3Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаИнспекторот на УЈП Драган Паунов од Штип бил „информатор“ на синот на газда Деко, за возврат добивал подароциДраган Паунов, инспектор во УЈП, инаку брат на в.д претседателката на Кривичен, Даниела Димовска бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко. Во сторијата која ја објави ИРЛ беа обелоденети пораки помеѓу Михајло Јованов и и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата. Комуникацијата посочува на дојави до дискотеката пред да има инспекциска контрола, сомеж за подмитувања со подароци а се наведува и дека полициски инспектори, наводно биле редовни гости во објектот кој работел иако не ги исполнувал неопходните услови за тоа. Од Јавното обвинителство одговорија дека оваа комуникација е дел од доказниот материјал и по нив се постапува и се вршат проверки. -Законските надлежности на УЈП се однесуваат на контроли за даночни и финансиски прашања, а не на безбедносни аспекти, па од тие причини тие не беа опфатени со поднесеното обвинение. Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ, не беа предмет на ова обвинение, па проверките во однос на УЈП се вршат во контекст на евентуални коруптивни и други кривични дела на поединци. - ЈОРМ Дали УЈП има дисциплински или било какви постапки за инспекторите не се знае, иако побаравме одговор оттаму нема. Прашан за коментар околу сторијата на ИРЛ, премиерот Христијан Мицкоски рече дека секој кој е поврзан со случајот треба да одговара но и дека не е задоволен од работата на обвинителството. -Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Обвинението за случајот беше поднесено пред повеќе од три месеци, но досега не е оценето. Од скопскиот кривичен суд велат дека до крајот на неделата се очекува да се одлучи дали ќе го прифати, а одолговлекувањето на постапката за негова оценка го правдаат со тоа што се работи за обемен предмет и доставата кај дел од адвокатите не можела да се реализира навреме бидејќи и покрај тоа што им најавиле дека обвинителниот акт ќе им го достават до нивните канцеларии, тие биле отсутни. -Со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени.- Основен кривичен суд Скопје Откако ќе биде оценет, Судот треба преку АКМИС - системот да определи судија што ќе го суди предметот и да одреди датум за почеток на главната расправа Со обвинението за пожарот во кој загинаа 62 лица а повеќе од 200 беа повредени, опфатени се 34 физички и три правни лица, а на почетокот на септември беше поднесено обвинение против уште едно лице, сопственикот на фирмата за обезбедување. Посебна истрага за десет полициски службеници од Кочани и Штип се води во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и засега нема информација кога се очекува да заврши и дали ќе резултира со обвинение.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисСинер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман. Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил. На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа: „Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“ На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик: „Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook