаш еволуираа во пошироки антивладини и антикорупциски протести. Демонстрантите скандираа „Нова Албанија“ и „Еди Рама, поднеси оставка“. Маршот беше преполн со симболика. Беше подигната висока биста на рама, која подоцна беше соборена со помош на јаже, гест што потсетува на соборувањето на статуата на долгогодишниот комунистички диктатор Енвер Хоџа во февруари 1991 година, настан што се одбележува на 20 февруари секоја година. Бидејќи вчерашниот протест се совпадна со 62-риот роденден на рама, некои демонстранти носеа „торти за роденден“ направени од цемент, алузија на градежните проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби властаИгор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ.Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров. Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година. Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи - но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии. Такво нешто не постои во светот само во Циркус - Мицкоски. Особено е апсурдно кога во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска - кој во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ. Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи? Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше. Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови? Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата? Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ. Да сакаа вистински да помогнат на СДСМ, ќе ги прифатеа повиците и понудите од Претсесателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата. Оваа платформа е ЗНАМ 2.0 - проект на Мицкоски за понатамошно слабеење и делење на опозицијата, по примерот на сестринската партија СНС и Вучиќ. Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?! Реформи за да ја разбијат партијата токму сега, кога таа претставува сериозна закана за ВМРО? Сега, кога рејтингот на Мицкоски е на најниско ниво поради неговите предизборни ветувања што не се остварија и секојдневни лаги?! Сега, кога ВМРО падна за повеќе од 150.000 гласови?! Истите тие „реформатори“, кои, според нас, сносат одговорност за изборниот пораз, сега се обидуваат да го урнат СДСМ. До сателитите на Мицкоски имаме јасна порака: нема да ви помине! Скопје, 05.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорниЛевичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни.Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат. Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари. Да биде кристално јасно за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик, а тие наместо еднаш да се покажат дека можат да стојат на договорот, односно на договореното, одбија да го потпишат консензуалниот договор за новиот Изборен законик, а по тоа и го блокираат заедно со СДС. Почитувани граѓани, Ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите. Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter