3Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
Веб ТВ„Само Вистина“ со Габриела Илиевска и Љуљзим Фаризи - 27.03.2026 - 2 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во ОхридОпштина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата. Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите. За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посети градоначалникот Георгиевски, кој им честиташе за остварените резултати и им посака уште многу успеси во иднина. Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени. Со ваквите проекти, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања. Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок.Тагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестицииМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата. Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции. Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор. „Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска. Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима. Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Тепачка на трибините на мечот Иран - Нов ЗеландГолема навивачка тепачка го одбележа натпреварот од Светското првенство меѓу Иран и Нов Зеланд одигран во Лос Анџелес. Првото коло од Светското првенство донесе интересен дуел меѓу Иран и Нов Зеланд, кој на крајот заврши без победник со резултат 2:2. Нов Зеланд двапати имаше предност во текот на средбата, но Иран се врати двата пати и успеа да освои вреден бод на почетокот од Мундијалот. Иако двете селекции имаа свои можности за победа, на крајот мораа да бидат задоволни со поделбата на бодовите. Покрај на зелениот терен овој дуел бил интересен и на трибините. WATCH: IRANIAN MONARCHISTS CAUSE MASSIVE BRAWL DURING IRAN’S FIRST WORLD CUP MATCH AGAINST NEW ZEALAND pic.twitter.com/JkjQwYBxNv — Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) June 16, 2026 По натпреварот се појавија видеа од инциденти на трибините, каде што беа снимени судири меѓу навивачите, што фрли дополнителна сенка врз воведниот натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook