Партиите и независните кандидати ја почнуваат изборната кампања за локалните избори - Канал 5

Партиите и независните кандидати ја почнуваат изборната кампања за локалните избори

ВМРО ДПМНЕ од Скопје, СДСМ од Крушево и Демир Хисар ја стартуваат кампањата за локалните избори. 

Партиите и независните кандидати ја почнуваат изборната кампања за локалните избори

Кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи и двете партии ги промовираа викендот – на неколку дена пред официјалниот страт на кампњата која ќе трае до 17-ти октомври на полноќ.

ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Вистинскиот избор“, СДСМ со парола „Се бориме за нашиот дом“ ќе ја бараат поддршката од граѓаните. Очекувањата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се дека преизборната кампања ќе биде мирна, но во спротивниот табор, според него ќе доминираат лаги, контрукции и подметнувања од минатото. Повика на масовна излезност на гласачките места.

„Доколку граѓаните се задоволни од тоа што ние го работиме, јас ги повикувам по сопствена волја да излезат и на изборите на 19 октомври да го дадат својот глас за онаа опција за којашто сметаат дека е подобра. Ќе повторам две опции се, една опција е коалицијата СДС-ДУИ и Левица, тоа е едната коалиција, едната опција, треба сите да знаат, ако некој мисли дека тоа во обланда се сервира, не, тоа е јавно, јасно профилирана коалиција и втората опција е ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, така што нема трета опција. Трета опција не постои, секој оној којшто со седење дома, со апстинирање ќе казни некого, ќе покаже пркос, или пак ќе испрати некаква порака се лаже. Тогаш тој директно гласа за Венко Филипче, за Али Ахмети и за Димитар Апасиев “– Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче пак возврати дека СДСМ не е во коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Вели граѓаните на локалните ќе избираат помеѓу проевропското СДСМ и политиката на блокади на ВМРО – ДПМНЕ. Најави дека како партијата ќе водат позитивна камапња, додека од спортивната страна очекува конструкции и клевети.

„Ние немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Меѓутоа се согласувам со премииерот кога вели дека граѓаните имаат две опции, едната е напредна и проевропска опција која што нуди чесни и добри кадри коишто покажаа какос е работи за доброто на граѓаните а тоа е СДСМ и другата опција е ВМРО-ДПМНЕ кои што се служат со лаги, со клевети коишто се докажаа како неработници, коишто се докажаа со тоа што го правеа дека го блокираа и запустија градот Скопје“– Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19-ти октомври, а вториот на 2-ри ноември. Во трката за за градоначалнци влегуваат 309 кандидати, а за општиниски советници поднесени се 576 советнички листи со вкупно 10.490 кандидати. Право на глас ќе имаат 1.832.415 граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

Денеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот.

По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач.

Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен.

Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер