Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов
1Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов
ЗдравјеПовторно недостигаат некои од лековите на Клиниката за онкологија, се жалат пациентитеБуџет за лекови на Клиниката за онкологија и радиотерпаија има, но лекови редовно нема.Две недели го нема лековите палбоцицлиб и рибоцицлиб, и додатоци во хемо терапиите реагираат од Здружението Хема Онко објаснувајќи дека мора да има промена во целиот систем за набавка на лекови. Од Клиниката за онкологија и радиотерапија објснуваат дека лековите од утре ќе ги има на клиниката, проблемот е во доцнењето од страна на дистрибутерите на кои им е укажно лековите да стигнуваат навреме. И од клиниката апелираат ревидирање на позитивната листа на онколошки лекови. Најчест проблем е ако за дел од лековите не тендер не се појави понудвач, тогаш пациентите сами ги бараат и ги купуваат лековите. Од Клиниката потврдија дека апаратите за брахитерапија работат,но застојот во зрачната терапија е во тоа што во тек е испорака на радиоактивниот извор за брахитерапијата што требало да се испорача за една до две недели. По завршувањето на целиот процес пациентите ќе бидат повикани, потврдуваат од онкологија. Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател ИвановКонференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија.Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, во периодот од 22 до 24 јуни 2026 година во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“. Конференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија, кои преку отворен дијалог разменија мислења за глобалните безбедносни предизвици, економската соработка, културната размена, дигиталната трансформација и улогата на младите во современиот свет. Во своето обраќање на свеченото отворање, претседателот Иванов истакна дека во време на растечки глобални предизвици, мирот и стабилноста можат да се градат единствено преку дијалог, почитување на различностите и заедничка одговорност за иднината. Потоа следеа обраќања на вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, амбасадорката на Народна Република Кина Џијанг Сјаојан и потпретседателот на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање Лиу Хонгцаи. На првиот панел, на тема „Предизвици за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, учествуваа поранешниот Претседател Иванов, поранешниот министер за надворешни работи на Република Турција и актуелен шеф на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Мевлут Чавушоглу, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и кинескиот инвеститор и политички аналитичар Ерик Ли, додека модератор на сесијата беше Иван Иванов од Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите. Учесниците разговараа за актуелните геополитички кризи, ерозијата на меѓународниот поредок, улогата на меѓународните институции и потребата од обновување на довербата меѓу државите и народите. Вториот панел беше посветен на економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Своите гледишта ги споделија првиот македонски амбасадор во Народна Република Кина Владимир Петковски, професорката Сонг Лилеи од Универзитетот Тонгџи, професорот Љубомир Кекеновски од Економски факултет при УКИМ, професорот Ванг Хонгји од Универзитетот за странски студии во Пекинг. Панелистите модерирани од коосновачот и генерален секретар на Пекиншкиот клуб Хуа Хан, ја нагласија важноста на инфраструктурното поврзување, трговската размена, образовната соработка и заемното разбирање како основа за одржлив економски развој. Третиот панел, „Иднината на цивилизациската визија и културната размена“, беше посветен на улогата на културата, историјата и цивилизациското наследство во градењето меѓусебна доверба. Во дискусијата учествуваа истражувачот Џанг Гуоџин, професорот Лијанг Жанџун, директорот на Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии Раби Седрак и професорот Далибор Јовановски. Модераторот Шенер Билали, советник на Премиерот за меѓуетнички односи, ги водеше панелистите низ дискусијата за тоа дека културната дипломатија останува еден од најефикасните инструменти за надминување на предрасудите и за јакнење на соработката меѓу различни цивилизации. Вториот ден од конференцијата започна со панелот „Дигитална трансформација: вештачка интелигенција, креативност и човечки потенцијал“. Сесијата ја модерираше професорот Атанас Кирјаковски од Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје, а учесници на панелот беа професорот Демин Дуан од Универзитетот во Пекинг, Игор Маџов од „Стартап Македонија“, Моника Ризовска Таневска од „Women in Tech“ и професорот Христијан Ѓорески од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ. Панелистите разговараа за влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, образованието и економијата, нагласувајќи дека технолошкиот напредок мора да биде насочен кон унапредување на човечкиот потенцијал и општествената благосостојба. На последниот панел, „Младите во променлив и турбулентен свет“, свои искуства и визии споделија Илија Тоневски, извршен директор на „Делфино Мобилити Груп“, Виктор Јакимовски, извршен директор на платформата „Пантеон“, Огнен Огненоски, основач и директор на „БизнисМрежа“, Никола Николовски – Боемот, креатор на дигитални содржини, новинар и маркетинг професионалец, и Изабела Левенска Миљаниќ, иницијатор на платформата „Музеј на јавна уметност“, додека панелот го модерираше Анастасија Илиевска, претседател на Асоцијацијата на алумни на Школата за млади лидери на претседателот Иванов и менаџер за односи со јавноста и медиумите. Дискусијата беше посветена на лидерството, претприемништвото, дигиталната комуникација и општествената ангажираност на младите генерации, и, беше нагласено дека младите претставуваат двигател на позитивните промени и клучен фактор во обликувањето на поинклузивни и поотпорни општества. Во заклучоците од конференцијата беше истакнато дека современите предизвици бараат поголема меѓународна соработка, почитување на различностите и подготвеност за дијалог. Учесниците ја потврдија потребата од јакнење на меѓусебната доверба, културната размена и партнерствата меѓу државите, институциите и граѓанските организации како предуслов за мирна и стабилна иднина. Кабинетот на претседателот Иванов и ко-организаторите изразуваат искрена благодарност до сите говорници, панелисти, партнери и учесници кои придонесоа за успешната реализација на конференцијата „Дијалог за единство и мир 2026“, потврдувајќи дека дијалогот останува најсилниот инструмент за градење мир, разбирање и соработка меѓу народите. Тагови: Ѓорге Иванов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Протеински крем њокиВо четврток (18.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Снежана Црнковиќ Акур.Состојки за денешниот рецепт: 100 гр. пилешки стек 30 мл. неутрална павлака 200 гр. њоки 20 гр. кашкавал 1 мал кромид 1 чешне лук 1 свежа краставица за прилог масло, сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелјиВо тендер коалицијата владее хаос. Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев. ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе. Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори. Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја. Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери. Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати“, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка. Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција? Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење. Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови. Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори. Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот. Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства. Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец. Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook