Живот Сè за раздорот помеѓу Хари и Вилијам! Клучниот настан се одиграл во 2019 година!Во својата нова книга „Дворјани: Скриената моќ на круната“, писателот Валентин Лоу обелодени еден од клучните моменти што одиграл важна улога во продлабочувањето на јазот помеѓу помладите кралски членови.Британскиот принц Хари, кој во последните години предизвика вистинска бура во кралското семејство и придонесе доста незгодни детали да испливаат во јавноста, во 2019 г. одбил да се сретне со својот брат Вилијам и со тоа го продлабочил раздорот помеѓу нив. Ова го откри британскиот портал „Сан“, повикувајќи се на информации од најновата книга за едно од најмоќните семејства во светот: „Дворјани: Скриената моќ на круната“, на Валентин Лоу, долгогодишен дописник на магазинот Тајм. . Според неговите тврдења, Вилијам пред три години се обидел да се зближи со својот брат и му испратил порака да се сретнат кога ќе се врати од патувањето во Јужна Африка, но настаните што следеле само ја продлабочиле кризата. Имено, Лоу тврди дека по враќањето во Лондон, Хари бил принуден да стапи во контакт со секретарот на Вилијам за да го праша каде е неговиот брат, што воопшто не му се допаднало. „Тоа го налутило Хари и повеќе не му паѓа на памет да разговара со својот брат“, вели Лоу во книгата, повикувајќи се на тврдења од неименуван извор. Освен тоа, Хари по секоја цена сакал да го сокрие фактот дека сакал да се сретне со својот брат и стравувал дека тимот на Вилијам ќе го пренесе тоа на сите медиуми. Очигледно му било важно да не се расчуе дека на кој било начин се обидел самоиницијативно да го реши проблемот кој во тоа време избувна само и исклучиво поради неговата сопруга, поранешната американска актерка Меган Маркл. Книгата на Лоу, исто така, наведува голем број други изненадувачки наводи за Сасексите од периодот кога биле членови на кралското семејство. - Вистинскиот хаос настана и откако принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон, беа на турнеја во Пакистан, кога Хари и Меган дадоа едно од првите експлозивни интервјуа од градината во Јоханесбург. Во разговорот со Том Бреби за телевизијата „ITV“, Меган откри како се бори со строгите правила на кралскиот живот како новопечена мајка, се сеќава Лоу. Маркл тогаш, да потсетиме, им се заблагодари на новинарите што ја прашаа како се чувствува, нагласувајќи дека тоа одамна никој не ја прашал, алудирајќи на фактот дека во кралското семејство се чувствува отфрлено и несфатено. И тогаш, Хари прв пат отворено одговори на прашањето на Бреби за односот со неговиот брат. - Сега сигурно сме на различни патеки. Како браќа, знаете, имате добри денови, имате лоши денови - двосмислено рекол младиот принц. Овие коментари на Хари и Меган ги налутија Вилијам и Кејт, кои ваквото однесување го сфатија како обид да се извалкаат нивните имиња. - Еден ден по емитување на интервјуто, Вилијам преку „Воцап“ го прашал својот брат дали може да дојде да се видат. Хари на почетокот бил среќен, но набргу откако дознал дека приватната секретарка на Вилијам знае за нивната средба, му рекол на Вилијам дека не сака да се видат поради стравот од протекување информации. Ваквиот потег им го скршил срцето на останатите членови на кралското семејство – се наведува во книгата „Дворјани“. Како што се открива понатаму, оттогаш комуникацијата помеѓу браќата се одвива исклучиво преку јавните канали, а не преку приватни врски и мобилни телефони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 26. август 2026 година Дневен хороскоп за среда, 26. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДраган Даниловски вечерва во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Драган ДаниловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
Шоу бизПоранешна ѕвезда на Дизни за Мајли Сајрус: „Ми велеше да ги средам носот и забите“Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато.Џордан Пруит, поранешна поп-пејачка која како тинејџерка настапувала заедно со ѕвездите на Дизни како што се браќата Џонас и Деми Ловато, ја обвини Мајли Сајрус дека ја малтретирала додека двете биле дел од светот на Дизни. Таа ги изнесе овие тврдења во коментар на Инстаграм, кој потоа стана вирален на Reddit и привлече големо внимание. Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато. „Мајли тогаш така се однесуваше со сите, вклучително и со мене“, напиша Пруит. Кога еден корисник ја замоли да објасни што наводно ѝ рекла Сајрус. „Мајли ми се јавуваше и ми оставаше непријатни пораки на телефонската секретарка. Таа и нејзината пријателка Менди ми велеа дека треба да направам операција на носот, да ги поправам забите и да си најдам кореограф“, напиша таа. Пруит, која сега има 35 години, додаде дека 33-годишната Сајрус била „бездушна“. Нејзиниот коментар собра повеќе од илјада лајкови, а претставниците на Мајли Сајрус не одговорија на барањето на Page Six за коментар. Таа претходно откри дека напишала песна за Мајли Ова не е прв пат Пруит јавно да зборува за Сајрус. Во март, таа откри дека својата песна од 2008 година „Boyfriend“ја напишала за неа. Во песната, таа ѝ кажува на друга девојка дека нема да ѝ го преземе момчето. Во тоа време се шпекулираше дека Пруит се забавува со Ник Џонас, но нивната врска никогаш не беше официјално потврдена. Сајрус и Џонас се забавуваа од 2006 до 2007 година. Ѕвезда на Дизни како тинејџерка Пруит е најпозната по нејзината песна од 2006 година „Outside Looking In“ и песната „Jump to the Rhythm“ од филмот на Дизни „Jump In!“. Како тинејџерка, таа сними два албума за „Hollywood Records“ на Дизни и беше на турнеја со некои од најголемите ѕвезди на Дизни во тоа време. Во 2012 година, таа се натпреваруваше во американската верзија на „The Voice“ со Кристина Агилера, а во 2017 г. се повлече од музичката индустрија. Во 2019 година, Пруит ги тужеше „Disney“, „Hollywood Records“ и нејзиниот поранешен менаџер Кит Томас. Таа тврдеше дека Томас сексуално ја злоставувал од нејзината 14-та година и дека компанијата не успеала да ја заштити. Во тужбата, таа изнесе сериозни обвинувања против Томас, тврдејќи дека тој сексуално ја злоставувал кога била малолетна и дека во една прилика ја дрогирал и силувал. „За жал, на големите компании на прво место им е продажбата, парите и музичките топ листи“, изјави Пруит за „Variety“ во тоа време. „Премногу често тие не успеваат да ги заштитат младите таленти за кои треба да се грижат. Разочарана сум што „Disney“ ги третира своите малолетни ѕвезди исклучиво како извор на профит.“ Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook