Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ФудбалМанчестер Јунајтед бара замена за менаџерот АморимПоранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт е потенцијалниот наследник на Рубен Аморим на менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед. Веста ја пренесуваат британските медиуми, откако Џим Ретклиф, акционерот со најмногу акции во последните недели е во контакт со Саутгејт. Инаку, токму Ретклиф во неколку наврати истакнуваше дека Португалецот Аморим е вистинското решение за „црвените ѓаволи“. Саутгејт осум години беше селектор на Англија, а имаше полуфинале на Светското првенство 2018 и две финалиња на Европските првенства (2021 и 2024), а во меѓувреме од јули минатата година е без ангажман. Како „резерви“ се споменуваат и Оливер Глазнер менаџерот на Кристал Палас, како и Андони Ираола менаџерот на Бурнемут. Секако останува прашањето кога Аморим ќе добие отказ од позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед. /МИАТагови: Аморим Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петминаЛишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаКузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежаПочнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин.На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара? Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ. Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми. Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски . Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 Лишен е од слобода романски државјанин, возел со брзина од 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80км/ч.На 04.09.2026 во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено на 04.09.2026 во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook